Среда, 23 Јануари 2013   
Говор на професорот Нестор Огинар на семакедонскиот протест „Македонците од светот, за мир во Македонија“

(Њујорк, 26 март 2001 година)

nestor-oginar“Драги мои Македонки и Македонци,

Утринава ми се јави сестра ми од нашето Тетово кое што е во грчот на воените судири помеѓу македонските одбрамбени сили и бандите на теророт со етничко албанско потекло од Косово чија што цел е насилно уривање на македонската држава. Ми рече, ти посакувам многу среќа на протестот. Поздрави ги сите наши Македонци и кажи им го следново: “Ноќеска сонував како мама дојде до мене... и ми рече:

“Ќерко не бегај од дома, не напуштај ја куќата, не оставај го Тетово! Тоа е наше и секогаш ќе остане наше! Не оставај го гробов мој и од татко ти каде коските ни лежат! Дојди што побргу да запалиш свеќа и да истуриш вода на гробот. И ми рече сестра ми: “Брату се облеков и отидов, си реков ја нема таа сила што ќе ме одвои од  домот мој и од гробот на родителите мои”.

Тетово е мој град, јас сум Македонка и останувам во него!”

Македонец сум, етнички Македонец. И припаѓам на прекрасната македонска нација и горд сум на неа. Не се фалам со тоа. Ниту пак се чинам поарен од другите, но не и полош. Единствено чинам дека сум им еднаков на сите.

Не се чувствувам загрозен од постоењето на други етнички групи околу мене и се плашам зошто некои луѓе се чувствуваат загрозени од мене. Загрозени дури до таа мерка што се плашат дури и името да ни го изговорат. Го чувствувам ова често пати во последно време, посебно во западните медиуми, а поконкретно во Тхе Нењ Ѕорк Тимес или во Тхе Финанциал Тимес од Лондон.

Се прашувам зошто некои новинари кои што известуваа од фронтот ме викаат мене и моите сограѓани “Славс”. Кој  им го даде тоа право? Од каде ја добија таа информација? Би сакал да ги потсетам дека кога не нарекуваат “Слав” го бришат од мене мојот македонски етнички идентитет. И така со тоа, ми го узурпираат моето основно човечко право. Правото што ми е дадено од Господа Бога мене преку моите предци. Моето суштинско човечко право да бидам она што сум, она што моите родители беа, она што моите деца се, она што моите внуци ќе бидат.

Кога читам или пак слушам дека во Македонија живеат етнички Албанци, етнички Турци, етнички Власи, етнички Роми и “Славс”, се прашувам: Што се случи со моето постоење? Со постоењето на мојот народ? Како е возможно ние Македонците наеднаш да исчезнеме во огромното море на “Славс”?

Не’ има 74% етнички Македонци во Република Македонија, убедливо сме во мнозинство, а сепак, според  некои известувачи ние Македонците не постоиме. Кога новинар како Стиви Еарлангер или Карлота Гал или Јане Перлез од Тхе Нењ Ѕорк Тимес како и Карен Хопе од Тхе Финанциал Тимес од Лондон и многуте од ББЦ пишуваат за војната во и околу Тетово, тие секогаш наоѓаат причина да цитираат етнички Албан-ци. И потоа како по некоја формула не нарекуваат нас Македонците кои што живееме на тие простори со илјада години “Славс”.

Ме викаат “Славе” платени новинари, дојдени од некаде, а се што знам за себе е дека како дете додека играв по оние села на Шар Планина што сега ги газат терористички банди од Косово и Албанија, јас секогаш знаев за себе дека сум Македонец. Би сакал да ги потсетам тие новинари и целиот свет дека имињата на оние села каде што додека говорам се водат жестоки борби се чисто македонски: Тетово, Селце, Лавце, Лесница, Вејце, Танушевци, Луково... Нека погледнат господата новинари во речниците и веднаш ќе сфатат дека овие зборови се дел од македонскиот јазик, дел од македонското кирилично писмо. Што значи овие места биле основани од Македонци кои што за жал морале да ги напуштаат своите огништа, како што и сега ни се закануваат помогнати од надворешни сили коишто отсекогаш, веќе повеќе од еден век го чистат благородниот македонски народ и од Егејска Македонија и од Принска Македонија и од Беломорјето и од делот во Албанија и Србија....

...Се прашувам: дали таквите новинари и слични на нив се свесни колку ја навредуваат мојата гордост и ми го одземаат моето основно човечко право да бидам она што сум етнички Македонец? Би сакал да ги потсетам дека ваквото неодговорно и пристрасно однесување само ги ослободува страстите на оние луѓе околу нас, коишто сонуваат за проектите на големи држави се’ врз сметка на Македонија.

И слушам веќе од поодамна толку многу како човечките права на етничкото албанско малцинство кое што вистински не е поголемо од 16% е неадекватно. Каква иронија! Каков Парадокс!  Какво извртување на вистината! Каква срамота!

Како што и самите денес гледате драги мои Македонци, мои американски пријатели, мои пријатели од светот, ние тука денес имаме само една заедничка мисија: да го заштитиме и зачуваме мирот во Македонија, за да ја зачуваме Македонија заедно со нејзиниот народ за да може да живее со безброј генерации во таа прекрасна, древна и библиска земја. Македонија е колепка на една стара цивилизација, ко-лепка на бесценети културни, археолошки и духовни богатства. Македонија е земја на цркви и манастири. Македонија е идеал, а и идеја за мирен и спокоен живот на луѓето во неа и ние тоа мораме да го овозможиме во неа. Ние сме сите мисионери на една заедничка мисија: да не дозволиме Македонија да падне жртва на злите планови на терористички банди, на подбуцнувачи на војна, на шверцери со оружје, дрога и бело робје коишто ги кријат своите подли намери зад слоганот: “Борци за слобода на етничките Албанци”. Сега на сите нам ни е јасно, како што и на целиот свет му станува јасно дека се’ што сакаат тие и оние сили што стојат зад нив, е да ни ја земат Македонија и да ја приклучат кон големо Косово или пак кон Голема Албанија, а нас да не’ остават сирачиња во сопствената ни земја. Албанската грандоманија е толква што тие би живееле и во Албанија, и во Косово, и во Црна Гора, и во Македонија, и во Грција, и би ги вплотиле сите овие територии во една. Ние не смееме ова да го дозволиме. Ние ќе се спротивставиме на ова зло со сите сили.

Ми паѓа на ум светиот апостол Павле и неговата мисионерска работа во Македонија како што е забележана во Библијата во Новиот Завет во книгата Акти, 16/10, се вели дека: “Еден лик му се јави на сон на свети Павле ноќта, пред него стоеше Македонец и го молеше велејќи: дојди во Македонија и помогни ни”!

Јас сум тој Македонец што го повика свети Павле: “Дојди во Македонија и помогни ни”! Јас од тука, сега му велам на светот, на Обединетите нации, на Европската унија, на светот: Дојдете кај нас во Македонија да ни помогнете! Помогнете ни заедно да се бориме против ова големо зло, овој голем албански национализам што се заканува  да ја уништи оваа наша прекрасна земја. Бидејќи сега веќе нема двоумење дека Македонија, нејзиниот народ и демократијата во неа се киднапирани од бескрупулозни банди на терористи чии што боен повик е: “Ќе ја изгориме Македонија додека и последниот Македонец не побегне од неа”. Изговорени неодамна од нивниот самоименуван командир. Затоа ние велиме од тука: Македонците не смеат да ги напуштаат своите огништа. Ќе мора да останат и да му се спротивстават на злото. Ние Македонците нема да допуштиме, нема да дозволиме ниту една педа да ни биде одземена од нашата света земја, ниту еден збор да биде изменет од Уставот.

Јас ја гледам Македонија денес како метафора на митскиот Прометеј закован врз карпата на животот затоа што се обиде да му помогне на човештвото. Ние Македонците сме тој Прометеј, ние им помогнавме на повеќе од 400.000 косовски Абанци во неодамнешната војна. Замислете ја огромноста на бројката на Албанците што се слејаа во Македонија само за неколку недели.

Кога на Албанците им требаше итна помош, мојот народ ги отвори своите срца и им помогна, страдајќи со нив. Се сеќавате ли? Кога кризата се заврши многу од нив се вратија. Многу и останаа. Тие секако не сакаа да се вратат во неизвесностите на Косово и Албанија. НАТО дојде и тие уште повеќе се охрабрија. Толку многу што ни се закануваат од нас да ни ја оттргнат и нашата сопствена земја. Го прават тоа со уцени, со воени, политички и партиски притисоци, со лаги и со обиди да ја вклучат и Меѓународната Заедница и да ја менат суштината на демократијата со тоа што посегаат по Уставот да го менат.

Ви го порачувам следново: македонскиот Устав е супремен документ, чувар на демократијата и на демократските институции во земјата и како таков тој не е предмет на уцени, махинации и манипулации од било кој. Без Уставот ние Македонците ќе останеме без нашата земја. Тоа не смее да ни се случи. Зарем е тоа благодарноста со која што Албанците ни враќаат? Зарем е тоа благодарноста со која што светот ни враќа за тоа што како народ секогаш сме биле со топло срце и душа спремна да помогне секому?

На Македонија од нејзиното осамостојување никогаш не и била дадена шанса потполно да се опорави. Се’ што добивме досега се празни ветувања и недоволна помош од Меѓународната Заедница и ништо освен барања, провокации, уцени од страна на етничкото албанско малцинство.

И сега, јас би ги прашал моите албански пријатели: “Што и дадовте вие на Македонија од времето на нејзиното осамостојување освен бескрупулозни барања за концесии? Што придонесовте вие досега за доброто на нашата заедничка земја? Што се случи со идеите за интеграција, адаптирање, вплотување како што тоа се случува во сите западни демократии? Зошто не го следите примерот на Европската унија или на Америка кои што сакате да ги манипулирате за остварување на вашиот вечен сон да ја поделите Македеонија. Во сите тие земји, сите луѓе со разни етнички позадини живеат во единство “е плурибус унум”. Престанете со тие мрачни соништа за држава на сите Албанци во една. Ајде заедно да ги искорениме сите општествени зла кои што и’ се зака-нуваат не само на Македеонија и на Балканот, а тоа се немаштија, невработеност, корупција, подмитливиост, криминал, експлоатација и нови форми на ропства. Зарем мислите дека патот до заедничкото добро е преку автоматската пушка и бескрупулозната уцена?

Ајде да бидеме одговорни, толерантни и широкогради. Наместо себични, етноцентрични и милитантни. Ајде да бидеме одговорни и да ги почитуваме силите на динамиката на демократијата каде што владее законот и редот на мнозинството. Да нема повеќе раздори во Македонија. Ние Македонците знаеме што се поделби и страдања. Ми-натиот век не научи многу. Ние Македонците се сеќаваме на сите зла што произлегоа за нас од Берлинскиот конгрес, од Санстефанскиот конгрес, од Букурешкиот договор. Ние бевме првиот балкански народ што беше етнички исчистен од нашите прататковски огништа од соседните земји. Тогаш никој не ја осведочи нашата трагедија, никој не пролеа солзи за нашата национална голгота. Останаа само горките сеќавања за топлината на огништата што ги оставивме.

Ова парче земја што ние сега го имаме отелотворено во Република Македонија е нашето последно збежиште, нашето последно острово на коешто преживуваме во опкружувачкото море на балканските бури. Оттука ако одстапиме, ние тонеме во темнините на бездната. И затоа ќе го чуваме ова парче света земја со сите сили, со сето срце со сета волја за сите генерации на Македонци што треба да дојдат.

Македонија е наша единствена и последна надеж!”

Говор на проф. Нестор Огинар на семакедонскиот протест  “Македонците од светот за мир во Македонија”, Њујорк , 26 .III. 2001

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.