Среда, 20 Октомври 2021   
Македонија како римска провинција

Map_Macedonia_provinceД-р  Иван Алексов

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

(од праисторијата до почетокот на 21 век)

 

ПОРАЗ  НА  ПЕРСЕЈ  И  МАКЕДОНЦИТЕ  ОД  РИМЈАНИТЕ  ВО  БИТКАТА  КАЈ ПИДНА  ВО  ТРЕТАТА  МАКЕДОНСКО - РИМСКА  ВОЈНА

(22 јуни 168 година п.н. е.)

 

Еден заостанувал за да си ги врзе чизмите, други за да го искапе коњот, трет за да ја ублажи својата жед. Кралот ( се однесува на кралот Персеј, н.б.) беше слегол и го водел својот коњ за уздата, за подобро да зборува со своите пријатели.

 

Т. Лив., ЏЛИВ, 43.; Плут., Аем., п. 267;

 

 

ЈУСТИН: ПОД ВЛАСТА НА РИМЈАНИТЕ МАКЕДОНИЈА СТАНА СЛОБОДНА

 

Веднаш штом се најде под власта на Римјаните, откако во секој град беа избрани државни службеници, Македонија всушност стана слободна, та законите кои до денес се на сила, таа ги дои од Паул (Ајмелијан,н.б.).

 

Јуст,ЏЏЏ,2

 

 

ТИТ ЛИВИЈ: ПОБЕДНИКОТ ПАУЛ АЈМИЛИЈ ПРИСТИГНА ВО ПЕЛА

ДАВА ОПИС НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА

 

Пристигна (се однесува на римскиот војсководач Ајмилиј Паул,н.б.) во Пела, која како што забележа, не без причина била одбрана за кралски дом. Пела е распоредена на рид, свртен кон студениот запад; обиколена од длабоки мочуришта што не можат да се прегазат... Зашто се плавени од реки. Во мочуриштето што е најблизу до градот, како остров се исправа тврдината на Факос, сместена зад голем и макотрпно нафрлан на-сип што го крепи ѕидот... Се чини дека некаде наблизу, тврди-ната е поврзана со градот; меѓу нејзините ѕидини тече река, а двата дела се поврзани со мост, така што можниот надворешен освојувач не би имал пристап ниту од една страна, а ако пак, кралот таму затвори некого, овој не би имал од каде да избега, освен преку мостот, што може многу лесно да се чува.

 

Т.Лив., ЏЛИВ,46

 

ПЛУТАРХ:  ПРЕД  АЈМИЛИЈ  ПАУЛ  ДЕФИЛИРА  БОГАТСТВОТО  НА МАКЕДОНСКИТЕ  КРАЛЕВИ

 

Првиот ден ги носеле сребрените кратери (големи садови за вино, н.б.), пехарите во облик на рогови, шишињата, чашите, сите наредени за да се покажат, забележливи по нивната големина и убавината на нивната резба. Вториот ден се носеле светата чаша од масивно злато, тешка десет таланти, збогатена со драгоцени камења, дело направено по наредба на Ајмилиј Паул; потоа вазните што ги нарекувале антагонидиски, селевки-диски, териклаејски... (златни чинии на македонските кралеви, н.б.).

 

Плут. Аем.33

 

МАКЕДОНИЈА  ПОД  РИМСКА  ВЛАСТ  Е  АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНО  ПОДЕЛЕНА

 

Главен град на првото подрачје е Амфиполис, на второто Тесалонике, на четвртото Пелагонија...

Третиот дел, од исток, е омеѓен од реката Аксиј, а од запад со Пенеј, кон север, се извишува планината Бора. Во овој дел влегуваат и Едеса и Бероја. Кон овој дел е надојден и делот на Пајонија што се протега на запад, долж реката Аксиј...

...Исто така да не се користат рудниците на сребро и на злато...

 

Диод. Сиц. ЏЏЏИ,8,7

 

ТИТ  ЛИВИЈ  ЗА  ТРЕТАТА  ОБЛАСТ  ВО  МАКЕДОНИЈА

 

Третата област ги опфаќа славните градови Едеса и Бероја, како и воинственото племе Ветијци (Ботиајци); има и многу доселени Гали и Илири, земјоделци... (а имало и Тракијци и Дарданци, н.б.).

...Третиот дел, што од исток го омеѓува е Аксиј, а од запад реката Пенеј.

 

Т. Лив., ЏЛВ, 30, 32

 

РИМСКИОТ  СЕНАТ  ИМ  ИЗРЕКУВА  ЗАБРАНИ  И  ОГРАНИЧУВАЊА  НА МАКЕДОНЦИТЕ

 

Ниту да се женат, ниту пак да тргуваат со земја или градби со некој што доаѓа надвор од границите на нивната област...

...На Дарданците им дозволил да купуваат сол од Македонија, а за да можат Дарданците полесно да се снабдуваат со сол, на третатата област, каде имало најголемо изобилство на сол им заповеда солта да се собира во Стоби...

 

Т. Лив., ЏЛВ, 32

 

ПРЕСТОЈ  НА  ПОМПЕЈ  И  НА  ГЛАВНИОТ  ШТАБ  НА  РИМЈАНИТЕ  ВО МАКЕДОНИЈА

 

Неговата коњица била цветот на Рим и на Италија, тоа биле 7.000 коњаници, препознатливи по нивното раѓање и нивното богатство, како и по нивната храброст. Неговата пешадија создадена од војници собрани од сите делови, требало да се дисциплинира, во текот на престојот во Берхоја тој ја натерал да ракува без одмор. И тој секогаш во дејство, се оддавал на истите вежби како војниците... Секој ден во неговиот логор доаѓале кралеви и принцеви од сите народи, а римските војсководци што го опкружувале биле во толку голем број што велеле дека има целосен сенат... Лобиен и тој дошол... Брут... Дури и Цицерон... Тидиус Секстиус, човек што отишол да и се придружи на војската во Македонија...

 

Плут., Помп., ЛЏ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.