Среда, 10 Април 2013   
Аристотел во науките и филозофијата (II дел)

Ангелина Маркус

aristotelisВо деветнаесеттиот век, во Египет, во гробот со една мумија, во папируси, најдено е делото на Аристотел за „Уставите на државите“. Тој е папирус како оние други 840.000 во Александриските библиотеки. Веднаш е погрешно преведено како да е дело за атински устав. Аристотел ги истражувал уставите на 46 градови држави за да ги спореди со законите на македонската држава. Од тоа дело “Атински устав” (?) може да се напише вистинската историја за Македонија, пишувана во време кога Аристотел со фалангата и неограничената власт на Антипатар, прв пат престојувале во Атина. Во Египет, во македонските гробови на Птоломеите се наоѓаат папируси од македонски филозофи, по традиции во погребувањето, како што е најдено парадното оружје, сонцето, монетите и с# друго што му припаѓало на Филип II и царската лоза во гробниците во Еге и Пела. Стелите, обеликсот, градбите и целата археологија со каменот на Розета и писмото им припаѓаат на Македонците, филозофите и царот.

Ако земеме во рака кое било друго дело од Аристотел по прочитувањето не изненадува мисловноста, не изненадува и содржината колку е различна од изворното значење. На пример, делото „Никомахова Етика“ изобилува со анализа на сите морални норми што важат за царот и народот. Тие морални норми, Аристотел, татко на етика и естетика, така ги изложил што добиле општочовечко значење со неогранична примена во новиот завет и буржоаскиот морал. Пријателството, доброто, праведноста, вистинитоста, храброста и сите други доблети, не само теоретски, туку во и од пракса црпени се од македонската реалност. Грците денеска се лепат за Македонци и пак остануваат без доблест. Агресивно се закануваат, навредуваат и со сите аморални начини ги рушат принципите на меѓународното право, воспоставено од Филип II низ македонското искуство и од Аристотел, научно образложено во Етиката и Библијата, како признание за Македонија - библиска земја.

Ако се земе во раце и се прочита „Поетика“ ќе се види колку Аристотел мислел и пишувал на македонски начин. Поетика не е апстрактно филозофско дело, толку јасно, Аристотел не насочува на чување на континуитет на древноста до сегашното живеење и не е во нас ништо туѓо да го прифатиме неговото влијание и еве, да го изразуваме во пишување.

Во „Поетика“ за прв пат дошло до израз естетското како теоретско образложување во уметничкото изразување на делата од било која гранка на творештвото. Аристотел направил најопсежна анализа на „Илијада“ и „Одисеја“ и ги насочува Еврипида, Есхила, Аристофана да ги прават делата во изведбата по македонските театри што подостапни за сите слоеви на народот, не само за Александар, да спие на „Илијада“ како на перница, што го потсетувало на македонството до Индија. Одете, ритамот, целокупниот фолклор, пеењето, прославите, од тогаш, од Аристотел опишани, ги влечат корените на македонските уметности. Поетика е најраспространета и најизучувана од било кои други трактати за уметноста, - пишува во „Литературнаја енциклопедија“ том I, Москва 1930 година. Најголем број расправи не само во Русија и во цела Европа што се пишувани се однесуваат на трагедијата, онака како што ги внел Аристотел во теорија и практична изведба.

Во делото на Аристотел „Политика“ се зборува за сите видови на владеење и ја акцентира монархијата од Македонија прославена во цел свет. Во неа, во македонското царство припаѓа Аристотел како идеен водач и претходница на Александровата македонска држава.

Делата: „Устави“, „Никомахова етика“, „Поетика“ и „Политика“ достапни се за читателите во изворна форма. Другите дела од областа на логиката, природните науки, економијата, психологијата, социологијата, претставуваат составен дел на учебниците во сите три образовни круга на образованието што ги воспоставил уште Аристотел во своите школи, како концентрични кругови, што се прошируваат до врвот на научното творештво на теоретските науки и нивната практична примена.

Погрчувањето на Аристотел невозможно е да го докажуваат целосно или етапно, затоа избрале најлесен празен начин со присвојување на името. Тоа не значи дека ќе ги приграбат сите македонски придобивки што ни ги оставил нам со сите аргументи што ни припаѓаат. Логиката ни ја дал Аристотел и не` потсетил дека е света должност да се даде предност на вистината. Ние ја застапуваме и логиката и вистината како свое македонско наследство.

За да се афирмира македонската филозофија потребно е да се исчисти Аристотел од сите туѓи наслаги, тиња. Заради обемноста на работата треба да се ангажираат повеќе луѓе од сите подрачја до каде што се простира научната активност на Аристотел и простирањето на македонската држава на Александар. Само така ќе си го одбраниме името, знамето, државата, народот, сега кога најмногу сакаат да не избришат со сите значајни настани во светската историја заедно со поимот Македонија.

Многу филозофи, историчари и научници од разни земји се занимаваат со проучување и преведување на делата на Аристотел.

Според тестаментот, Аристотел библиотеката му ја заветува на Теофраст, овој на Нелеј (синот на Кориско) и долго ја криеле и сепак, книгите на Аристотел стигнале во Атина. Таму, како што наведува Ѓуриќ, биле препишувани и пополнувани на погрешен начин. Тогаш и Платон прв пат се доведува во врска со Аристотел. Од Атина, Аристотеловите дела во Рим ги однесол Сула, каде што претрпеле нова редакција на преправање што не запира с# уште до денеска.

Другата, поверојатна верзија е дека од Нелеј сите Аристотелови списи ги откупил Птоломеј Филаделф, основач на Александриската библиотека и ги сместил таму. По Страбон и Плутарх (Сула 26) основа за Аристотеловите дела што ги публикувал Андроник од Род, биле тие дела на Аристотел со кои се служеле сите Перипатеичари и филозофите Стоичари, до Лукрецие Кар и Марко Аврелие преку Епиктет, кој што од Александрија во Рим, ги однел списите во оригинал.

Во секој случај судбината на Аристотеловите списи е да се најдат во каталогот што го изработил Хермип во Александриската библиотека и како припадник и следбеник на Аристотеловата филозофија да ги шири неговите дела по сите библиотеки во Александриите и другите македонски градови. До чист, изворен Аристотел треба да се трага со критичен став. Краток е човечкиот живот да го посветиме само на проучување на Аристотел, потребни се генерации да продолжуваат во такво истражување. Македонци да го прават тоа, да се покрене лавина со уништувачка енергија насочена кон самозаштита. Најзборливи се самите дела на Аристотел кои ги полнеле светските библиотеки.

Голем е обемот на Аристотеловите списи. Ќе наброиме некои наслови класифицирани во четири групи: Органон, за природата или Физика, Метафизика и списи етички, политички, економски и естетички.

Логичките списи познати како Органон, како орудие за мислење. Аристотел ги сметал за најважни, ги обработил во шест дела со 16 списи. Логиката од Аристотел се изучува во целост дури со истите примери од негово време со две премиси и конклузно. (Сите луѓе се смртни, Сократ е човек, Сократ е смртен). Ги образложил категориите, речениците, заклучувањето, за доказот и дефиницијата, индукцијата и софизмите и паралогизмите како грешки од погрешно претставените премиси. Во  логичкиот квадрат укажува дека нема вистинитост ако се тргне од универзално позитивен кон партикуларно негативен суд. Укажува на контрарност, дисјунктивност и хипотетичност на поставените судови и ставови од кои однапред се знае какво ќе биде движењето на мислењето. Дали од поимот може да се изведе суд и дали заклучокот ќе претставува нов поим, вистина, ново сознание.

Категориите како најопшти поими не може да се дефинираат како другите поими со подредување под обем и содржина. Аристотел ги наброил десетте категории и ги дефинирал, доведувајќи ги до меѓусебни врски.

Материја е постоење во простор и движење во време.

Нема движење без материја и нема материја што не се движи, како апсолутност на постоењето и релативност на мирувањето. И тоа на овој начин:

Запрашан, Ајнштајн како би ја дефинирал материјата, одговорил дека нема ни формула ни дефиниција за материјата и дека тоа треба да го сторат филозофи. И Ајнштајн бил свесен за контемплативното понирање на Аристотел кон апстракциите исто како кон чулната реалност.

Во Физика или Природа во осум книги Аристотел ја направил најдобрата класификација. Поимот за физика кај Аристотел е многу поширок од модерниот поим и содржи други 14 подрачја со уште поголем број на книги во секој дел од нив, вклопувајќи ја и космологијата. Пишува за небото и астрономијата, хемијата, метеорологијата (кометите, ветровите, земјотресите, морските појави).

Продолжува

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.