Среда, 17 Април 2013   
Аристотел во науките и филозофијата (III дел)

aristotelisЗа Аристотеловите списи за космосот се мисли дека се од Посидоние (Посејдон) од стоичката филозофија во I век пред  Христа во време кога се прекласифицирале и препишувале делата  на Аристотел за библиотеките.

Во делот за зоологија во 10 книги пишува за анатомија и физиологија, област добро позната од медицината на татко му во Пела, кога Никомах бил личен лекар на Аминта и прв учител на Аристотел. Во делата за животните и билките во 13 книги, Аристотел направил систематизација на 800 животни и многу билки за кои се знае дека згинале, ги знаеме според тоа како ги опишувал Аристотел. Во списите за душата спаѓаат разни расправи од областа на психологијата со иста терминологија во употреба и во денешните науки како перцепција, инервација и карактери, сингвиник, колерик, флегматик, меланхолик. Физиолошката подлога на карактер ја доведува во врска со психолошката состојба на карактерот на глумците во трагедиите, играни во македонските театри. Маската за Аристотел е личност што го изразува чувството кај глумецот.

Посебни книги има за паметењето и сеќавањето, сонот и друго. Списи за физиономиите, за боите, вестите, говорите и сите ги поврзува со театрите.

Во зборникот за разни прашања има 38 книги со разни теми: природонаучни, математички, литературни, музички, списи за механика, за геометрија, за с# што се манифестира како природа. Аристотел го набројал и образложил сето тоа што претставува содржина во многу науки во современите учебници.

Во третата група списи, кај Аристотел именувани како Прва филозофија, Андроник во зборникот ги нарекол Метафизика, во неа се изложени филозофските принципи во склад и со логички и со списите од природата, етичките, естетските, политичките списи. Целокупната поврзаност на светот кај Аристотел доаѓа во филозофијата за да покаже дека заеднички се законите и во природата и за природата и човекот. С# се движи кон вистината образложена во логиката како наука за мислењето. Во оваа група на списи Аристотел ги средил учењата на сите претходни филозофи и побивањето на Платоновите идеи.

Во целата таа обемност на истражувачката дејност, Аристотел во списите за филозофијата, наишол на најтешкиот дел заради многубројните апории, нерешливи противречности, што ги затапувале и неговите претходници.

Тие 12 книги од областа на филозофијата ги расчистиле сите проблеми и не оставиле ништо што не било опфатено од Аристотел. Тука, со Аристотел, завршува оригиналното филозофско сфаќање на светот и продолжува еклетика, својствена на општества во пропаѓање. Прогресот на македонската држава го одбележа напредокот со големи системи застапени во науките и филозофијата. Нив ги создаде Аристотел со Македонците.

Во четвртата група на Аристотеловите книги спаѓаат Етичките списи, воглавно  десет книги за Никомахова етика и седум книги на етика на Еврем кој што бил Аристотелов ученик и ги издавал книгите на Аристотела. Тоа го работеле во Гимназионите и многу други негови ученици како Теофраст, Мемнон, Нелеј; сите тие работеле под раководство на својот учител Аристотел што го насочувал и образованието и научното истражување во Македонија и светот.

Списите од Политика во осум книги веќе ни се добро познати. Во тестаментот Аристотел го искажал македонското фамилијарно и наследно право како основа за државата, претходните држави, уставите, законите и политичката сигурност и заштита на општествениот живот на сите слоеви во Македонија, како “земја без робови”, како што ја нарекол Демостен во огорчените говори - “Филипики”.

Списите за економијата ни даваат основни поими за стока, трговија, монетите, ценејќи го човечкиот труд како заедничка мера за различните употребни вредности и нивно изедначување во размената. Кога Филип II направил монетарен удар од светски размери, Аристотел тоа најдбро го разбрал и во двете книги за македонската економија ги дал теоретските поткрепи, први од таков вид во античкиот свет, за значењето на економијата во остварувањето на политиката на држава што брзо и силно зајакнува, каква што била Македонија. Како можело да се обезеди храна за толку народ, како можело да се произведува толку копја и штитови, како можело да се изградат толку градови без економија и науките на Аристотел? Незамисливо, неостварливо. Лесно му било на Александар да го освојува светот со подготвеноста и среќата што му ја дале Филип и Аристотел.

Богатствата во Македонија се должат на производството на секој човек, фамилиите и државата, користејќи го изобилството на природното богатство. Аристотеловата заслуга се состои во тоа што го посоветувал Филипа со парите да го зголемува богатството. Тие златни статери на Филип и Александар ги покриле потребите за размена во светски размери. Маркс му оддава признание на генијалноста на Аристотел што прв ја согледал еднаквоста на вредноста на различните производи. На таа генијалност на Аристотел е изградена економската и политичката моќ на сите македонски држави, во продолженото егзистирање на вековно и милениумско македонство.

„Човекот по природа е политичко битие“. Аристотел со тоа ја нагласил потребата на единката да живее во заедница со државата и не во било која држава туку на Александровата македонска икуменска држава.

Со Естетички списи ќе ја заокружиме целината на позначајните дела на Аристотел според пописите останати од неговите следбеници Теофраст, Нелеј, Птоломеј, Андроник, Хермип, Еврипид и многу други филозофи.

Тука спаѓаат три книги од Реторика, две од Песничката уметност и с# што се однесува на делото Поетика, сите естетски норми и максими како и поговорките распространети како поговорки собрани од Марко Цепенко што се гледа како народното творештво ги вади изданоците од Аристотеловите корени на целокупното свесно творештво во Македонија.

На реториката и беседништвото треба да им посветиме посебно внимание како на Аристотел и сите филозофи што го опкружувале. Тие се обновени рапсоди од Илијада и Одисеја. Тие не можеле да ја изложат филозофијата како предавања, ниту можеле да ги научат царските другари како да држат говори пред фалангата и народот, пред битки и пред свеченост и со говори. Македонците тргнуваа со својот цар ако умеел да ги убеди во своите аргументи со убаво одржани говори. На Хидасп во Индија, Александар не ја убеди војската да го продолжат патот по сонцето туку генералот Кратер го убеди Александр за да се врати фалангата во Македонија. Дарбите за говорништво им припаѓала на кралевите првосвештеници, на учителите, на филозофите, Софистите. Од таму таа долга традиција на беседништво во Македонија.

Аристотел, самиот бил ретор, многу научил за стилот, за целта, за начинот како да се искажат проблемите со јасност и вистинитост. Потоа, тоа сознание го пренел на сите што филозофијата ја изложувале со говорништво. Напишал и книга за Реторика.

Во Македонија отсекогаш бил присутен систем на населби и градови со народ, војска, право, наука, религија, уметност, филозофија. Тој организиран систем на живот во Македонија го наследил, го живеел и го предал на идните генерации, Аристотел во организација на самата македонска држава. Првиот чекор што Аристотел го сторил е во реторската школа во Лариса и Пела, заедно со Филип и генерацијата идни Филипови генерали.

Ангелина Маркус

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.