Среда, 17 Април 2013   
Македонски иселенички печат (I дел)

„МАКЕДОНСКИ ЖИВОТ“ - ВЕСНИК НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

(Престон, Викторија, април 1974 година)

vesnik240(Весникот “Македонски живот” е орган на Македонските православни црковни општини “Св. Илија” од Фуцкрај  и “Св. Никола” од Престон, Викторија (Австралија), печатен на македонски јазик, во прво време на латиница, а потоа на кирилица)

„Македонската емиграција на  австралискиот континент датира уште од пред четириесетина години. Во овој период, од година во година бројот на емигрантите сеж повеќе се зголемува, така што денес се претпоставува дека има повеќе од 80 илјади Македонци. Со зголемувањето на бројот на Македонците, се јавува потребата за културно-просветен и забавен живот, како и за информирање. Секој добронамерен потег на овој план беше дочекуван со големо задоволаство. Меѓутоа, сите тие весници завршувале со неуспех. Затоа, Редакцискиот колегиум составен од просветни работници, а под покровителство на Македонските православи црковни општини „Св. Илија” од Фуцкрај  и „Св. Никола” од Престон одлучија да го издаваат весникот „Македонски живот”. Во почетокот ќе излегува на 12 страници, а потоа тој број ќе се зголемува и ќе има формат како весникот „Сонце” („Тхе Сун”)”.

„Македонски живот”, бр.1, април 1974, Престон, стр.1

 

ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКА ВИСТИНА” ОД ТОРОНТО(Торонто, мај 1974 година)

(Весникот „Македонска вистина” е орган на Македонското национално ослободително движење во Канада (МНОД), печатен на македонски јазик)

„Движењето за обединување на Македонија се бори за национално ослободување и обединување на Македонија во самостојна држава. Помогнете ја, според вашите можности, неговата национална дејност, станете негови борци, членови или симпатизери. Ширете јанеговата национално-ослободителна идеологија меѓу своите македонски сонародници, како внатре во Македонија, така и сред Македонците во странство.Докажете дека сте достојни синови на вашите дедовции татковци, кои и крв пролеале за независност и самостојност на Македонија”.

„Македонска вистина”, мај 1974 година, Торонто, стр.1

 

„ИЛИНДЕНСКИ ВЕСНИК” ОД СИДНЕЈ(Сиднеј, јули 1975 година)

(„Илинденски весник” е гласило на Македонско-австралиското културно-уметничко друштво „Илинден” од Рокдеил, печатен на македонски јазик, со латинично писмо)

„Како прилог на настојувањата и желбите на членовите на друштвото “ Илинден” да ги прибере младите и со заеднички сили да се негува она што е и најмило и најсветло: нашиот јазик, нашиот фолклор, нашите стари добри македонски обичаи, а и како прилог на прославувањето на Илинден, како еден мал обид да се оддолжиме на нашите великани кои живееа и паднаа за Македонија, се роди овој прв број на „Илинденски весник” во Рокдеил. Се очекува весникот да биде прифатен од доселениците како свое гласило и трибина. А тоа се покажа со бројните донатори што го помогнаа излегувањето на весникот...”

„Илинденски весник”, бр.1, 1 јули 1975, Сиднеј, стр.1

 

„ВЕСНИК” НА МАКЕДОНСКИТЕ ОПШТИНИВО АВСТРАЛИЈА(Перт, 2 август 1976 година)

„Се навршија 73 години од Илинденското востание, кога Крушево беше слободно и се прогласи Крушевската Република. Меѓутоа, освен во Република Македонија, Македонците во Бугарија и Грција не ги уживаат националните и црковнодуховните права и врз нив се врши познатата врховистичка политика, а во Егејска Македонија грчките власти го изложуваат македонското население на жестоко национално угнетување...”

„Весник”, бр.1, 2 август 1976, Перт;С.Николовски-Катин, Македонскиот иселенички печат..., стр.49

 

ДОДАТОК „МАКЕДОНСКА ТРАГЕДИЈА”НА СПИСАНИЕТО „МАКЕДОНСКА НАЦИЈА”

(Број 9-10, Минхен 1975година)

„Ја изразуваме нашата голема благодарност на другарите од списанието „Македонска нација” кои овозможија печатење на првите 8 броја  на „Македонска трагедија” во рамките на списанието. Тие ќе увидат дека ние во овој засебен број отстапуваме од не-кои насоки на нашата борба, препорачувајќи ја оваа засега  политичка линија  како најприфатлива во сегашниот момент. Ние тргнуваме од фактот дека борбата за Македонија треба да се води пред сеж на физичкото и територијалното обединување, не впуштајќи се во заемни кавги во славјанскиот светкако што се Македонците: Б’лгари или пак Македонци. Важно е да се спаси славофонската кауза за Македонија, против која во Егејска Македонија работи и великосрпскиот хегемонизам како грчки сојузник. Нужно е помирување на сите чеда кои се родени или пак произлегуваат од сонцето на Македонија. Во обединета Македонија, народот во слобода ќе си каже што е, без терор и омраза...”

„Македонска трагедија”, год.ИИИ, полугодие 1975, бр.9-10, Минхен;Славе Николовски-Катин, Македонскиот иселенички печат... стр.219

 

ДЕТСКОТО СПИСАНИЕ „СОНЦЕ” ОД ЊУТАУН, СИДНЕЈ(Сиднеј, 1988 година)

„Списанието „Сонце” за прв пат е издадено во учебната 1977 година, кога македонскиот јазик се предаваше во државното основно училиште во Њутаун како еден од мултикултурните јазици во тоа училиште. Македонскиот јазик не го изучуваат само деца од македонско потекло, туку и деца од други националности, а нивниот труд е презентиран во списанието... „Сонце” е прво македонско детско иселеничко списание издадено во Нов Јужен Велс, а можеби и во Австралија. Во списанието се отпечатени оригинални текстови и илустрации што самите ученици ги направиле и нацртале”.

„Сонце”, бр.1, 1988, Њутаун, Сиднеј, воведна статијана уредникот Ѓорѓи Ѓорѓиев; С.Николовски-Катин,Македонскиот иселенички печат..., стр. 53

 

ВЕСНИКОТ „НАШЛИСТ”НА ДРУШТВОТОНА МАКЕДОНЦИТЕ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”ОД ГЕТЕБОРГ (ШВЕДСКА, 1978 година)

„Уште кога се формира нашето друштво се носевме со мисла да издаваме весник, списание или некој друг вид публикација за друштвото. Скоро секоја новоизбрана управа на друштвото го поставуваше тоа прашање како една од најважните точки во прог-рамата за својата работа...Весникот е замислен како периодична публикација и ќе излегува според потребите и можностите, а неговата цел е на јавноста да дава информации за: работата на Друштвото и неговите секции, за новостите од заедничкото живеење, законодавството и актуелните прашања во Татковината и во Шведска, за културните и спортските настани и други активности”.

„Наш лист” (уводна статија, бр.1, 12 февруари 2978, Гетеборг;С.Николовски-Катин, Македонскиот иселенички печат..., стр.222

 

ВЕСНИКОТ „КАНАДСКО-МАКЕДОНСКИ ГЛАС”

(„ЦАНАДИАН-МАЦЕДОНИАН ВОИЦЕ”)ОД ТОРОНТО(Торонто, 1 мај 1979 година)

(Весникот е орган на Организацијата„Обединети Македонци” од Торонто, печатен на македонски и на англиски јазик)

„Со појавата наОрганизацијата „Обединети Македонци” во 1959 година, еднаш за секогаш беа удрени темелите на македонското национално единство. Со желба да се реши проблемот со една публикација, Организацијата формира редакциски одбор. Тоа е потфат од општонационален македонски карактер. Главната задача на весникот ќе биде достојно да ја афирмира македонската нација и цврсто да стои за македонското смобитие, затоа ќе бидат објавувани материјали од активното живеење на Ма-кедонците во Канада и САД”.

„Канадско-македонски глас”, бр. 1, мај 1979, Торонто, стр.1

 

ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКИ ГЛАС”(„МАЦЕДОНИАН ВОИЦЕ”) ОД ТОРОНТО(Торонто, 13 мај 1980 година)

„Еве веќе една година како„Канадско-македонски глас”шири глас. Година на тешка и одговорна работа на група наши родољубиви членови кои немаат новинарско искуство. Само големата љубов и пожртвуваност ги задржа овие луѓе кои работат по фабрики, канцеларии и ресторани, а слободното време го посветуваат на нашиот глас. Глас кој се слуша по целиот свет. Овој орган на „Обединетите Македонци” се слуша во Македонија, Германија, Шведска, Полска, Чехословачка, САД, Австралија... Во голем број писма ни беше укажано дека тој не е само канадски глас, туку и сеопшт, затоа Редакцијата дојде до сознание дека ќе биде добро да се промени името во „Македонски глас”. Всушност, ова не е смена на името, туку прераснување во нешто заедничко што ќе работи подобро за Гоцевите идеи, нешто што ќе не поврзе сите иселеници во еден силен извик или снага”.

„Македонски глас”, бр.13 1980, Торонто, стр.1

 

„МАКЕДОНИЈА -СЕДМИЧЕН ГЛАСНИК”(„МАЦЕДОНИА-ЊЕЕКЛЅ ХЕРАЛД”)ОД МЕЛБУРН(Мелбурн, 3 август 1982 година)

„Ние сме  300.000 Македонци во Австралија, една од малкуте нации на овој континент и при овој демократски систем, која сеж уште нема седмичен весник... Ќе се трудиме да ја отстраниме секоја трага на омраза, злоба, љубомора, себичност и цинизам со целосно применување на љубов кон сите Македонци. Страниците на „Македонија” ќе бидат пристапни за секој што е Македонец или има симпатии кон Македонците и македонството. Само така ние ќе станеме независна и успешна нација на секое поле од нашата активност, високопочитувана, не само од нас самите, туку и од сиот цивилизиран свет”.

„Македонија”, бр. 1, 3 август 1982, Мелбурн, стр. 2 , (воведна статија).

 

СПИСАНИЕТО „ИСКРА” ОД АДЕЛАЈД,ЈУЖНА АВСТРАЛИЈА(Аделајд, 1982 година)

(Списанието „Искра” е орган на Македонското културно друштво при Македонската православана црковна општина во Адејалд, Јужна Австралија печатено на литературен македонски јазик)

„Списанието „Искра” започна да излегува како потреба и инструмент за информирање на Македонците што живеат и работат во далечна Австралија. Се планираше списанието да излегува трипати годишно и да претставува вистинско гласило на Македонците од трите дела на Македонија. Истовремено, списанието е овековечување на 36-годишното постоење и работа на Македонската православна  општина за Аделајд и Јужна Австралија. Списанието „Искра” има за цел да ги информира Македонците кои живеат и работата во Австралија, особено оние од Аделајд и околните места, за настаните што се збиднуваат во земјата, потоа да се грижи за обезбедување подобра соработка на македонската зедница со другите етнички групи, да развива братство меѓу Македонците во Австралија и да се бори за афирмација на македонското име и нацијата”.

„Искра”, бр.1, 1982, Аделајд, предговор од уредникот Мајкл Радин;

 

ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНИЈА” ОД ТОРОНТО(Торонто, 2 ноември 1984 година)

„ „Македонија” е гласило на сите родољубиви Македонци кои живеат далеку од својата родна грутка. Целта на весникот е да донесува новости од родната земја: за природните богатства, секојдневните настани и слично. Весникот ќе биде огледало за сите читатели, бидејќи ќе се печати во Торонто и ќе биде простор за објавување на активностите на културно-уметничките друштва, спортските клубови и други асоцијации, со што ќе си го најде своето место меѓу Македонците во Канада и во сите срца ќе го внесе македонскиот патриотски дух”.

„Македонија”, бр.1, 2 ноември 1984, Торонто, стр 1

 

„МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК”(„МАЦЕДОНИАН НЕЊСПАПЕР”) ОД СИДНЕЈ(Сиднеј, јануари 1985 година)

„ „Македонски весник” ќе работи да ги заштитува националните интереси на македонскиот народ насекаде во светот и ќе ги почитува правата на другите народи; ќе ја брани од туѓо посегнувањекон светата национална држава на македонскиот народ - Република Македонија, факелот на македонската слобода и надеж на сите обесправени Македонци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија; ќе го афирмира македонскиот литературен јазик, литература, култура, историја, фолклор, традиции и севкупното творештво на слободната македонска држава во светот, а посебно во Австралија”.

„Македонски весник”, бр. 1, јануари 1985, Сиднеј,уводна статија од уредникот Кире Циревски

Вториот дел следна Среда

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.