|
|
Учители и ученици на Аристотел |
Луѓето што го опкружувале Аристотел цел живот биле царски луѓе од дворот на македонската династија и луѓе од највиските научни кругови. Како Филип ја ширел македонската држава, обединувајќи ги сродните народи, така кругот на школите и науките ги ширел и градел Аристотел. Први учители му биле научниците од Пела: - Никомах – татко му на Аристотел му ги пренел сите знаења од природните науки и медицината во трајно наследство. Во негова чест Аристотел ја напишал Никомаховата етика. - Хипократ со синовите Дракон и Тесал, исто така царски лекари, покрај медицината му ги пренеле учењата на Демокрит од Јонско подрачје со материјалистичка ориентација од филозофијата на Талес и Хераклит. - Ѓорѓија преку своите ученици му овозможил допир со сите филозофи и оратори од Сицилија, од Елејците и Емпедокле и Анаксагора (царски филозофи). - Есхин – самиот рекол дека по примерот на својот учител Ѓорѓија покрај школите подучувал и еден ученик. Тоа бил Аристотел, наречен Мит. - Проксен – филозоф и оратор го згрижил Аристотел како старател по смртта на татко му Никомах. Аристотел на Проксен, жената и синот Никанор им поставил статуи во светилиштата во Стагира и во Стибера. - Аминта, со сите свои синови, ги обезбедувал школувањето и животот на Аристотел, обезбедувајќи му раскошен живот во имотите низ Македонија. - Филип II го праќал Аристотел во разни мисии со образовни цели во базите, во близина на стратешките градови каде што има Гимназиони и стадиони за обука на фалангата. Проксен го придружувал во Атарнеја кај Троја, Митилена, Ас, Миеза, Стагира и други места. Аристотел имал голем број ученици со кои одржувал врски. Тоа се Филиповите генерали: Антипатар, Атал, Парменион и нивните синови. Александар Македонски е најславниот Аристотелов ученик со сите дванаесет царски другари што застанале на чело на македонските држави во Египет, Ахаја, Антиохија и ги воспоставиле македонските традиции во новите центри Александрии, со истите учители Гимназиони и Аристотеловите списи. Сите други ученици ги продолжиле и го прошириле Аристотеловото учење. - Калистен, Менен, Кориско со синот Нелеј, Никанор, Ксенократ, Ераст, посебно Еврем ги издавал Аристотеловите списи. Сите тие и уште многу други негови ученици соработници и следбеници имаат заслуга за науките и филозофијата на Аристотел. Најзаслужен од сите нив бил Теофраст од Менон, нив Аристотел ги именувал за наследници на Гимназионите и библиотеката на сите книги. Тие биле долгогодишни соработници на Аристотел и ја продолжиле истражувачката дејност, пренесувајќи ја преку Хипарх и Нелеле во библиотеката во Александрија и од таму по цел свет. - Калистен – роднина на Аристотел го придружувал Александар како историчар на походот и успесите на фалангата и Македонците. Роднинските врски на филозофи се многу често застапени. - Кориско со Теофраст, Ксенократ и Аристотел ја формирале филозфската школа во Ас под заштита на Хермија. Таму Аристотел се оженил и се сродил со владетелот Хермија и му се родила ќерката Питијада. И Кориско го внел синот Нелеј во Аристотеловата филозофија, подоцна да ја сочува наследената библиотека што ја откупил Птоломеј во Александрија. Има уште многу ученици и соработници на Аристотел фамилијарно поврзани роднини. Проксен со синот Никанор, Никомах со синот Аристотел, Кориско со синот Нелеј и многу други поврзани со македонскиот наследен ген и во царските и во филозофските фамилии. Филозофијата на Аристотел и во теоријата и во праксата е рационална. Тие корени се извлечени уште од митологијата во Македонија. Боговите се симнувале на земја да ја покажат и практичната страна. Така Зевс со молња му го дава оганот на народот. Сонцето дава плодородие и се обожава од Македонците. Артемида лови. Дионис прави вино. Хермес кова орудија. Орфеј свири и пее. Музите играат оро. Сето тоа го прави македонскиот народ. Прави орудија, се служи со оган, лови, прави вино и леб и се весели. Тоа се наследените македонски корени што Аристотел ги развил во науки и Александар ги разнел по светот. Да се потсетиме само на имињата што Аристотел ги спомнува во тестаментот: Проксен, Никанор, Никомах, Хипар, Грилион, Нелеј, Теофраст, Антипатар, Праксител, Стратон, Калин, Калистен, Накип, Метродор и др. Тестаментот е пишуван во Филипово време кога внукот Калистен уште бил ученик кај Аристотел. Тестаментот на Теофраст е пишуван во Александрово време кога Александар ги обновувал разрушените од Филип градови па Музеумот, се вели, требало да биде обновен исто како што бил порано. Значењето на Македонија со феноменална појава на сите нејзини трајни вредности произлегува од: - Македонското племство со наследен ред во цврста монархија со Филип II. - Наследноста со професиите и науката изразени кај Аристотел. - Поврзаност на школите (Гимназиони, лицеиуми, симпозиуми) и библиотеките од Македонија со влијание во образовниот систем во светот. - Плејада (ѕвезди) на славни личности меѓу кралевите, научниците, уметниците, светците од Библијата сите Македонци. - Артефактите од археолошките наоѓалишта ја даваат потврдата за македонските градови со многу докази за македонската историја и животот на Македонците во милениумски континуитет. - Македонскиот неолит, македонската бронза, македонските театри, македонските монети, македонската фаланга составен дел се од Филип II, Аристотел и Александар, овековечени во македонската писменост и исклучителна уметност. - Чудно е како на апсурден начин се негира или присвојува с# македонско. Македонските докази се аксиоматски и покрај тоа светот се залажува дека со космополитската политика Македонците им припаѓаат на сите. - Велика е Македонија, насекаде допре, Аристотел и Александар Македонски се наши по карактер и по наследство. Македонците нема зошто да се борат и да докажуваат било што за себе. Тоа со логиката го стори Аристотел најумниот Македонец на сите времиња.
Ангелина Маркус е дипломиран професор по филозофија на македонската јавност и е позната по десетте објавени книги од древноста на Македонија. Во нив пишува за сите вредности од различни области, за македонската древна медицина, театри, митологија, царства, пари, филозофијата, Филип Македонецот и сега за Аристотел. Нејзините приказни за Македон и Македонците предизвика голем медиумски интерес. Често е присутна на разни трибини, Македонското радио, телевизиите и пишаните медиуми, пишува рецензии и соработува со сите што на било кој начин се занимаваат со Македонизмот и ја сакаат Македонија, работат и мислат македонски. |