Среда, 29 Мај 2013   
ФИЛИП II (1 дел)

filip-vtori-makedonskiПишувајќи извори за Македонците Филип и Александар Македонски, во изворните книги на Аријан, Диодор, Руф, Куртие, Јустин и Плутах постојат најдобри податоци за нашите македонски корени и нашите најславни цареви од времето на Филип и Александар. Тие извори се засновани врз други македонски извори на научници, генерали, филизофи и современици на царевите другари од придружбата, околу стотина најучени и способни луѓе од царското окружување.

Кога се чита Аријан или Плутах се гледа дека тие ги имале на користење на рака оригиналните македонски текстови пишувани од 28 лица. Се вели дека сé било изгубено, а се гледаат поединости во описи на сите случувања како неговите автори по 200 години да биле очевидци.

Животот на македонските династии многу е сличен и генетски и традиционално. Сите тие учеле еден од друг како најдобро да раководат со народот и државата по утврдени прописи, закони и обичаи. Животот на Филип и Александар многукратно се обусловени не само како татко и син, туку и институционална обврска на македонската наследност.

Филип  ги создаде и зацврсти државата и фалангата, а Александар ги доведе до совршенство со истите луѓе – Македонците. Филип претставуваше нагледно средство од каде што генерациите стекнуваа знаења за војување без да се изгуби ниедна битка. Нивните современици бележеле сé, веројатно за да допре до нас.

Најдобри извори за Филип II се самите негови дела, битки, животот меѓу Македонците и фалангата, раскажани од неговите современици, генерали, научници, посебно од Аристотел.

-  Теопомп живеел на дворот на Пела и пишувал „Историја за Филип” во 40 книги. Него го спомнува Полибие како најдобар другар на Филипа и ни соопштува како Теопомп не пишува само за битките на царот и поважните историски настани, туку одлично го опишал личниот живот и карактерот на Филип со сите слабости кон виното и жените, нескротена енергија, жестоки реакции, духовитост и како што го нарекува: „Филип е најсилниот маж во цела Европа“. И двајцата најумни со Аристотел.

-  Филипиките на Демостен претставуваат доказ каде што од погрдните критики ги сознаваме позитивните особини на кралот и Македонија „од каде што не можело ни роб да се купи“. Според Демостен, Филип бил толку итaр што кога им нудел мир и договори прикриено ги поробувал, а тоа во Атина не можеле да го видат. Не можеле да сфатат како една по една ги голтал сите населби и флотата во сите пристаништа. Не сакајќи, Демостен ни овековечил ретки особини и за Филип и за Македонците со тоа што ги кудел.

Па што ако е убиен Филип, тоа е амо еден Македонец помалку и многу повеќе ќе се појават такви, велел. Тоа било точно.

И кога го видел Александар како блеска во победената Атина со Антипатар и придружбата, се подзасолнал, престрашен уште од битката во Херонеја и рекол:

- Видете, каков татко, таков син, прав Линк (волк од Пелагонија).

Извор претставува Диоген. Сочувани се искази и за Филип и за Александар. Кога цела Атина се нашла раздвижена пред пропаста и Диоген земал да го тркала бурето за да се приклучи кон илузорноста на Атина да се спротивстави на Филип, штом се приближувал да ја сотре.

Кога Филип се сретнал со Диоген прашал: „Кој е оној смешен човек“? На што Диоген одговорил: „Јас сум твојот посматрач Филип, што ја следи твојата незаситност за победи“. На тоа Филип рекол дека треба да го пуштат да го следи слободно, зошто имало уште многу да види. За тоа нe` известува Лаерцие во својата книга за филозофите.

Позната е и фразата при средбата со Александар, кога Диоген му рекол: „Тргни ми се од сонцето, не можеш да ми го дадеш тоа што го немаш“. И одговорот: „Лесно му е на Диоген, тој не е Александар“. Царските другари прснале во смеа.

Извори за Македонците и нивните цареви се писма, наредби, археолошки наоди, депоа на пари со ликови на царот и други материјални докази што сведочат за сите периоди на Македонската империја.

Гробницата во Кутлеш ја покажа сета моќ и раскош на Филип и царската фамилија. Таму се гледа македонското погребување со положување, оружје, накити, златни круни, уметнички творби, садови, бисти, фрески и царски коски за ДНК-а и можност да се утврдува македонскиот ген до ден-денешен.

Филиповата гробница го покажа богатството на царот и царските семејства како што е богатството на Тутанкамон. Што ли сe` има да видиме по откривањето на гробот на Александар по кој се трага.

Извори за Александар Македонски освен самото име, најмногу записи постојат од Македонците современици задолжени да пишуваат сe` за царот од приватниот живот до крајот на живеењето и многу време потоа со милениуми.

На Интернет има 3 125 000 единици (записи по сајтовите) – Алекандар. За Александар Македонски само во средниот век се напишани и испеани Александриди кај 142 народи и племиња што го обожавале Александар со најголема популарност на жив историски човек и тоа Македонец. Ја имам и најновата книга во стихови „Александрида“ од Петре Баше издадена во Прилеп 2005 година.

Македонија  имала пет цареви со име Александар. Тоа име распространето по цел свет има разни варијанти кај многу народи во изговорот на името.

За муслиманите Алесандар е Искендер.

За Евреите – Мундон.

За Индијците – Сикиндер.

За Маѓарите – Шандор.

Во Авганистан го викаат Њуксандар.

За Хунзите – Јаксула.

Во Узбегистан името значи ни дојде царот господар и застана овде.

Грците никогаш не го викаат Грк. Го присвојуваат со резерва, изгледа помнат дека Александар водел 12 битки против атинските платеници во персиската војска, од Херонеја до Бактрија, во Теба, Тир, Граник, Ис, Гавгамела, итн. Во фалангата имал симболочен број Грци, повеќе како заложници, според одредбите од Коринтската Лига кон градовите под македонска хегемонија.

Уште првите заробени платеници од Атина, Александар ги испратил како робови да работат во Македонија. Во ниеден извор не се споменуват натаму во битките кај Граник, дека Атина имала претставници во фалангата за да се смета дека Александар се борел за Грција и сеел елинизација. Ниту еден Грк не е спомнат во близина на царот на прославите што ги организирале Македонците. Советници од Атина имал Дарие како Мемнон, Питрон, па дури и Демостен, сите против Македонците.

Александар го окружувале врвни советници како и Филип, Архелај и сите други македонски владари. Пет советници филозофи го окружувале царот и фалангата: Аристотел, Калистен, Онесикрит, Анарсарх, Калин и др. Уште толку лекари предводени лично од Тесал синот на Хипократ, биле со Александар во битките до Индија и седеле до него на прославите.

Сите генерали царски другари, генерација на царот, оставиле дневници, писма, извештаи. Тоа се вистинските извори за македонската историја со податоци од Птоломеј, Лаг, Евмен, Неарх, Пердика, Лизимах и други. Тие издавале билтен секој ден за настаните што се случувале во фалангата и целата територија на македонската држава. Тој билтен претставува прв дневен весник во светот. Тука се изворите за Македонија што стигнале до денес, во тие секојдневни бележења.

Големо значење има билтенот што се издавал за време на болеста на Александар и подготовките за погребот со најголем обем опфатени податоци. Секој ден се давал извештај од конзилиумот на лекари, генерали, советници.

Ожалостените Македонци со денови во поворка се проштевале од својот цар. Тој обичај и денеска се практикува во светот за видни личности.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.