Среда, 12 Јуни 2013   
Царот Персеј - живот, дело и борба за Македонија (1 дел)

persejПерсеј се раѓа 213 г. од татко Филип V и мајка Поликратија. Во 179 г. стапува на престолот, а во 168 г. е заробен и одведен во Рим заедно со царицата Лаодика (ќерка на Селевк IV) и трите деца Филип, Александар и Лариса. Целото македонско царско семејство го завршува животот во Рим како робови. Не се знае точниот датум на смртта на Персеј. Од различни извори има податоци како можна година на неговата смрт да е 165 или 162. Откако била целосно ограбена Македонија и откако целосно разурнале седумдесетина градови, Римјаните немале интерес да преживее царското семејство, па поверојатен е првиот датум за смртта на Персеј.

Персеј живеел 47 години, колку и Филип II.

Владеел 12 години, колку и Александар Македонски.

За царицата Лаодика нема никакви пишувани документи, веројатно Римјаните не сакале да ги зоструваат односите со Селевките, нејзините родители. Едноставно ликвидацијата била тивка, како врз неа така и над нивните малолетни деца.

Персеј со самото наследување на македонскиот престол продолжил да ги средува проблемите во државата, како што тоа го правел татко му Филип V, дедо му Димитрие II и другите владетели наназад до царското семејство на Аминта и Филип II, до каде што засегнува нивното потекло. И Персеј прво ја внесува Македонија во Делфиската Амфиктионија и потоа ја зацврстува положбата во Тракија преку бракот со полусестрата омажена со принцот Тер. Слична е ситуацијата и со Молосија кој традиционално и` се придружува на Македонија.

Дарданците, Евмен од Пергам и римските пратеници незадоволни од Персеј, по што Сенатот одобрува војна и Римјаните навлегуваат во Атичкиот дел поддржани од Атина, навлегуваат со Апис Клаудие во западниот дел на Македонија. Тука Персеј блескаво ги победил и ги заробил римските војски и нивните поддржувачи од некои племиња. Најпрочуена е битката кај Хискана или Ускана каде што македонската фаланга дошла до израз исто како во победата кај Херонеа 168 години пред тоа, во 338 година п.н.е.

Во 169 г. на Персеј му се придружува Гент од Илирија и заеднички продолжуваат да даваат отпор, но Римјаните кои биле во сојуз со Атињаните и другите град-државички напаѓаат се` почесто и почесто, така да во летото 168 г.  во битката кај Пидна, Македонија била совладана.

Персеј со дел од семејството, племството и царската благајна, движејќи се преку царскиот пат преку Пелагонија се обидел да стигне до морето, до Амфипол и островите, каде што римската војска ги стигнала и ги заробила.

Тоа се некои од поважните факти за Персеј и тоа како ја водел Македонија. Вистинската состојба подобро ќе се согледа со подетални анализи на клучните настани што се случувале за време на неговото владеење.

Фалангата на Персеј во целосен состав броела 45 илјади војници исто како фалангата на Александар Македонски, била извонредно извежбана, брза, издржлива и добро вооружена, под негова лична команда, команда на неговите царски другари, коњицата и сите други карактеристики што ги имала македонската фаланга од Филип II до Персеј, до Јустинијан и до Самоил и другите македонски владетели што на ист начин и на исти места се бореле за Македонија.

Конзулот Луцие по една битка рекол дека, „Ништо пострашно нема од македонската фаланга“. Тоа се случило во 170 г. кога Персеј со невидена брзина тргнал со 20 000 војници од Стибера покрај Еригон и Алкомена и стигнал до Хискана кај Кичево, за неполни два дена во зимски услови и низ лоши планински предели. Ја победил римската војска, ја заробил, ја довел во Стибера и ја распродал. Со таква брзина и успех се движел и Александар Македонски кога неочекувано се нашол пред Теба и до темел ја разурнал. Таквите борби Македонците ги воделе кога требало да послужат како поука, а не за ограбување. Персеј за војската имал резерви храна за пет години. Воопшто, Македонија во тоа време била многу богата, била империја која соработувала со многу народи околу себе како што тоа го правел татко му Филип V пред тоа. Дека Македонија била на многу високо економско ниво ни покажуваат и самите ковани пари со префинетата изработка и пребогато застапените симболи. Кога Персеј го напуштил боиштето кај Пидна, отишол во Пела и со 10 000 таланти се упатил кај Самотраки во придружба од 500 војници. Според вредноста на талантот во тоа време тој носел со себе околу 300 000 килограми злато. Тоа злато била целта на дваесетгодишното војување на Римјаните со Македонија. Нив ги интересирал само пленот и целокупното богатство што го пренеле во Рим. Заробените Македонци од племството им создале култура, јазик-латинско писмо, им биле учители и генерали. Стотина години подоцна македонските поколенија се враќаат од Рим во Македонија како “римски” ветерани. Такви биле двете македонски бригади кои се населиле во Скупи, во Стоби, во Хераклеа, продолжувајќи да градат и да творат во истите древни македонски градови и светилишта. Нема одговор што бара Хадријан во Стибера, Јустинијан во Таор, гробот на Марко Аврелиј во Скупи, Апостол Павле, Лука, Марко, ако не ги влече македонското потекло за да градат базилики со мозаици, всушност палати на македонските Василевси што е пишувана титула и за царот Персеј на парите и за сите претходни династии.

Според Јустин од 257/ 33 книга во Македонија од Каран владееле триесет кралеви како во Кумранските записи. Која е таа друга земја со толку кралувања и царувања? Нема таква. Таа листа продолжува и по Персеј во другите македонски династии, роднински поврзани. Персеј морал да и` се предаде на римската војска затоа што неговите синови Филип и Александар биле држени како заложници.

Само златото од 300 000 килограми пресметани во денешни пари е вредно околу девет и пол милијарди долари, а царот ги носел со себе, е ситница споредено со златото што три дена е носено во триумфот на покажувањето во Рим.

Дел од Персеевото племство, поточно целата коњица од фалангата, 4 000 - 5 000, во текот на последната битка била отпуштена и се упатила кон север, носејќи со себе огромно лично богатство. Тој интелигентен контингент секако стигнал до Карпатите, носејќи со себе македонска култура. Можеби некои како “Словени” се враќале дома, исто како “Римјани” што се враќале и се населувале во Македонија подоцна. Ако навистина се доселувале Римјани, зошто не ги асимилирале Македонците како што е случајот со Бугарите кои староседелците ги асимилирале и тие исчезнале како Татари. Тоа е генетска сила кај Македонците. Така се создавале сродните народи. Персеј како цар се истакнувал во организацијата на фалангата, економијата, културата, севкупниот живот во државата и сето тоа го правел врз цврсто изградени принципи. Стекнал големо искуство во политичките и воените стратегии, затоа што уште како малолетен принц Филип V го одредил како првороден син, за свој наследник и го водел активно да учествува во сите битки и државни договори. Тоа знаење, така стекнато уште од најрана возраст изградило од Персеј силен и справедлив човек и цар. Во многугодишните притисоци и клеветења пред Рим, Персеј доследно ги бранел интересите на Македонија. Знаел да процени кога да ги одбие условите за договор и кога да прифати примирје.

Три настани во животот на Персеј се најзначајни. Тоа се цврстиот сојуз со македонските царства, битката кај Хискана кога ја претстставил моќта на фалангата и изгубената битка кај Пидна кога бил понижен како роб во Рим во поворката од Македонија со јарем на вратот.

Паоло Емилио му ветил достоен третман, но го излажал за полесно да ја ограби и да ја разурне Македонија.

Персеј бил свесен за својата надмоќ. Одвреме навреме им покажувал на Римјаните како умеат жестоко да се борат Македонците. Имал голема поддршка од сите градови на Пелопонез, верни му биле Молосите, Тесалците, Пелагонците и Илирите со водачот Гентие, Ханибал, Антиох и други од царствата појавени после Александар Македонски. Слободно се движел низ Тракија и непречено владеел на север до Дунав кај Дарданците, Илирите и други. Одамна македонските племиња ги поврзувала цврста крвна врска и роднински династички врски. Тоа се гледа и по дозволата што Персеј им ја давал на автономни ковачници да коваат свои пари со македонска симболика. Таквите пари и денеска се сретнуваат. Во Битолскиот музеј се чуваат непознати пари од Персеј и тие можеби ќе ни изнесат на виделина непознати податоци за македонската историја што ја ископуваме се` повеќе. Присуството на фалангата, ковачницата, артефактите се многу поубедливи од тоа што западните историчари и непријателите ќе напишат нешто за Македонија. Персеј бил многу присутен во Лихнида. Тоа го покажуваат парите од колекцијата на Охридската банка. Улогата на Персеј низ Пелагонија била уште поголема. Со откривањето на штитовите со натпис Димитар, украсени со сонца и утврдениот град Пелагонија како четврта престолнина на Македонците се зголемија фактите за македонската историја. Пред тоа се знаеше само натпис на ковачница од Пелагонија како ковачниците од Пела, Амфипол и Стоби. Во меѓувреме се откопаа повеќе Пелагониски градови со театри, палати, светилишта, со најразлични докази за богатото македонско наследство, а се зборува дека тука биле Десарети, Пенеети, Илири, Дарданци, а тоа била само една држава Македонија. Тоа што сите антички автори кога пишуваат за град-државите не ги претставуваат како македонската држава. Атињани, Дарданци и другите ги немаат обележјата на држава со народ, територија, култура, династија. Тоа постоело само во државата Македонија. Се гледа како Атињаните дури во IX век добиле име Грци и сите обиди тоа име да им се додава на текстовите на Хомер, Херодот, Полибие и др. Повеќе е од смешно и невистинито.

Македонската династија секогаш го збогатувала културното богатство и градела нови градови. Таков е и случајот со градот Персеида во комплексот на Пелагониските градови што ги градел Филип II. Градовите во Пелагонија како Хераклеа, Стибера, Пелагонија, Алкомена и други што се самолоцирани во археолошката карта на Македонија и сега се истражуваат. Филип V по примерот на своите претходници го изградил градот Персеида во околината на с. Црнобуки и го нарекол во чест на својот син Персеј. Откако ќе се истражи и отвори ова единствено место во светот ќе знаеме многу повеќе за Филип V, за Персеј и за македонската историја.

Во врска со царот Персеј ќе ја споменеме и патната мрежа во Македонија позната како царски пат по кој се движела фалангата од Аполонија до Суза и обратно. По истиот тој пат персиските војски преку Македонија се бореле со Атињаните. Тие македонски патишта во разни смерови се` уште ја покриваат Македонија. Биле добро обележани со столбови-патокази. Кога Гнеј Игнацио како конзул ги видел патоказите брзо го издлабил своето име како што Паоло Емилио во Дион кога ги видел готовите столбови си поставил свои статуи. На македонскиот царски пат му го ставиле тоа грдо, туѓо име Виа Игнација. Македонскиот царски пат спакуван во римска “обланда” се` уште му се нуди така на светот, како мутанти на имињата на митолошките македонски богови и се` друго што отпатувало за Рим. По тој пат доаѓале Римјаните да се борат, да разградуваат, да пренесуваат, да кршат мермерни столбови, да откинуваат глави од статуите и да ги редат во Рим и Ватикан со тајни закатанети врати полни сo македонските древни артефакти. Се нашла холандска фирма финансирана од Римјаните- Италијанци, летово во Грција и Албанија да го обновува римскиот пат Виа Игнација што поминува низ Македонија. Повеќе им доликува да си го крстат проектот разбојнички, ограбувачки пат како прилог кон ограбување и негирање на Македонија. Видете што прави Ватикан на сред Скопје со Мајка Тереза, направи гробница, кула со милиони евра од народот испотрошен и од сите католички “свети” прослави на свој грб за да го слави туѓото, за да несмее да се изгради своја црква. Затекнатите патишта од Персеј до денеска низ Македонија служеле за трговија. Таа трговија во една насока завршува со осиромашување на Македонија за да се смилува и да го изгуби името, како сами да си го бараме тоа, како да сме заслужиле да не нема. Тој царски пат е патот на фалангата до секое населено место. Сепак не` има, Македонци и најдобар компромис за името е да се викаме Древна Голема Македонија. Тоа име во себе ја содржи и античката и сегашната Македонија со сите карактеристики на Македонците.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.