Среда, 12 Јуни 2013   
Политичка платформа на Македонското национално ослободително движење - (Торонто, 20 октомври 1972 година)

zakletva1

НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА  ВО САМОСТОЈНА  МАКЕДОНСКА  ДРЖАВА

“Македонското Национално Ослободително движење својата политичка основа ја изградува врз националната самобитност на македонскиот народ. Како национална организација на македонскиот народ МНОД работи и се бори со сите средства за национално ослободување и обединување на Македонија во самостојна македонска држава.

Борејќи се за ослободување и обединување на распарчена Македонија во самостојна македонска држава МНОД ги продолжува револуционерните илинденски традиции, оди по славниот пат на гоцеделчевското ВМРО.

Македонското Национално Ослободително Движење смета дека македон-ското прашање во прв ред е прашање за македонскиот народ, па тргну-вајќи од тоа становиште, МНОД се бори и против сите оние кои на нашиот народ му ја негираат неговата национална самобитност и му оспоруваат право на самостоен национален живот.

МНОД ја отфрлува старата теза на националистите од соседните балкански држави според која македонското прашање било само едно политичко прашање меѓу заинтересираните три соседни држави. МНОД смета дека македонското прашање во прв ред е прашање на македонскиот народ, оформен во своја современа македонска нација, па тргнувајќи од овој историски факт, тоа работи за разобличување на заблудите што ги шират балканските националисти за постоењето на некакви Бугари или Срби во Македонија. Домородното словенско население во Македонија е составен и неделив дел на македонската нација која има своја исто-рија, свој јазик, своја култура и обичаи и која не еднаш покажала со оружје и со крв дека сака да живее во своја сопствена македонска национална држава.

Бранејќи ги интересите на македонската нација и на нејзината света борба за ослободување и обединување, МНОД решително се бори и против оние Македонци кои под дејството на странските пропаганди или од свои лични интереси станале србомани, бугаромани или гркомани. МНОД не ќе жали ни време ни средства да помогне на сите чесни Македонци што се заведени од странските заслепувачки пропаганди да се вратат во пазувите на својата македонска нација, а спрема оние кои свесно се гнуркаат во национално отстапништво, ќе постапува како и спрема другите непријатели на македонското национално дело. Тргнувајќи од своето становиште, МНОД за македонски организации ги признава само оние кои работат и се создадени под македонското  национално име.

МНОД ќе соработува со сите македонски организации кои се борат за истите цели или кои работат за македонската национална кауза. Во врска со денешната положба на македонскиот народ во разделената татковина МНОД констатира:

1. Македонскиот народ под власта на Грција е изложен на национален геноцид. Грчката власт во Македонија води политика на систематска денационализација на Македонците кои немаат никакви национални права, па дури ни право да зборуваат на својот мајчин јазик. Атинските властодршци во Македонија со ужасен терор ги присилуваат Македонците да се иселуваат од својата родна земја...

2. И нашиот народ во Пиринскиот дел на Македонија под власта на Бугарија е изложен на денационализаторска политика, се наоѓа под национално ропство. Денешните управници на Бугарија го изневерија становиштето на нивниот покоен водач Георги Димитров, по кое на нашиот народ во поробениот Пирински дел му се даваше културна автономија и предвидуваше негово обединување со Македонците во Репуб-лика Македонија, во рамките на македонската национална држава...

3. Македонскиот народ во југословенската федерација издејствува да му биде признаена неговата национална самобитност и да се конституира во своја национална република, со кое нешто тој стави темели и на својата македонска државност. Македонскиот народ во својата република има слобода за развиток на својот национален живот на духовно и културно поле, но не и на политичко. Македонскиот народ своето обединување тешко ќе може да го оствари во рамките на Југославија, па било таа да е федеративна или конфедеративна. Затоа МНОД смета дека сите македонски патиотски снаги треба да работат на тоа македонската република да стане што посамостојна и понезависна, да се развие во вистинска национална држава на македонскиот народ, па така закрепнатата и осамостоена, може да стане обединителна јатка за другите делови на МАКЕДОНИЈА.

Со оглед на тоа што нашата татковина денес е разделена не само меѓу три балкански држави, туку и меѓу два денешни воени блокови со различни општествени системи- источниот и западниот блок, МНОД смета дека ќе биде корисно во интересот на идното македонско обединување ако се работи не само за осамостојувањето на денешната македонска република туку и за нејзино демократизирање. Македонското обединување ќе може да се олесни со една демократизација на режимот во македонската република и со нејзино осамостојување во неутрална држава. Таа неутралнопст ќе треба да се однесува како спрема соседните балкански држави, така и спрема двата големи воени блокови. МНОД е убедено дека и огромното мнозинство од македонскиот народ сака да живее во демократија и во мир со своите соседи.

...Крајната цел на Движењето е да извојува обединување на распарчена Македонија во македонска самостојна држава, но тоа во својата секојдневна работа ќе ги брани националните интереси на македонскиот народ секаде и од секого. МНОД се бори со сите легални и нелегални средства против денационализаторските политики на Атина и Софија во Македонија и војува за извојување на национални права за нашиот народ под грчкото и бугарското владеење.

МНОД ќе вложува специјално грижи за запознавање на надворешниот свет со ропската положба на нашиот народ во распарчена Македонија и со неговите стремежи за национално ослободување и обединување.

МНОД, водејќи сметка за интересите на целата македонска нација го отфрла југословенскиот федератизам, како крајно решение на македонското прашање, но тоа не е непријателски расположено спрема една идна балканска федерација во една обединета и демократска Европа, чии темели почнаа да се поставуваат во другиот крај на европскиот континент. Македонското прашање може да најде едно пра-ведно решение во рамките на една балканска федерација во која Македонија би влегла цела и обединета како рамноправна државна  единица.

Ослободителното Движење води сметка и за тоа дека Македонија е татковина и на население од други националности: Грци, Албанци, Турци, Власи и други. МНОД ги смета сите овие народности за свои земјаци и им признава право да бидат рамноправни граѓани на идната самостојна македонска држава во која уставно ќе им биде гарантирано право на слободен национален живот и развиток. Создавањето на самостојна и братска Македонија ќе биде од голема корист за сите неј-зини жители па затоа МНОД ги повикува сите жители на Македонија без разлика на нивната национална и верска припадност, дружно и братски да работат за доброто на својата заедничка татковина, кое може да се постигне само во една обединета и самостојна Македонија.

МНОД смета дека многубројната македонска емиграција која ги напушти своите родни огништа, бегајќи од терорите на балканските окупаторски режими, како и од тешката економска положба, има свето право на повраток во старата татковина кога Македонија ќе се ослободи...

Среде Македонците што живеат во туѓина како иселеници, политичките емигранти или привремени печалбари, МНОД ќе работи на будење и одржување на македонскиот патриотизам, ќе дава свој прилог во националниот живот на Македонците во странство и ќе се труди под своето борбено знаме да ги прибере и обедини сите оние Македонци кои надвор, од туѓина, сакаат да работат и да се борат за слободна и обе-динета Македонија.

Да биде и пребиде слободна и обединета самостојна Македонија, братска заедница на сите нејзини жители.

МНОД Торонто

Торонто, 20 октомври 1972 година”

И. Катарџиев, Македонската политичка емиграција..., док.81, стр. 303 -307;
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.