Среда, 19 Јуни 2013   
Македонците и мечот

Мечот (lat. "gladius","ensis","spatha"; engl. "sword"; franc. "glaive", "epee"; ital. "spada"; germ. "Schwert, "Degen"; рус. "меч") е сечно и бодежно ладно оружје на пешадинците и коњаниците.

Daggers_ParazoniumСе јавува уште од пронаоѓањето на металот и се изработува од бронза, железо и челик. Се состои од сечиво и држач (балчак). На сечивото се разликуваат: острица, врв, жлеб (крвна бразда за истекување на крвта), телучок - кај едносеките мечеви и корен. За разлика од сабјата, сечивото е право и најчесто е со две острици (двосечно). Мечот со тап врв е за сечење и ударање, а со шилест врв е и за бодење. Сечивото се завршува со корен на кој е дршката. Самиот, пак, држач (балчак), се состои од пократка или подолга дршка, јаболчница и валчеста, тркалезна или призматична накрсница. На држачот (бачлакот), може да биде прицврстен и штитник во облик на корпа од различен облик.

Мечевите се со различни должини: од 0,22 до 2 m.; пократките за убоди се повеќето од порано, а подолгите за убоди и сечење од подоцнежно потекло. Мечевите се држат во корици од дрво, однадвор обложени со кожа, а се носат и за појас, преку раменици или на коњот.

Историски, мечот најрано се јавува во средното бронзено време т.е средината на 2-от милениум п.н.е; им бил познат на народите од средна и југозападна Азија, Египет и Европа. Забележано е дека уште Сумерците се борат со мечеви, а кај Критјаните покрај тоа што мечевите им се главно оружје, истите се долги, тенки и украсени. Кон крајот на 2-от милениум и почетокот на 1-от, во Европа но и Кина се појавуваат подолги бронзени мечеви, а Арабјаните од околу 1500 година п.н.е започнуваат со изработка на прочуените железни мечеви со железо увезено од Индија. Во Галија е употребуван краткиот бронзен меч од 45 см. наречен "parazonium". Во 1-от милениум се јавува подолг железен "Халштатски" меч (според Hallstatt во Австрија), кој е со јаболчница во облик на ѕвоно.

Hallstatt_C_Mindelheim

Кога Македонците историски се среќаваат со мечот како ладно оружје?

Имено, како што може да се забележи од "Илијадата", тие со мечот помасовно како да се среќаваат дури во Тројанската војна, при судирите со Грците (таму Ахајци и Данајци) и нивните јунаци, но на своја штета, зашто дотогаш изгледа не го користеле или не сакале да го користат помасовно. Како што се забележува од описите во "Илијадата", Македонците особено милуваат да се борат со долги јасенови копја и стреливи лакови (Македонците од Пеонија, учесници во оваа војна, во "Илијадата" се и со епитетот "криволаките Пеонци"), со кои особено биле вешти.

Така, дури и најголемиот јунак од Ахајците, Ахил, двапати е рушен од јунакот од Македонија, Астеропај - синот на Пелагон, ранет е и само среќа го спасува од смрт, но неговата предност ќе се покаже во директниот судир кога ќе се борат гради в гради. Ахил во крајниот миг, веќе паднат под Астеропај, итро ќе го извлече мечот од под бедро, оружје кое изгледа не го поседува јунакот од Македонија (и не само тој но ниту за еден друг од Македонците не се споменува мечот како дополнително оружје) и ќе му го зарие во стомак на Астеропај (првиот водач на Пеонците, Пирајхме, загинал уште на коработ среде една од битките, погоден од Патроколо со копје).

Anger_of_Achilles
Според “Илијадата“ мечот е божје дело, дар за Ахил заради што тој ќе посее толку смрт среде јунаците од Македонија

Но и другите споменати јунаци од Македонија ("од родот на Аксиј [Вардар]" кој jа плавел плодната Пеонија) и кои се нашле во близина по убиството на Астеропај, Ахил ќе продолжи во директен судир да ги убива со мечот. При ова, од мечот на Ахил паѓаат: Терсилох, Астипил, Мидон, Трасиј, Мнес, Ајнеј и Офелест. За овој пир на Ахил со мечот по овие Пеонци, "Илијадата" вели:

„ ...Тој по Пеонците после, по бојните коњици, пошол,
што покрај вирната река растурени уште си биле,
штом си го вишле најарниот свој дека в лутата борба
соборен паднал од мечот под рацете силни на Ахил.
Овој Терсилоха потем, Астипила, Мидона ги убил,
потоа Трасија, Мнеса, па Ајнија и Офелеста...“


Мечот, всушност, "Илијада" го воздига како некакво штотуку создадено оружје, кое ете дури човек ниту можел да го создаде, па е божјо дело. Така, ова чудесно оружје, лично го изработува олимпискиот мајстор и самиот бог-ковач Хефајст, а по налог на врховниот Зевс и молба на богињата Тетида, заштитничката на Ахил. Со внесувањето на божјата димензија за мечот, како да се оправдува толкавото сеење смрт и таквата негова надмоќ над другите оружја. Всушност, мечот и навистина е надмоќно ладно оружје, но при борба гради в гради, за разлика од долгите копја, лаковите и другите стрелива, кои се надмоќни при борба на опстојание.

gladii3
Римскиот меч гладиус кој го носеле легионерите засекогаш ќе ја реши судбината на ерата на македонизмот по битката кај Пидна во 168 п.н.е

Македонците од многу подоцна, повторно, мечот ќе ги реши засекогаш како некаква дотогаш доминантна сила, а по трите војни со Рим. Имено, тогаш форсирањето на најразличните оружја за битки на опстојание, при што не се само продолжените копја на фалангата, но и опсадната техника, тешката и лесната коњица и.т.н, недавањето вистинско внимание на мечот, пак ќе го почувствуваат како свој нов хендикеп. Тоа особено ќе се увиде при последната битка на Пидна од 168 година п.н.е, кога македонскиот крал Персеј и покрај бројните свои сили и стратегиски првични добри позиции и предност, битката ќе ја изгуби при борба гради в гради, кога заради ридчестиот терен, во македонската фаланга ќе се создадат мали празнини во кои лесно се уфрлаат римските легионери. А тогаш, краткиот меч со кој секој легионер располагал, ќе се покаже кобен за Македонците, кои се опремени со гломазна опрема од долги копја и штитови. Особено тешките македонски фалангисти, тогаш буквално се исклани во голем број. Со ова, токму мечот ќе и` ја запечати судбината на Македонија и епохата на македонизмот како дотогаш најголема сила и доминација на стариот свет.

Превземено до Macedonium

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.