Среда, 26 Јуни 2013   
Македонците и ножот

...Кога ножот се појавува на тлото од Македонија?

Историски, појавата на ножот кај нас е слична како и кај другите подрачја на светот, т.е уште во палеолитот кога бил обична плочка од кремен или пак од коска а за што пак има обилие од вакви наоди од археолошките локалитеити кај нас. Во време на енолитот, ножот добива издолжен облик и поостро сечиво. Во периодот на неолитот се јавува бакарниот нож, а нешто подоцна бронзениот и железниот, што исто така верно го следат и докажуваат наодите од ваквите типови ножеви по соодветно перодичните локалитети во Македонија.

За подоцнежниот развој на ножевите и нивната изработка на тлото од Македонија, се поголемо е влијанието на трговската размена како и воените експедиции на Александар III Македонски и неговите наследници, кои носат најразлични примероци од речиси целиот дотогашен познат свет. Исто така, и оние по нив кои ќе ја завладуваат Македонија, ќе го имаат своето влијание во изработките на ножот. Така, од Египет најпознат е ножот во облик на јазик, долг 15 см., во постари времиња изработуван и од камен а во време македонската доминација над оваа земја е од различен материјал, како и бодежот со две острици. Од Вавилон, пак, Македонците го носат ножот со прав облик и остар врв а од Индија познатиот нож "guptikardom".

persian1

Примерок од персиски нож

400px-Pugio_175_aCОд другите стари народи, од басенот околу Македонија кои се од исто така соодветните периоди на нивна позначјна улога на балканските простори, познати се уште и богато украсуваните бодежи од микенската култура, како и кривите ножеви со една острица кои ги користат Ахајците. Римските легионери, пак, како дополнително оружје со својот краток меч "gladius", носат и потенок нож наречен "pugio".

Од подалечните народи, во следните периоди од средновековието како и новиот век, свое влијание и примероци на видови ножеви во Македонија, ќе има од персиските, медиските и скитските кои главно имаат право, широко сечиво во облик на лист; потоа арапскиот и турскиот нож кои се со криво сечиво но и ерменскиот нож кој е во облик на пламен. Забележано е и присуство на криви ножеви со острица кон внатрешната страна кои потекнуваат од азијскиот нож "falx". Но особено Турците ќе го користат кривиот долг нож "kindzal", кој го носеле вденат на појас (како и другите источни народи чии колонии населуваат Турците на места од Македонија и Балканот)

Од западна Европа, од среден век познат е уште и германскиот широк нож "sax", кој заради големината е сметан и за краток меч. Како и да е, развојот на ножот како ладно оружје е се до XVII век, кога ножот постепено го губи значењето, особено во Европа, пред се заради развојот на огненото оружје-пушките, артилеријата и сл. средства за борба, кои пак сега го зголемуваат борбеното отстојанието помеѓу противниците.

Едноставно, ножот, како и мечот ја потрошил својата функција кога битката била гради в гради. Сепак, во Македонија, заради развојот на разбојништвото и анархијата, но и традицијата на носење ножеви кај исламизираните народи, тој уште долго ќе биде присутен. Особено ќе биде присутна познатата кама, нож користен масовно и од македонските ајдуци и комити. За последниве, познато е дека и заклетвата кон ВМРО ја давале пред Библија со вкрстен револвер-наган и кама.

747

Македонските револуционери заклетвата ја давале пред пиштолот и камата

Европјаните, пак, ќе се навратат на кратко во производството на ножот дури во првите децении од XX век, но сега како издолжен продолжеток на пушките - бајонет, при рововските судири во Балканските војни, во I но II светска војна. Заради постојаното главно поприште на Македонија и во овие војни, има обиле од наоди на бајонети од сите војски учеснички во судирите. По овие војни, употребата на ножот како некакво помасовно борбено оружје, ќе опадне, па денес тој се користи уште во одредени специјални (анти)диверзантско-терористички единици (нож во варијации со функции и облик сличен на познатиот "Рамбо" нож).

(Извори - "W.Boeheim, "Hadbuch der Waffenkunde", Leipzig, 1890; A.Demmin, "Die Kriegswaffen", Leipzig, 1893)

Превземено од Macedonium
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.