Етнографијата и националните аспирации на Балканот
- Оваа Глава, ја почнува Милјуков, со историски осврт за Балканот, при што како вели не сака да навлегува во разгледување на националното прашање на Балканските народи зашто веќе имало литература (?!). - Па се враќа во III, IV, VI X – XIV век, а народите ги гледа низ призмата на тие векови и како вели “изобилната литература” на Европски и Балкански литератури. Го бира она според кое има – Срби, Бугари, Грци, Албанци, Романци и Власи но не и Македонци, Хрвати или други, кои кај него не постојат. - Колку е контрадикторен и погрешен кога ги обработува народите, говори што ХРВАТИТЕ кај него се СРБИ (?!). Имено за ова тој вели: „Она што посебно било поволно за развој на националната свест меѓу Србите бил големиот сразмер на нивната раса што останал надвор од османското освојување. Дури одделно од Србите на Јадран (Хрватите ?! – з.н), кои биле отворени за влијанија на Италијанската литература од XVI век, оние од Австро-Унгарија ја пробале Европската цивилизација долго пред Србите во Турција. Првин РАГУЗА, а потоа АГРАМ (на Словенски “ЗАГРЕБ“) БИЛЕ ИНТЕЛЕКТУАЛНИ ЦЕНТРИ НА СРПСКАТА НАЦИЈА ПРЕД БЕЛГРАД (?! –з.н)“. - И ете на што Бугарите се радуваат – Комисионери, кои како што МАКЕДОНЦИТЕ ГИ ПРАВАТ БУГАРИ така и ХРВАТИТЕ ГИ ПРАВАТ СРБИ и тоа во XX век. Според нив – “ЗАГРЕБ Е ИНТЕЛЕКТУАЛНИОТ ЦЕНТАР НА СРПСКАТА НАЦИЈА“(?!) (повеќе за Хрватите како “Срби” кај Милјуков види подолу кај т. 7.2.3 -“Сојузот и договорите”) - Но Милјуков не е таков само кон Балканските народи, тој е доследен кон правилото помалите народи да ги меша со соседните поголеми, кај него на пример Украинците се Руси (?!) - И во однос на Македонците, Милјуков плива меѓу вистината и бугарските тези. Загатнувајќи го македонското прашање во Егзархиско-Фанариотскиот судир, вели: „Но Охрид и Скопје се МАКЕДОНСКИ. Прашањето за Македонија така дефинитивно се појавило“. - За Српско-бугарскиот спор вади цитати од Љ. Каравелов и В. Јовановиќ со што Грчката желба за грабање Македонски територии и души се шири и на овие две. - Ја спомнува грчката понуда кон Бугарите со Егзархиска надлежност и кон Босна и Херцеговина и Стара Србија, а за откажување на Бугарите од Македонија. Бугарите со радост си ја прибираат и Босна под своја надлежност не откажувајќи се од Македонија, (со што се докажува борбата за територии – з.н). - Ја спомнува и Австриската иницијатива во Берлин, за Македонија - автономна држава под Австро-Унгарски протекторат. - Милјуков објаснува нашироко за Српските образовно-црковни ширења во Македонија, со број на училишта по години, ученици, учители, книги и сл., ЗАБОРАВАЈЌИ да примени таква студиозност и за Бугарите кои се во иста мисија. Си ставил печат на својата – пристрасност. - Бугарската пристрасност на Милјуков е и во статистиките на Србија, Бугарија и Грција кои се дијаметрално спротивни една на друга и во кои секогаш е “нивната” народност побројна во однос на другите две. - Давајќи ги податоците од В. К`нчев (Бугарија, 1900 г.), од С. Гопчевиќ (Србија, 1889 г.) и од Г. Делјани (Грција, 1904 г.), крајно непрофесионално и ПРИСТРАСНО ќе ги форсира САМО БУГАРСКИТЕ ЗА НАЈВИСТИНИТИ, иако сите три се грабливки со иста цел. Тој вели: „САМО БУГАРСКАТА СТАТИСТИКА ЈА ЗЕМА ПРЕДВИД националната свест на самите луѓе. Српските сметања се ГЛАВНО (?! -з.н) засновани врз резултати од проучувањето на дијалектот и врз идентитетот на обичаите: Затоа се тие ГЛАВНО ТЕОРЕТСКИ и АПСТРАКТНИ ПО СВОЈОТ КАРАКТЕР“. - За да му држи тезата, дава и стари мапи од Ами Боне (1847 г.) каде Mакедонија e со “Бугари”, време кога едвај има претстава во Европа до каде е кој народ низ Балканот (тогаш има и мапи каде Бугарите, Хрватите, Босанците или др. за Европјаните сe -“Срби” ?! - з.н). - Свесен за ова, спомнува дека локалните карти од подоцна ја прават Македонија или Српска или Грчка. - Српските мапи ги напаѓа како променливи во зависност од приликите додека Бугарските биле исти, што за него е некаков доказ за – исправноста на Бугарските тези (?!). Затоа и нема да сретнете никаде да нападне Бугарска мапа за разлика од сите други мапи.
Македониум |