Среда, 28 Август 2013   
Лизимах (360 п.н.е. – 281 п.н.е.)

lizamahЛизимах бил Македонски офицер и „наследник“ (дијадох) на Александар Македонски, подоцна и крал (306 п.н.е.) на Тракија и Мала Азија.

Лизимах бил роден 362/361 п.н.е., како син на Тесалиецот Агатокле од Кранон. Живеел во Македонија и своето образование го стекнал во Пела. Најверојатно бил избран за телохранител за време на кралувањето на Филип II Македонски. За време на воениот поход на Персија од страна на Александар Македонски, тој бил еден од неговите најверни телохранители. 324 п.н.е., во Суса, тој добил признание за неговите ации во Индија. После смртта на Александар, 323 п.н.е., тој бил назначен за управител на Тракија како стартег.

Се родил во Пела, Македонија, како син на Агатокле. За време на походот на Александар во Персија бил еден од неговите непосредни телохранители и се истакнал во Индија. По смртта на Александар во (323 п.н.е.) бил назначен да управува со Тракија и Херонез. Долго време главна преокупација му била борбата со одрискот крал Севт III.

Во 315 п.н.е. им се придружил на Касандар, Птоломеј и Селевкид против Антигон, кој меѓутоа му го свртел вниманието со подбуцнување на тракиските и скитските племиња против него. Во 309 п.н.е., ја основал Лизимахија во командна позиција кон грлото каде Херонез се врзува со главното копно. Го проследил примерот на Антигон, па се прогласил за крал. Во 302 п.н.е. кога била направена втората свршувачка помеѓу Касандар, Птоломеј и Селевкид, Лизимах, потпомогнат од единици на Касандар, навлегол во Мала Азија, каде не наишол на отпор. При доаѓањето на Антигон тој се повлекол да презими во Хераклеја, па се оженил со вдовицата Амастрида, персиска принцеза. Селевк му се придружил во 301 п.н.е., и во битка кај Ипс Антигон бил поразен и убиен. Неговите територии си ги поделиле победниците, со тоа што Лизимах го добил поголемиот дел од Мала Азија.

Насетувајќи дека Селевк станал опасно голем, Лизимах сега се сојузил со Птоломеј, оженувајќи ја неговата ќерка Арсиноја II. Амастрида, која се развела од него, се вратила во Хераклеја. Кога синот на Антигон, Деметриј го повторил непријателството (297 п.н.е.), за време на неговото отсуство во Грција, Лизимах ги зазел неговите градови во Мала Азија, но во 294 п.н.е. склучил мир каде Деметриј бил признаен за владетел на Македонија. Се обидел да ја прошири својата власт преку Дунав, но бил поразен и заробен од гетскиот крал Дромихет кој по пријателски договор, го ослободил. Деметриј потоа и` се заканувал на Тракија, но морал да се повлече заради ненадејно избивање на востание во Беотија, како и од напад од Пир Епирски.

Во 288 п.н.е. Лизимах и Пир извршиле инвазија на Македонија, и го избркале Деметриј од земјата. Најпрвин на Пир му било дозволено да ја држи Македонија со титула крал, но во 285 п.н.е. нe бил истеран од Лизимах.

Домашните проблеми ги загорчиле последните години од животот на Лизимах. Амастрида била убиена од нејзините двајца синови; Лизимах предавнички ги погубил. При неговото враќање Арсиноја ја побарала Хераклеја како подарок, а тоа тој и` го одобрил, иако ветил дека ќе го ослободи градот. Во 284 п.н.е. Арсиноја, во желба за наследство за нејзините синови наместо Агатокле (најстариот син на Лизимах), почнала со интриги против него со помош на нејзиниот брат Птоломеј Керавн; го обвиниле дека тој со Селевк заговарал да го заземе престолот, па бил погубен.

Оваа свирепа постапка на Лизимах предизвикала голема огорченост. Многу од градовите во Азија се побуниле, а неговите најверни пријатели го напуштиле. Вдовицата на Агатокле пребегала кај Селевкид, кој веднаш извршил поход на територијата на Лизимах во Азија. Во 281 п.н.е., Лизимах го преминал Хелеспонт и влегол во Лидија, и бил убиен во решавачката битка кај Курупедион. По неколку дена било најдено неговото тело, чувано од верен пес, било најдено на полето и предадено на син му Александар, кој го погребал во Лизимахија.

Извор:

  • Аријан, Анабаза v. 13, vi. 28
  • Јустин xv. 3, 4, xvii. I
  • Квинт Куртиј V. 3, x. 30
  • Диодор Сикул xviii. 3
  • Полибиј v. 67
  • Плутарх, Деметриј, 31. 52, Пир, 12
  • Апијан, Syriaca, 62
  • Коноп Тирлвол, Историја на Грција, vol. viii. (1847)
  • Џ. П. Махафи, Приказна за Александровото царство
  • Ј. Г. Дројзен, Хеленизам (Второ изд., 1877)
  • Агдолф Холм, Грчка историја, Том iv. (1894)
  • Бенедикт Низе, Историја на грчките и македонските држави, том. i. и ii. (1893, 1899)
  • Карл Јулиј Белох, Грчка историја vol. iii. (1904)
  • Хунервадел, Истражување за историјата на крал Лизимах (1900)
  • Посенти, Кралот Лизимах од Тракија (1901)
  • Гионе, Белешки за кралството на Лизимах (Кралска академија Торино, xxxix.)

Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.