|
|
Постои голема блискост меѓу илирските, тракиските и македонските племиња |
Тезата дека Албанците имаат илирско потекло, која ја промовираат најчесто албанските теоретичари држејќи за лингвистичката теорија, никогаш не била потврдена. Дури и фактите кои укажуваат дека албанскиот јазик нема илирско, туку тракиско потекло, се игнорираат. Причината зошто се држат до тезата дека имаат илирско потекло е едноставна. Тие сакаат да истакнат дека имаат природно право на територијата на која некогаш живееле Илирите, а доколку ја прифатат теоријата дека имаат тракиско, односно дакомезиско потекло тоа значи дека потекнуваат од источниот дел на Балканот и дека се дојденци на оваа територија. „Непосредни сведоштва за јазикот на Илирите многу се скудни. Се се сведува на еден краток натпис пронајден кај Скадар, Албанија, како и на сопствените имиња. Научниците долго време веруваа дека речникот и изговорот на денешниот албански јазик (чии најстари пишани документи потекнуваат од 15 век), ќе им овозможи да го откријат чистото илирско јадро, кога ќе го исчистат од сите позајмици од грчкиот, латинскиот, венетскиот и турскиот јазик, потоа славјанскиот и уште други јазици. Меѓутоа, не е мал бројот на нови научници кои сметаат дека не може да им помогне да го реконструираат стариот илирски јазик ако албанскиот јазик го проучуваат одвоено, бидејќи тој самиот се има развиено од мешавина на трачки и илирски“ – ќе забележат авторите на вториот том на „Историјата на човештвото - Стариот свет“, Луиџи Парети, Паоло Брези и Лучијано Петех. Според научниците „Илирите се индоевропски народ за кој се` уште не јасно дали припаѓаат на западната, источната или на некоја посредна група, која по се изгледа својот продор на северозападниот дел на Балканот го има направено во XIV век п.н.е. По нивното навлегување тие ги потиснале Тракијците на југ и исток, по што доаѓа на мешање на трачкиот и илирскиот јазик и негов посебен развој. Можеби со тој факт најдобро можат да се објаснат разликите кои постоеле меѓу старите антички илирски населби во Италија, во венетските населби каде се наидува на правиот северно-илирски јазик, додека во оние во Апулија и Месапија (пета на италијанската чизма) се употребувал говор кој бил мешавина од трачко –илирски јазик“. Интересно е што и овде авторите Илирите ги поврзуваат со Венетите, кои според поновите истражувања биле (веројатно) наследници на древната цивилизација на Хипербореја за кои е врзан култот на олимписките богови (Зевс, Лето, Аполон и Артемида), а исто така и наследници на Етрурско-Пелазгискиот супстрат (дел од кој потекнуваат и Македонците). Според овие објаснувања „Венетите не се Славјаните, туку далечни претци, од која што потекнува вистинската генеолошка линија на Славјаните. Поврзувајќи ги нив авторите ќе забележат: „Од дијалектот на старите Венети сочувани се до денешен ден, покрај сопстевните имиња околу 200 кратки написи напишани на северно-етрурско писмо кое се употребувало од IV до I век п.н.е. Меѓутоа, Илирите го зазедоа венетскиот дел на Италија во најмала рака уште на почетокот на железната ера (1.500 – 1.300 г. п.н.е.), кога настанала карактеристичната „атестинска“ цивилизација. Дека Венетите се прави Илири експлицитно тврдеа Херодот (I, 196) и Полибиј (II, 17), кој напишал дека нивниот говор се разликува од келтскиот иако цивилизациите им се слични. Оттука лесно може да се претпостави дека Венетите како и Либурните во близина на Атернус во Пиценум (ште не наведува на тоа да се потсетиме на Либурните во Илирик кои ги спомнува Плиниј во својот „Прородоопис“ III, 110, 112) биле од илирско потекло, но во Италија се измешале со староседелците (пред-индоевропските народи), кои живееле на две територии на кои се наслиле... Од Балканот доаѓаат и неколку други народи чие илирско потекло може да се докаже, но тие пристигнале по морски пат пред грчката колонизација на Тарент. Тоа се: Даунјани(сп. Фестус, Епит 69 м.), Пеуцетијци (Плиниј, III, 102), Салентинци (Probus o Vergilu, Ekl VI, 31;. Фестус 329), и Месапијци (Никандер во написот Антониус Либерталис, 31). Нивното заедничко име било Јапиги, а ова име уште Хекатеј го поврзува со името Јаподи, кои живееле од другата страна на Јадранско море“. На крајот, во заклучокот авторите ќе забележат дека „нивните сопствени имиња и околу 200 сочувани натписи овозможиле да се направат цела низа на уверливи споредби меѓу нив и раното јадро на народите кои живееле во Албанија. Дојдоа, веројатно, од еден дел на Илирија, каде што мешањето со тракиската раса била поочигледна“. Но, научниците (вклучувајќи ги албанските) „губат од вид неколку основни факти кои ги констатираат античките историчари, а тоа е дека тракиските, илирските, македонските и скитските племиња биле многу блиски речиси еднородни племиња. Нив ги поврзувала многу блиска религија, обичаи и јазична блискост така што лесно комуницирале и се разбирале“. (Л. Славевска: За македонската генеза) Во основа сите тие се протославјански народи. Сепак, потеклото на Албанците останува предмет за спор меѓу историчарите. Некои истражувачи се согласуваат дека Албанците се потомци на древните Илири кои биле романизирани за време на Римската Империја. Другите пак сметат дека Албанците се дојденци на Балканот од времето на средниот век. Во поддршка на тезата , овие истражувачи истакнуваат дека Најраното споменување на Албанци со нивната Арбанон е на крајот на 11 век од страна на Ана Комнина во нејзината позната „Алексиада“. Но постојат и други верзии, како таа дека Албанците се потомци на Кутригури, Авари (Обри) или други племиња од Индо (ирански) потекло од времето на големато преселба на народите. Како поддршка на алтернативната теорија, истражувачите го забележуваат фактот дека во антиката постоела кавкаска Албанија. Видливо е дека има малку веродостојни податоци за минатото на Албанците. Нема ни посебни траги во митологијата и фолклорот. Тие не можат да го дадат правиот одговор. Освен тоа, со територијата на Албанија владееле Македонците, Римјаните, Византија, Србите, Турците. Единствено лигвистиката може да даде некаков одговор. А според неа, од современите јазици албанскиот е најблизок со ерменскиот. Така, колку и да се сака преку лингвистиката да се докаже поврзаноста на денешните Албанци со древните Илири, доказите не се доволни да ја заштитат таа теорија. Оттука, Албанците не можат да се повикаат дека имаат екслузивно право на земјата која ја населуваат. (извор: „Историја човјечанства – Стари свјета“, том II, книга I, Загреб, 1967, стр. 80-82) |