Среда, 18 Септември 2013   
Античка македонска архитектура и урбанизам (3 дел)

melanija-sherdenkovska
Меланија Шерденковска - Доктор по технички науки од областа на архитектурата

УРБАНИЗАМ

macedonia_stobi_theatre-600

Она што денеска е познато како Македонска античка архитектура и урбанизам, во светски рамки, во суштина е започнато во Македонија многу векови пред Александар. Терминот во себе ги содржи карактеристиките на архитектурата и урбанизмот на Македонската монархија, но во поглед на грандиозноста на изградбата најзначајни се трите века, почнувајќи од Александровите освојувања, па се до паѓањето на последното Александрово кралство, Клеопатриниот Египет, во 31 година п.н.е. Архитектурата во овој период не била ниту статична ниту униформна, на огромната територија, на која е инволвирана.

Најинтензивни промени и воопшто карактеристики, според кои можеме да ја препознаеме како посебен ентитет, Македонската држава донела на подрачјето на урбанизмот. Тоа се случува во периодот на нејзиниот подем, почнувајќи од градењето на новата престолнина Пела, во времето на кралот Архелај I, но доминантното влијание се случило за времето на походот на Александар Македонски и во периодот на диадосите, односно времето на подемот и проширувањето на Македонската култура воопшто во светски рамки. Тогаш е внесена една суштинска критичка ревизија на урбанизмот и планирањето на градот и просторот воопшто, како и битни квантитативни и квалитативни иновации. Тоа е време на големи и динамични општествено-политички промени, пропратени со интензивна урбанизација, посебно на подрачјата на  Сирија, Палестина, Меѓуречјето и Египет. Самиот Александар Македонски со својот штаб на научници, што ги повел на својот неверојатно брз продор кон Ориентот основал и изградил за само 11 години (според Плутарх) повеќе од 70 нови градови. Неговите наследници оделе по неговите стапки и ја следеле истата грозница на градоградење. Повеќето од овие новонастанати градски агломерации станале важни политички и трговски средишта.

Мерката на  градот била битно променета. Во споредба со класичниот, Македонскиот период можеме да го сметаме за период на процвет на  големите градови. Тие градови се големи, не само по површина и по број на  жители, туку, што е уште поважно, по значењето, по вредностите, по многубројноста и разноврсноста на функциите и по опсегот на интернационализмот на  културните и трговските релации. Интензивната, брза и масовна изградба, со примена на тогаш најмодерната технологија, наметнала потреба за рационално користење на тлото, а со тоа и според самата логика на својата практичиност и општата примена на  геометрискиот план, како на територијата на  градовите, така и во околните земјоделски ареали. Спонтаноста во освојувањето, уредувањето и обликувањето на просторот, така својствена на архајскиот и класичниот период во Грција, како и во нивните освоени колонии - градови-држави, потполно е превладан и заменет со рационалното -  спекулативно планирање. Сите наведени промени и иновации, со кои  Македонскиот период ја збогатил историјата  на  урбанизмот, возможно е да се следат во најголема мерка и во полн замав во новооснованите или старите реконструирани градови во Мала Азија, Блискиот Исток и Северна Африка. Во Македонија од тоа време посебно треба да се истакнат градовите Пела со соседната кралска резиденција Палатица (основана околу 400. год. п.н.е. како престолнина), Солун е основан 309 година п.н.е., и Стоби (со иницијална фаза од петиот век п.н.е.). Во Тесалија, каде што околу заливот Волос постоела долга традиција на примарниот супстрат на урбаната цивилизација уште од праисториско време (Сескло, Димини, Иолкос, Лариса), македонските диадоси основаат на  почетокот на  третиот век п.н.е. нова престолнина Деметриос наспроти старата утврдена населба Горица.

Градовите во Македонија во IV век п.н.е. бележат едно високо културно ниво и стандард на живеење. Остатоците од тие градови во Олинт, Пела, Амфиполис покажуваат познавање на современите принципи на урбано планирање, со специјално внимание кон положбата и распоредот на улиците и секогаш снабдени со систем за довод и одвод на вода, наспроти Хеленските градови, кои се развиваат слободно по падините на брдата и кои не располагаат со ваков водоводен систем, туку отпадните води се сливаат низ улиците кон морето.

Како што веќе спомнавме, полното богатство и целата раскош на античкото Македонското градителство го наоѓаме надвор од географските оквири на Македонија. Во Мала Азија, сириско-месопотамиското подрачје и Персија, пред продорот на Александар Македонски, ја наоѓаме ориенталната културна оставштина и монументалното градителство на претходните епохи, кои биле погодна подлога за развој на Македонската традиција. Напредните градови на обалите на  Мала Азија, богатите трговски средишта во Сирија и престолнините и велеградовите во Асирија и Вавилон го преземале водството и станале многу рано епицентри на античката Македонска култура. Да спомнеме само некои на егејската обала на Мала Азија и непосредната позадина: Троја (VI и VII урбан слој), Милет, Приена, Родос, Книд, Хераклио, Асос, Пергамон, Ефес, Магнезија на Меандар, Халикарнас, Хиерополис, Ксантос, Пергамон и многу други.

Многумина научници досега кажале дека Македонското време на урбан развој  е дел од еден целосен процвет на човештвото, иако денеска, оваа вредна репрезентација на урбаниот развој е тешко достапна за нас, доколку сакаме да ги откриеме вредностите на тој период до крај. Премногу е уништено во виорите на времето или лежи сеуште закопано во руините испод останатиот градежен материјал; новостите со кои разноликите слики  на овие градови, кои биле повторно разбудени, би биле познати како воодушевувачки.

Македонскиот град просперирал на многу различни нивои, многу повеќе во внатрешноста отколку на бреговите, взимно како на кружните ридови, така и поред реките. Нивната позадина не била морето и трговијата преку него, туку нивниот внатрешен сообраќај, земјоделството,  богатите странски провинции и идеата за едно складно светско царство. Задачата на античкиот Македонскиот град не била само да биде домаќин за Македонците, туку и да создава нова култура, на една униформна воља на светската власт.

Во Македонското време, сите градови доживуваат силен економски, урбанистички и културен развој. Меѓу нив особено се истакнува Пергамон, кој станал заедно се Александрија и Антиохија еден од трите најголеми жаришта на  Македонската култура. Тој новооснован град на стрмите падини и  долината Селинос и со величенствениот акропол на самиот раб на сртот бил расадник на  оваа култура, не само во текот на Македонскиот, туку и целиот римски период. Како и во соседните градови на западните обали на Мала Азија, во Пергамон, традицијата во полн континуитет, но сега обогатена со нови влијаниа создала дела, кои представуваат највисоки дострели на античката Македонската епоха, така што е обележена во  културната  историја  како  Пергамонска  школа на градителство и уметност.

Базата  на Македонскиот урбанизам била прво енормно зголемена  со богатство и моќ, персонално и комбинирано истовремено, така што прераснало во генерална традиција, збогатена со стандардизираната промена на заедничкиот јазик и второ, вољата на богатите, кои ја натерале локалната власт дарежливо да троши, за материјалната благосостојба на градот. Јавните објекти биле поставувани околу храмовите, одбранбените зидови биле зајакнувани и биле планирани основните сервисни елементи, како што се улиците и системот за довод и одвод на вода. Но најголемата заслуга сепак му припаѓа на цивилниот патриотизам, кој ги донел богатите сметки со кои бил постигнат евидентниот сјај и величенственост на најголемиот број од градовите. Насекаде биле поставувани статуи на локалните добротвори. Културата, која во текот на вековите деклинирала кон комеморација на живите личности, освен кога се однесувала на победниците на големите игри, сега ги исполнила светилиштата, јавните објекти и објектите на власта со редови од богати личности, во бронза или камен, или дури и од сребро или злато, а дури и се поставувале специјални холови, во чест на овие статуи.

Станало кристално јасно дека респектираните градови биле развивани кон слава, величанственост и аристократско достоинство. Самоуправата, храмовите и руралната територија, веќе не биле доволни за да се изгради град. Македонскиот град имал аспирации да биде целосно изведен како уметничко достигнување.

Ортогоналната мрежа бил омилен начин на планирање. Но, во истото тоа време една нова школа на планирање се претставила со многу повеќе динамика во организацијата на ридестите градови, базирана на вертикално, три димензионално  единство на главните групи објекти. Методот со кој е работено,  бил поставен во мугрите на Македонската култура, но бил извонредно стручно развиен во Халикарнас, градот на кралот Мавзолеј, кој бил поставен како еден голема театарска сцена, околу морската обала и бил опфатен со кралската монументална гробница, познатиот Мавзолеум. Аталидската престолнина Пергамон е најмаркантниот продукт од таа школа за планирање.

Веќе генерација или две пред Александар, градските зидини биле сметани за елемент на ослободена естетска концепција, покрај нивната основна намена. Аристотел во својата книга Политика напишал: „Зидините мора да се гледаат како вистински орнамент во градот, исто онака како што служат за одбрана во време на војна“. Македонските зидини конечно ја свртиле градбата најчесто кон псевдоизометриска варијанта -  зид составен од правилни квадратни блокови со нееднаква височина и воведувањето на кружните кули, кои на војската и овозможувале супериорна позиција. Докажаната одбранбена способност, како и новите машини дизајнирани на принципот на работа на катапулт и многу прецизните проектили со голема брзина и на огромни растојанија, барале многу поголеми и  поистакнати кули, исто онака, како што бил потребен многу поразвиен систем на канали околу тврдината, како и надворешни одбранбени градби. Тврдините на Епиполаи и Сиракуза покажувале каков треба да биде урбаниот, техничкиот и визуелниот ефект на новиот одбранбен систем. Најчуствителните западни тврдини, во непосредната близина, биле бранети со три сукцесивни канали всечени во карпите, линиски бастиони и далеку назад масивен ѕид со пет гигантски кули, за да  заштитат од тешките батерии, кои влегле во употреба во касниот трети век п.н.е. Ингениозната мрежа на тунели и галерии, преку кои била овозможена комуникација помеѓу надворешните одбранбени објекти, но и со градскиот ѕид, ископана во карпите или сводесто изградена, била во експертска функција.

Класичната Хеленска Архитектурата не покажува интерес за сводовите и арките. Суштински, интересот за ваквата форма на лачно поврзување на столбовите се развива во Македонската архитектура, до граници, во кои архитектонските програми сега воведуваат специјални проблеми, што не можеле така лесно да бидат решени преку линеарниот начин на градење. Ова требало да биде направено кај сите покривни елементи, кои не го задржуваат правецот на хоризонталата, било тоа да се коси или закривени - лачни површини. Подземните градби како што се  подземните гробници во Македонија и Александрија, кои требаа да го совладаат јакиот надворешен притисок и поставувањето на тераси, односно платформи, во нив, конкавно засводените простории се многу поефикасни во совладувањето на нивоата. Овие лачни форми поседуваат суштинска утилитарност, наспроти нивното срамежливо флертување со арката како декоративен елемент, особено во дизајнот на монументалните  влезни порти во тврдините. Примерот што го потврдува ова тврдење е источниот влез во агората во градот Приена, кој ја оформува перспективата на колонадите на двете стои. Најверојатно од употребата на стоите вдолж улиците, доаѓа и идеата за авении со колонади поставени по целата нејзина должина, за да се обезбеди засенчен простор за пешаците и да го внесе јавниот пешачки сообраќај директно во градската помпа. Како додаток на вака оформената улица, градските автори додаваат продавници, во позадина на пешачката зона. Церемонијалната улица на овој начин станува двоен линеарен маркет.

Во Приена се сретнуваме со уште една новина на Македонскиот урбанизам а тоа е оформувањето на фасадите кон улицата со колонади од столбови, кои се изведувани испред веќе изградените објекти со кои е создавана надкриена пешачка патека, а во исто време се создава ѕид-кулиса, со кој се изедначува висината на објектите вдолж улицата. Во позадината на овака обработената улица, најчесто се поставувале продавници, па така Церемонијалната улица претставувала удвоен линеарен маркет. Авениите со колонади, покасно станауваат феномен на Македонската архитектура, а улиците биле долги, како програмски зададен елемент во архитектурата, кој постојано се применува. Најубавите улици изградени во античкото Македонското време биле многу широки и униформно поплочени. Нивната минимална широчина била со закон пропишана на најмалку 9 м, за главната улица, и најмалку 3,5 м за споредните улици.  Не ретко сретнуваме улици со драстично поголеми димензии, посебно тоа е истакнато за споредните улици.

Македонскиот дизајн, уште поблиску ги диктирал принципите, преку кои објектите можеле да придонесат за визуелниот ефект на главните авении на кои се наоѓаат. Преку овој дизајн биле поставени и две паралелни концепции во нивните односи. Постарите згради биле соодветно доработени, и понекогаш, неколку единици со различна височина и форма биле заедно обработени со соодветна колонада и трем на фасадата. Во исто време влезовите во новите згради, биле изведувани како значајни делови од објектот, со импозантни влезни партии и предворја изведени како градини, преку кои се приоѓа од улицата.

Прекрасните тврдини, импозантните градски порти со дворишен простор измеѓу двете негови фасади, авениите со колонади, кои биле поставувани во просторот помеѓу главните простори во градот, ја донела градската форма во повисок контекст, отколку што самата, поединечно, можела воопшто да понуди. На овој начин бил постигнат воодушевувачки  ефект однадвор, исто онолку колку и во самиот градски простор. Градот бил доживување, кое се случува вдолж патиштата, кој бил доближен до пресметан величенствен архитектонски манир, за да се помине низ него грандиозно и да се постигне декоративен континуитет до следното случување.

Богатото космополитско општество на Македонската епоха со снажно развиено урбано стопанство, во кое се повеќе доминираат терцијарните и квартарните активности, многу автори со повеќе или помалку оправданија го споредуваат со денешната индустриска и потрошувачка цивилизација. Тоа се гледа и во самата структура на градот, кој интензивно се терцијаризира. Тука наоѓаме непрекинати низови на раскошни дуќани и работилници на  скапоцена стока, вдолж тремовите на главните улици, цели склопови на продавници, прави “shopping”-центри. Урбаната опрема станува се поразновидна и пораскошна, а бројот на  јавни објекти е се поголем. Поред некогашниот булетерион и метроон, се побројни се театрите, гимназиумите, палестрите, одеоните, библиотеките, бањите, лечилиштата, хотелите, гостилниците итн. Јавните простори и содржини на градот се децентрализираат и специјализираат кон намената и содржината, а добиваат раскошни архитектонски облици. Некогашната строга монументалност е заменета со  богата декоративност. Во општата слика на градот зеленилото станува составен дел на  неговата планска концепција, као важен елемент за рекреација и урбана естетика.

Анализираните карактеристики на урбанизмот и архитектурата ја потврдуваат поставената теза за нивната посебност и самостојност, односно исклучиво самостоен развој, поставуван и оформуван, надградуван врз база на сопственото истражување на недостатоците на дотогашниот развој. Затоа и се појавува потребата за поставување на нови термини, преку кои ќе биде детерминиран сосема новиот ентитет - Македонски антички урбанизам и Македонска античка архитектура. Во однос на целокупниот развој и карактеристики на севкупната уметност, култура и воопшто цивилизациски развој -  Македонски антички период во светски рамки развиван во периодот од почетокот на Македонската монархија, преку освојувањата на Александар Македонски, преку кралските династии на дијадосите, па се до паѓањето на последното Александрово кралство, Клеопатриниот Египет, во 31 година п.н.е, под Римската власт.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.