|
|
За притисоците на фанариотските владици во серската област |
Писмо од проигуменот Дионисиј до Стефан Верковиќ за притисоците на фанариотските владици во Серската областМинатата зима еден се осмели да каже во црквата едно “оче наш” и за тоа прележа еден месец в затвор и плати глоба 280 гроша; таму му ги ископаа очите од иконата Свети Кирил и Методиј и сето тоа станува по советот на владиката... „Ваше благородие, г-дин Стефане Верковиќ, здраво! ...Сега да ви раскажам нешто за нашата татковина Серскиот округ, за Драмската, Неврокопската и Мелничката каза. Во сите спомнати окрузи фанариотските владици се трудат на секаков начин да погубат и да поништат сеж што е словенско. Никогаш досега не било такво гонење на нашата народност како сега. Сите што беа со народни чувства ги предадоа на турската власт и многу од нив ги испратија на заточение, многу поизумреа во затворите и денес се пак полни затворите, а и мнозина избегаа од татковината, та се скитаат по кнежевството (Бугарија, н.б.) и по автономијата (Источна Румелија, н.б.) за да си го спасат животот. Само од нашето село Горно Броди изумреа по затворите во Серес и Солун околу 40 души, а има во заточение околу 15 души, додека во кнежевството и во автономијата има повеќе од 200 души бегалци, кои си ги оставиле во својата татковина своте деца и жени да плачат и да жалат за нивните татковци. Овде во Софија, во Дупница и во Ќустендил, може да има повеќе од 10.000 такви бегалци од несреќна Македонија... ...И штом ги истребија народните луѓе од нашата татковина, почнаа силно да работат со силогосите (грчки друштва за просветна пропаганда, н.б.) и да испраќаат бесплатно учители. Од лани наваму во нашето село располагаат грчки учители и учителки и силно ги учат да зборуваат на грчки јазик, за да ги привлечат девојчињата на грчкото учење, бесплатно ги облекоа во граѓански алишта. Големо внимание му имаат обрнато на нашето село како главно од скоро 900 куќи за да го погрчат. Таму и во двете цркви нема веќе да се чуе ниту едно “господи помилуј”. Минатата зима еден се осмели да каже во црквата едно “оче наш” и за тоа прележа еден месец в затвор и плати глоба 280 гроша; таму му ги ископаа очите од иконата Свети Кирил и Методиј и сето тоа станува по советот на влади-ката... ...Две години готови пари трошам, нема да ми се даде некое место во кнежевството колку за лебот да го вадам та затоа сум во очајна состојба, а најмногу ме вознемирува, како мене така и сите други мои сотатковинци бегалци што не се предвидува до кога ќе биде, една ли, две ли, пет или десет години ова страдање или до крајот на животот. Во Берлинскиот договор, како што знаете, има член да се воведат и во Македонија реформи како и дека лани во Цариград изработи Европската комисија еден органски устав како треба да се управува Македонија. Јас помислив за добро да направиме една молба од страна на Македонците кои се наоѓаат овде да се потпишат, а можат да се најдат 6-7.000 потписи и ова нешто тајно му го предложив на г. Марин Дринов (бугарски историчар и славист, н.б.), а тој ми го одобри предлогот, но ми одговори дека сега не е време, додека се поправат работите во кнежевството. И така остана за друг пат да дадеме жалба до европските сили, но и Русија сосем не неж застапува и сосем неж остави, ја измени политиката и, како што гледаме од весни-ците, сака да неж жртвува на Грците и не остава на нивните произволии. Ве молам пишете ми ако треба да имаме некаква надеж или да очајуваме! Овде, благодарам на бога, што се во добра положба училиштата и многу деца што има од Охрид, Прилеп, Велес, од Разлог и Неврокоп, но од Серскиот, Драмскиот и Мелничкиот округ за жал скоро нема ниедно! Министер на просветата е Константин Иричек (чешки историчар, прв министер на просветата во Бугарија и автор на првата научна историја на Бугарите, н.б.), кој ја составил бугарската историја и таму пишува дека нема верба во нашите песни, но јас му докажав дека сите досега од вас проучувани песни и други народни споменици со многу труд сте ги пронашле и дека никакви ваши додатоци нема во нив, а песните се од простиот народ како што сте ги чуле! Тој вели дека не е возможно човекот да дума толку многу стихови, но јас му одговорив дека и јас сум сведок на неколку песни кога ги запишуваше Иван Даскалот од простите луѓе и така го убедив да поверува...” Документи за б’лгарското в’зраждане от Архивата на Ст. Веркович, стр. 602-604; Љ. Лапе, Одбрани текстови..., II, стр 247-249; |