Среда, 25 Септември 2013   
Македонците биле спречени да учествуваат во Охридското востание - Политика од 12 септември 1913

 

На состанокот меѓу македонските и албанските претставници одржан во Елбасан било одлучено заедничкото востание против српскиот режим да започне на почетокот на октомври 1913 година.

По потпишувањето на Букурешкиот договор на 10 август 1913 година, на состанокот на ЦК на ВМРО било решено да се побара од големите сили ревизија на договорот. Меѓутоа, откако делегацијата составена од професорите Љубомир Милетиќ, Иван Георгов и Александар Балабанов согледува дека меѓу Големите сили нема слух за желбите и потребите на македонскиот народ. Македонската Револуционерна Организација според договорот започнала со припреми за продолжување на револуционерната борба.

Организацијата кон крајот на август 1913 година испратила директива до македонските војводи и револуционери да го подготват македонското население за нова борба. Согласно распоредот на српските војски кои во најголем дел се сконцентрирани на границата кон Бугарија, Организацијата одлучува востанието да биде кренато во Битолско, Охридско и Дебарско. Истовремено оваа одлука добива поддршка и од албанскиот револуционерен комитет кој се согласил со МРО за заеднички дејствија против српската власт во Македонија.

На состанокот меѓу македонските и албанските претставници одржан во Елбасан било одлучено заедничкото востание против српскиот режим да започне на почетокот на октомври 1913 година. По донесената одлука, македонската емиграција во Бугарија се обидува масовно да се врати во Македонија под српска власт, но наидува на препреки.

Меѓутоа, иако подготовките не биле целосно завршени, востанието започнало еден месец порано и брзо се проширило во Дебарско, Струшко и Охридско. Обединетите македонски и албански чети го зазеле Дебар и на 9 септември 1913 година ја протерале српската администрација и воспоставиле нова власт. Три дена потоа, на 12 септеври 1913 година, четите на Петар Чаулев и Павел Христов влегуваат во Охрид каде воспоставуваат нова револуционерна власт, а исто се случува во Струга и околните села.

Белградска Политика од 12 септември 1913 година известува за настаните во Македонија и борбите кои се водат со востаниците. Во извештаите од 11 и 12 – ти септември белградскиот весник пишува дека албанските чети и околу 1.000 „бугарски комити“ кои настапуваат во две колони, една према Струга и Охрид и другата према Гостивар, се побројни од српската војска. Исто така се известува дека востаниците го освоиле Галичник, а во опасност се Струга и Охрид, како и тоа дека комитите од Елбасан се движат према Битола.

protiv-makedoncite-1

Меѓутоа, информацијата во која се вели дека „од Софија не ги пуштаат нашите поданици на нивните огништа“ дава повеќе светло за овие настани.

Во текстот под наслов „Против Македонците“, авторот на веста која ја пренесува белградска „Политика“ ќе забележи:

„Ние веќе ги демантиравме како лажни вестите од Софија дека нашите власти не им дозволуваат враќање на овие наши нови поданици кои бугарската армија по поразот ги повлекле со себе или кои сами се засолниле во Бугарија до завршување на војната.

Ние тогаш посебно нагласивме дека Софија со такви клевети сака да ја прикрие причината зошто маса на Македонци не се враќаат во своите села и дека во целата работа постои нешто друго.

А сега, самите Бугари признаваат и несвесно го откриваат теророт кој го вршат над македонските бегалци.

Вчерашната софиска „Камбана“ жали како секој ден голем број македонски бегалци ја опседнуваат тамошната руска мисија и молат да им дадат српски пасоши за враќање во татковината.

И  „Камбана“ вели: „Во градовите и селата кои и` остануваат на Бугарија има доволно места за бегалците да се населат така да може да се сметаат среќни што нема да бидат посрбени.

Крајно е време да се спречи заминувањето на бегалците од Бугарија“.

После оваа изјава на „Камбана“, а така мислат сите во Софија, може бугарскиот печат колку што сака да докажува дека ние не ги пуштаме Македонците во нашите граници“!

protiv-makedoncite-2

Од самиот текст видливо е дека македонската емиграција во Бугарија пред да започне востанието масовно се подготвувалаа да замине во Македонија, но била спречена. Исто така, со оглед дека оваа информација е ставена во контекст на востанието во Македонија, очигледно е дека Србите се плашеле од враќање на македонските емигранти во родниот крај и нивното вклучување кон востаниците, па се обидуваат да ги привлечат на своја страна. Не случајно Србите и покрај целата пропаганда која ја прават во минатото да го асимилираат македонскиот народ, во овој случај го употребуваат вистинското име - Македонци.

По тешките борби со српската армија кај Голо Брдо, на 20 септември 1913 година, албанските чети се распуштаат и со своите семејства се засолнуваат во Албанија. Војводата Петар Чаулев, согледувајќи дека се оставени сами, ги распушта македонските востанички чети, оставајќи помали единици предводени од месните војводи да го заштитат населението.

Предвременото кревање на востанието, како и спречувањето на македонската емиграција да се врати во родниот крај, се дел од факторите за неуспехот на Охридското востание. Последиците по населението и материјалните добра биле огромни.

По востанието српските сили извршиле масовен терор врз востанатото население во Охридско-Дебарскиот крај. Биле извршени голем број убиства, силувања, а изгорени и опустошени биле голем број села меѓу Охрид и Гостивар.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.