Среда, 16 Октомври 2013   
Писмо од Димитров до Тито - (28 јули 1944 година)

ЗА ПОГРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА БРП (К)  ПО МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ И УПАТСТВА ЗА НАТАМОШНО ПОСТАПУВАЊЕ

 

bodoni(Во писмото на Георги Димитров до Јосип Броз Тито, Димитров ја прифаќа критиката на Тито за погрешната политика на Бугарската работничка партија (комунисти), спрема македонското прашање и развитокот на партизанското движење во Бугарија, н.б.)

„Инаку, во однос на македонското прашање ги дадов следните упатства:

1.Решително да им се спротивстават на германско-бугарските  окупатори во Македонија.

2. Со сите сили да и даваат поддршка на македонската политика на нова Федеративна Југославија, што на Македонците им дава рамноправност.

3. Да избегнуваат било какви спорови околу територијалните прашања и идните граници на балканските држави.

4. Да спроведуваат единствена за бугарските, југословенските и грчките комунисти линија на борбата  против германските окупатори.

5. Да имаат предвид дека правилното решавање на територијалните прашања е можно само врз основа на заедничката борба на народите на Југославија,  Бугарија и Грција, заедно со Македонците.

Ослободувањето на Балканот од Германците-врз основа на братската соработка на овие народи, а пред се најдлабокото пријателство на нова демократска Бугарија и нова демократска Југославија како словенски држави, а со помошта на Советскиот Сојуз.

Сметам, дека не може да станува ни  збор  за одземањето на југословенска Македонија од Југославија, по сите оние огромни жртви што ги имаа а што уште ќе ги имаат народите на Југославија во војната против заедничкиот непријател. Како што веќе и самите забележавте, работата на БКП веќе се подобри, но треба се уште многу да се стори во таа насока. Основна неволја е во тоа што рако-водството на Комунистичката партија е мошне слабо, иако е составено од мошне предани луѓе... Поради тоа, паралелно со нужноста од натамошно исправување на линијата и тактиката на парти-јата, првостепена задача е да се зацврсти раковоството во центарот и на теренот.

...Не се сомневам дека во ова ќе ја дадете потребната помош, како и во вопоставувањето сигурна врска меѓу ЦК на БКП и вашиот ЦК...

Ќе ви бидам многу благодарен ако и понатаму ме известувате за Вашето мислење и забе-лешките за дејноста на Комунистичката партија.

Ги предадов Вашите писма упатени до другарот Сталин и другарот Молотов

Цврсто Ви ја стегам раката

Иван (Георги Димитров)”

Исто, Сл. Нешовиќ, Југословенско-бугарските односи... стр.209-211;
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.