Среда, 23 Октомври 2013   
Писмо од Форумот за човекови права на македонците од егејскиот дел на Македонија до грчкиот претседател Стефанопулос- 1996

БАРАМЕ ДА НИ СЕ ОВОЗМОЖИ НЕПРЕЧЕНО ПОСЕТУВАЊЕ  НА НАШИТЕ РОДНИ МЕСТА ВО  РЕПУБЛИКА  ГРЦИЈА БЕЗ УСЛОВУВАЊЕ

mk2„Ние Македонците од Егејскиот дел на Македонија, поранешни државјани и граѓани на Република Грција, во виорот на големите светски војни и особено по Граѓанската војна во Грција (1945-1949 год.) се најдовме реселени насекаде низ светот. Покрај страдањата на кои бевме изложени во текот на војните, ни беше одземено и правото да се вратиме во своите домови. До денес, и по речиси 50 години од овие настани, копнежот по родната грутка е наша зла судбина, животна сод-ржина, па дури и горчлива утеха.

Рестриктивните закони на Република Грција на сите нас кои не сме “Грци по род” не ни помагаат во тоа толку човечко настојување, нашиот вечен сон и нашата нескротлива желба да се вратиме на своите прадедовски огништа.

Сепак, посреќните од нас, некако успеавме да се најдеме во прегратките на својата света земја - Република Македонија.

Поучени од горчливото минато, ние не сакаме никој и никогаш во светот и посебно во Грција да ги доживее нашите искушенија. Нашите народи засекогаш ги врзала судбината, историското минато и географската предодреденост. Нашето познавање на грчкиот јазик, нашите роднински врски со старите наши роднини и пријатели ширум Грција, се аргумент повеќе да бидеме незаобиколна сврзница - мост меѓу двата народа.

Ваша екселенцио, имајќи ја предвид Вашата исклучителна политичка биографија, уверени сме дека под Ваше раководство Владата на Република Грција ќе постигне успеси за доброто не само на грчкиот народ, но и за другите народи на Балканот и пошироко. Затоа, слободни сме да побараме да ни се овозможи непречено посетување на нашите родни места во Република Грција без условување, а во сообраз-ност со начелата на грчкиот Устав.

Наедно, предлагаме да примите еднаш наша делегација која би Ве запознала со нашите проблеми, нешто кое ќе придонесе во заедничките добронамерни заложби за мир и разбирање...”

Сп. “Македонија”,  бр.516,IV.1996, стр 11
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.