|
|
Реферат на основачкиот конгрес на организацијата „Илинден” (1952 година) |
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КАКО НАЦИЈА ИМА ПРАВО САМ ДА РЕШАВА, ДА СЕ ОРГАНИЗИРА ВО ЕДИНСТВЕНА, НАЦИОНАЛНА, НЕЗАВИСНА, ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА
(Во април 1952 година, КПГ ја дала иницијативата за основање македонска организација „Илинден” на Македонците од Егејска Македонија, како антитеза на програмските цели на организацијата НОФ, со цел да се бори против политиката на НР Македонија и ФНР Југо-славија)
„Созревањето на идејата за национално ослободување на Македонија овозможи да се создаде националноослободителната организација ВМРО и да се крене Илинденското востание. Илинденското востание, и покрај поразот, е една величествена епопеја на македонскиот народ, која го инспирира во сите негови следни национални и социјални борби... Македонскиот народ, како нација има право слободно сам да решава за својата судбина. Стара негова желба е од времето кога се оформи како посебна нација да се организира во единствена, национална, независна, демократска македонска држава. За остварување на таа желба тој многу одамна водел национално ослободителни борби. Остварувањето на таа негова желба останува и натаму неотуѓиво право врз основа на принципот на самоопределување на народите до отцепување, што е задача на сиот македонски народ, која ќе ја оствари во општата борба на на-родите... Поради тоа пред Конгресот се наложи потребата да создаде нова организација за да раководи со натамошните борби на нашиот народ и општата желба таа да се именува со името Илинден, име сврзано со најсветлите традиции на нашиот народ и име што го вдахнува. Тоа е име што не потсетува на идеалите на Илинденската револуција со кои се вдахнуваа две генерации...”
Сп. „Илинден”, орган на организацијата Илинден, 1952, бр.1, ИНИ, Сл.ИИ 6840; |