|
|
Писмо од унијатскиот свештеник Лепавек до Февриал (20 февруари 1862 година) |
ЗА ЗАТВОРАЊЕТО И СМРТТА НА БРАЌАТА ДИМИТАР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ „Од извесно време не сум ви пишал... Мислам дека ви зборував за неколкумината учители, кои беа задржани (уапсени) во последно време, кога беше задржан и нашиот (Васил Манчов, н.б.); ние бевме мошне среќни да го ослободиме оној, кој ни беше земен од дома... Но еден друг стар учител, за кого држев многу, бидејќи тој имаше големо вли-јание во земјата, беше кренат оттука ноќе и одведен под стража во затворите во Цариград, каде што добрата сестра Мадлена го видуваше од време на време. Неговиот брат, учител како и тој, беше во Австрија кај монсињорот Штросмаер, епископ на Срем, кога ја примил таа тажна вест, напуштил се, за да дојде во затворот да го види и да работи за неговото ослободување. Но за несреќа тој скап брат бил чуван и изолиран. Сепак тој најде начин да дојде до него. Но по посетата тој самиот бил задржан во затворот. Ни пишаа од Цариград дека ќе бидат ослободени; но, разбравме дека и двајцата умреле во затворот, Бог знае од каква болест! Оваа смрт на двајцата беше мошне мачна; но на крај да биде волјата Божја! Стариот учител Миладинов остави во сиромаштија сопруга и пет млади девојчиња, од кои највозрасното е 15-годишнио. Ако имавме тука сестри, ќе ги молев да земат некое од нив. Смртта на нивниот татко и нивниот стрико во земјава отворено се при-пишува на тукашниот грчки владика и на охридскиот. Со силата на парите тие направиле да бидат неправедно затворени, од што следела и нивната смрт во затворот. Смртта на двајцата ги направи нашите луѓе (приврзеници на унијата, н.б.) исплашени повеќе от секогаш”. Извадок од писмото на Лепавек, Славко Димевски, Прилог кон прашањето за смртта на браќата Миладиновци, Гласник на ИНИ, г.ЏЏ, бр.1, Скопје 1976, стр. 125-126; |