Среда, 27 Ноември 2013   
Македонска парламентарна група

makedonska-parlamentarna-grupaМакедонската парламентарна група била легален парламентарен претставник на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација во Бугарското собрание, во периодот помеѓу 1924 до 1934 година.

Пратениците биле избрани со помош на ВМРО и се оформиле како посебна парламентарна група и станале политички субјект во законодавната власт. Групата стриктно добивала упатствата од организацијата.

На виенските разговори помеѓу ВМРО и претставниците на Коминтерната бил донесен и четвртиот завршен документ на виенските разговори - Декларација на македонската парламентарна група.

Во декларацијата било истакнато дека:
македонските парламантарци во бугарското Народно собрание и откажуваат секаква поддршка на владата на Цанков, престануваат да бидат одделни народни пратеници и образуваат самостојна Македонска парламентарн група, која констатира дека денешната бугарска влада (на Цанков б.н) се експонира како непријател на македонскиот народ и на неговата ослободителна кауза

Декларацијата која била во духот на Мајскиот Манифест, македонските пратеници требало да ја потпишат во Бугарското народно собрание и да ги претставуваат интересите на единственото македонско револуционерно движење, кое било предвидено да се формира. Меѓутоа по откажувањето на Тодор Александров од виенските разговори и потпишаните документи, а особено по неговата смрт, Македонската парламентарна група во Бугарското народно собрание ги застапувало интерсите на ВМРО (Автономистичка), а по расцепот на Организацијата на Михајловистите.

Основната политичка линија на Македонската парламентарна група во XXI ОНС и XXII ОНС е спротивставување на подобрувањето на односите помеѓу Бугарија од една страна и Кралството Југославија и Кралството Грција од друга. Пратениците се родени во трите партиции на Пиринска Македонија и се избрани помеѓу 1924 и 1931 година главно преку општограѓански листи.

Пратеници на групата

Иван Каранџулов
Георги Кулишев 
Димитар Жостов 
Иван Ингилизов 
Владимир Руменов 
Васил Поп Димитров 
Петар Кушев
Панчо Тошев

Извори

1. Следно ↑ Тюлеков, Димитър. Обречено родолюбие. ВМРО в Пиринско 1919-1934, III. Освободителното движение на македонските българи в Петрички окръг (1928-1934), 1. Македонската парламентарна група – легално проявление на ВМРО в Третото българско царство.
2. Следно ↑ Иван Катарџиев, По врвците на македонската историја, Култура, Скопје, 1986
3. Следно ↑ 3Обречено родолюбие. ВМРО в Пиринско 1919-1934 - Димитър Тюлеков

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.