Среда, 04 Декември 2013   
Опис на стратешки места во Македонија

Со опис на стратешки места во Македонија, поради  можна француска инвазија  и одметништвото на Али-паша Јанински

( Јанина, 76 ноември 1805 година)

ali-pasa-janinski1

Мој Лорде,

На 31 август го напуштив ова место (Јанина, н.б.) и продолжив за Мезово; откако го оставив десно делот од преминот низ Пинд, што навлегува во големата Тесалиска рамнина кај калабака, ја преминав планината што води преку Горна Тесалија кон Македонија, откаде се образува модерниот пат за Солун, преку Гревена, Сијатиста и Вериа. Овој пат го следев од Сијатиста со цел да испитам еден важен премин до тоа место, а кој води од Тесалија кон Македонија. Оттаму продолжив, од Селитеа за Костур, град што се наоѓа на цврсто утврдено место, на еден полуостров во едно езеро; од Костур продолжив да ги обиколам планините на Македонија, што ја опколуваат низиската област на Горна Тесалија сеж до рамнината на Корча во која се спуштив по еден друг премин не помалку значаен од првиот.

За да се оцени важноста на овие клисури треба да се има на ум дека тие се единствените два отвора низ еден венец од планини што стрмо го сечат копното на северна Грција од Охрид до Лариса, потоа од граничните рамниини на Тесалија до североисток и север, па според тоа претставуваат една од главните бариери за Грција. Преминот кај Сијатиста доминира над врската помеѓу Горна Тесалија и Македонија, а оној премин кај Цангон меѓу Корча ги поврзува рамнините и отворената теритоерија (која се протега од тој град скоро до Охрид) со рамнините на Тесалија. Доколку непријателот, кој би напредувал по патот Егнација кон Охрид, би го зазел овој премин, тогаш би му овозможил лесно да навлезе во низината што се протега дури до планината Ета...

...Намерата ми беше да продолжам од Берат до Драч, па по должината на целата траса на римскиот пат што се вика Егнација да стигнам во Солун, а оттаму да го завршам патувањето по Тесалија и Македонија. Но војната меѓу јанинскиот и скадарскиот паша, што се водеше на патот по кој одев, неопходноста во вакви прилики да се има цврста поддршка и помош од Поратата, а уште повеќе лошата болест што ме фати на патот за Драч, ме принудија подолго да се задржам во Берат и да се вратам овде преку Клисура и Пермете.

Клисура ненадејно се отвора зад една висока планина, низ која реката Виоса си пробила пат и тој премин е со таква природна утврденост што една мала сила  би можела успешно да и се спротивстави на колкава било војска. Тој се простира во должина од 10 милји до Тепелени и изгледа дека е дел од клисурата  што на древните народи им била позната под името Фауцес Антигоненсес. Реката Виоса од Корча до Клисура тече низ една тесна долина во која може лесно да се влезе од јанинската рамнина крај подножјето на планината Стимфе. Во средината на оваа долина се наоѓа градот Пермети, место од голема важност за Али-паша, кој ги држи приодите кон главниот град од северна Албанија преку Берат и од Северна и Североисточна Румелија преку Корча. Затоа тој таму има подигннато една тврдина која би им дала отпор на недисциплинираните турски единици...

...Не пред многу време дојде до отворен раздор меѓу Али-паша и скадарскиот паша. Нивните трупи се судриле во рамнината кај Охрид. Во таа битка трупите на Али-паша биле надмоќни...

...По неколку дена имам намера, мој Лорде, да го напуштам ова место откако ќе прокрстарам по еден дел од Тесалија и провинциите на Фокис, Беотија и Етолија за да го прокрстарам оној дел на Мореа што ми преостанува да го проучам. Оттаму имам намера да се вратам во северна Грција за да го завршам патувањето по Тесалија и Маке-донија...

PRO -FO 78/57, Turkey. Captain W.M. Leake. November 1803 to december 1807; Britanski dokumenti... (1797-1830), t.I,  dok.23, str. 28-32;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.