|
|
Разбојници од Горен и Долен Дебар се готват да ја опљачкаат Прилепската околија |
(1 септември 1800 година) До нашиот румелиски кајмакам во Битола...високомоќниот Есеид селим-ага -да му се умножи славата - се соопштува: Врз основа на содржината од твоето испратено писмо во кое се вели дека во Долен и Горен Дебар се собрале многу разбојници со цел да ја опљачкаат Прилепската каза; дека тие биле готови да тргнат; дека таа банда на злосторници и бунтовници била многубројна и дека одбраната од нив и нивното одбивање била од воена природа и барала големи напори и многу војска, - се назначува и се испраќа првиот меѓу знае-итите и првенците...високомоќниот Мехмед-беј... и му се ставаат под негова команда ајаните од казите -Скопје, Штип, Тиквеш, Кичево, Кукуш и струмица. По приемот на знаење, а до пристигнувањето на спомнатиот команант, да напишеш од твоја страна и да испратиш наредби до кого е нужно и да ги повикаш и собереш при себе ајаните, агите од тие области и да пројавиш, како што се очекува од тебе, родољубие и да вложиш многу сили за ликвидирање на злосторниците. Да се чуваш и да одбегнуваш од спротивни постапки на целта. ... За оваа цело да го жртвуваш сонот и комодитетот и до пристигнувањето на војската и спомнатиот командант да постапуваш како што е горе изложено и крајно да се чуваш од спротивното. Во таа смисла се пишува и се издава оваа повелба на Румелискиот совет... Напишано на 7 џемази - ул - евел 1215 год. ( 26. ИЏ.1800 год.)
Турски документи за македонската историја, т.И Државен архив на НРМ, Скопје, 1951, стр.23; |