|
|
Заслуги на Ангел Гацо од Воденско за Грчкото востание (1821 година) |
„Штом стигна до моите уши гласот од трубата на Арес и плачниот повик на прељубената татковина за заштита на нејзините права, наеднаш го презрев спокојството, богатството и славата и веднаш се вооружив против тираните и издржувајќи за целото време на војната кај Негуш каде што водев долготрајни и кравави борби до разорувањето на Негуш (по Негушкото востание 1882 година, Негуш бил разрушен од турските власти, а населението протерано, н.б.), каде што паднаа под ропство и моите сакани деца и мојата сопруга... После со 320 војници отидов на помош во западна континентална Грција, каде што се борев заедно со другите во борбите кај Камботи и Плаќа. Таму падна мојот брат и мои други роднини... Потоа се биевме во Пета. По тоа дојдов и во Пелопонез со 210 војници кога таму беше навлегол Драмалијата... Потоа преминав во источна континентална Грција со сите мои војници. Таму генералот Одисеј ми вети дека ќе им плати на моите војници. И во текот на седум месеци, кога се боревме во разни места на источна континентална Грција и најодзади во Дали, каде што ја за-губив целата своја покуќнина и коњот и исто така бев ранет, добив од генералот Одисеј за оваа служба само 2000 гроша, а целата сума излегува 7020 гроша. По тоа преминав во Трикери, каде што се здружив со Каратасо (Караташо Геро, од берско, еден од востаничките водачи, н.б.), и се борев до крај, а во една од битките го убивме Ињев паша. Потоа (се) префрлив во Скијатос, ја отфрлив непијателската флота... Дојдов во Идра. Тоа се почитувана Управо, моите заслуги и ги ставам на внимание да ги признаете...”
Н. Тодоров- В. Траиков, Б’лгари учатници в борбите за освобождението на Грција 19821-1828, БАН, Софија 1971, стр.108-109; Документи за борбата на македонскиот народ..., т. И, док. 118, стр.171-172; |