|
|
За македонските кралеви (Полибие) |
Полибие ги бележи споредбено културните и државните настани во Македонија, во временска рамка од 150 години, времето од Филип Втори до Филип Петти. Во Рим биле однесени 150 илјади интелектуалци од Македонија да го применат Аристотеловиот македонски образовен систем. Од тоа време останала поговорката: „Сите Македонци - генерали, сите Римјани прости војници”. Набрзо сите генерали се враќаат во Македонија за да ги обноват седумдесетте градови што Римјаните ги разурнале. Рим продолжи да копира се` што е македонско, процветаа науките од Аристотел и на крајот Римскиот конгломерат пропадна. Македонија продолжи како учителка на светот да го наметнува своето совршенство во сите подрачја, посебно во писменоста. Што бараат гробовите на Персеј, Полибие, Св. Кирил во Рим? Што бараат Аристотеловите и Климентовите списи во Ватикан? Нека ни ги вратат, барем да знаат дека знаеме што се тоа македонски корени во цел свет распослани, Македонци мои. Високообразованите луѓе од Македонија, целото племство, се појавија како робови да ги описменуваат Римјаните со науките на Аристотел како што во Атина се описменуваа со Софистите. Македонските библиотеки во Александрија, Пергам, Антиохија, со Клеопатра настрадаа на ист начин како Персеј. Останаа само науките со филозофијата на Аристотел. Тие се возобновуваат, неуништливо градиво на оригиналот што се одржа да сведочи за Македонството во светската историја, за силите на умот, за најумниот човек, за Аристотел - Македонецот. Тоа што е Аристотел за Филип Втори тоа е Полибие за Персеј, тоа е Климент за Самоил. Сите апостоли за сите кралеви и цареви од Македонија, како образовен континуитет до денес. Триста години од Филип Втори до Персеј се е истоветно во македонската држава. Македонската држава со родословието на македонската династија, со совршено уредените институции и фалангата, во неповторливите уметнички дела во континуитет и покрај сите ограбувања и присвојувања останува како јадро околу кое ќе се движат светските цивилизации со македонско наследство. |