Среда, 19 Март 2014   
Евстати Чаловски - македонски револуционер

evstati-calovskiЕвстати Чаловски е македонски револуционер, деец на ВMOPO.

Роден е 1885-та година, во мијачката паланка Галичник, Западна Македонија. Син е на Аврам Чаловски, производител на Кондиторски производи и еден од најуспешните и најпознати индустријалци од македонско етничко потекло во Бугарија во 19. век.

Родот Чаловски и ден денешен има впечатлива улога во македонскиот општествен живот: македонскиот поет Тодор Чаловски, Лилјана Чаловска – писателка, учесничка во НОБ и член на АСНОМ, Јане Чаловски – ликовен уметник и други…

Револуционерната дејност на Евстати започнува кога тој влегува во четата на Максим Ненов, но, откако истата е разбиена на 29 мај 1903 година пребегнува во Бугарија и влегува во врховистичката чета на Сотир Атанасов, со којашто учествува во Илинденското востание во 1903 година., која по неколку битки со турскиот аскер, се распрснува на повеќе страни. Тогаш Евстати Чаловски станува четник при Мише Развигоров.
Пролетта 1904 година влегува одново во Македонија со дебарско-охридските чети на Цветко Христов и Иван Пендаровски, а потоа е четник во реканската чета на Павел Караасанов, за коешто објавува и кратки спомени во списанието „Илустрација Илинден“, подоцна во 1939 година. Подоцна се населува во Бугарија и се занимава со трговија.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година Чаловски се пријавува како доброволец во Македоно-одринското ополчение, заедно со неговиот брат Манол Чаловски, во Првата дебарска дружина. Во Втората балканска војна е ранет два пати, на 18., и веднаш потоа - на 20 јуни 1913 година. Носител е на орден „За храброст“ ІV степен.
Умира на 4 август 1943 година во Софија.

Извори:

„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главна управа на архивите, стр. 795, 2006 г.;
Илустрација Илинден, бр.109, стр. 3-5, 1939 г. ; бр. 149, стр. 14, 1943 г.


 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.