Среда, 26 Март 2014   
Извештај на главното раководство на НОФ (7 август 1945 година)

СТАВОТ НА КПГ ПО ПРАШАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИЗАНИ ВО НИШТО НЕ Е ИЗМЕНЕТ. ВО КОСТУРСКО  И ЛЕРИНСКО  СЕ ТЕРОРИЗИРААТ МАКЕДОНЦИТЕ.

Makedonci_NOF

“По митингот во Атина од 8 јули реакцијата организира повеќе митинзи, во повеќе места на Егејска Македонија. Насекаде се фрлени истите пароли, од кои се гледа јасно целта, дека грчкиот народ се организира за борба за остварување на грчките територијални претензии. А во исто време тој се предизвикува против неговите соседни народи. Така на 18 јули о.г. во Солун е одржан монархофашис-тички митинг на плоштадот “Аристотелис”... Низ градот се растурени летоци... Беше наредено уште рано да се истакнат националните знамиња, а национал-стражарите беа наредиле да се затворат дуќаните. На митингот присуствуваа околу 7.000 лица. Митингот е организиран од таканаречената “Патриотики еносис”...

...На крајот е изгласана резолуција во која:

1. Се повикуваат водачите на сите политички партии да се обединат пред непосредната опасност за Грција.

2. Особено се апелира на политичките луѓе од северна Грција за отстранување на опасноста што ја загрозува државата.

3. Се протестира против клеветите на владите на соседните држави заради неправилното обвинување на Грција преку радиото и весниците, со кое се оквалификува грчката власт како фашистичка и предавничка. На митингот на табли беа напишани следниве пароли: Долу диктаторот Тито. Тито, Георгиев, Енвер Хоџа, Захаријадис црвени фашисти. Долу пропагаторите за автономија на Македонија и смрт за нив.

4. Познато е дека Грција има најстара демократија.

5.  Да се окупираат Епир, северна Македионија и северна Тракија, да се воспостави сојузничка воена управа во северен Епир за да се спаси грчкиот народ од колежот на албанските комунисти.

6. Се бара казнување на грчките комунисти, кои работат во корист на државите кои и го сакаат лошото на грчката држава.

7. Се бара од власта да ја растури организацијата на Комунистичката партија на Грција во оваа критична ситуација за Грција и да се издаде наредба да се затворат сите комунисти како предавници на државата...

8. Се бара од митингот да се чуе гласот до сите политички партии, странските набљудувачи и сојузниците.

Многу од паролите беа напишани на англиски јазик. Од сојузничките знамиња беа истакнати само англиското и американското.

По митингот во Солун реакцијата се обиде да организира сличен митинг и во Воден... Но бидејќи селаните не дојдоа, тој не се одржа.

...Реакцијата организира митинг во Ениџе Вардар… Главните паро-ли...беа: Да си одат Бугарите од Грција, смрт на Тито, Софија-Москва, Македонија е повеќе грчка земја и никој не може да ја одземе, бидејќи тука нема Македонци и доколку ги имало, тие во 1924 година заминале за Бугарија, а тука се само Грци. Исто така се фрлени и пароли против комунистите...

На 21 јули познатиот реакционер Сидеропулос свика митинг средсело во село Сехово..., говореше дека за една година ќе бидат истерани и жените на “Бугарите”, кои останале тука... Говореше против македонските партизански групи, нарекувајќи ги “смрдливи кози”... Исфрлени се и паролите: “Долу босите Титовци”, “Долу Албанците”,  “До-лу проклетите комунисти”.

На 21 јули е одржан митинг во Саботско со следните пароли: Да си одат Бугарите и Власите од Грција. Ќе ги уништиме автономистите куклуедовци (Кавкази бегалци, н.б.) и Тито, бидејќи ни ги бараат Македонија и Тракија...

...Паролите да бегаат “Бугарите” од грчка Македонија не престанаа... Се шират гласови дека Македонците ќе бидат интернирани на островите за да можат Грците да се ослободат од “главоболието” и за да не би продолжувале “Бугарите” и натаму да викаат дека ја сакаат Македонија. Паролата да си одат “ Бугарите” се фрли заедно со паролата против предавниците на државата-комунистите. Народот се убедува дека сите оние кои бегаат од Грција и заминуваат за Титовото царство или се Еласовци кои извршиле убиства на многу грчки патриоти или тие се оние кои се креваат на бунт за автономна Македонија и кои соработувале со фашистите Бугари, Германци и Италијанци.

Вооружувањето на реакционерните села продолжува, но сето тоа се врши доста тајно. Додека од една страна Министерството на војската издава наредби со кои ги повикува сите оние што имаат оружје и не го предале веднаш да го сторат тоа, од друга страна самата власт им дели оружје на своите приврзаници.

Исто така се организираат и членовите на организацијата “Проскопи”. Тие добиваат револвери и ножеви... Им помагаат на полициските агенти и жандармите во пронаоѓањето на сомнителните лица... Во таа организација се напикани доста фашистички елементи...

Исто така иж се посветува големо внимание и на организацијата ВЕН (Василики Еносис Неон - Кралски сојуз на младината, нб.). За оваа организација се трошат големи суми пари и се ставаат на распоолагање камиони, мотори...

Во Костур се осудени 109 Македонци, некои на смрт, некои на доживотна робија и други казни, обвинети за соработка со окупаторот. Наскоро ќе започне и судењето на затворениците во Лерин...

На 17 јули припадниците на ЕДЕС и на ВЕН пристигнаа во солунското предградие “Тумба” и ги нападнаа канцелариите на ЕАМ-КПГ и на ЕПОН....

Во последно време се забележува дека од страна на реакцијата заедно со паролите против Македонците се фрлаат и пароли против Власите. Тоа се оние Власи кои живеат од старо време на грчка територија, а кои по 1941 год.  Во времето на окупацијата во регистрите се запишани дека се по народност Власи... Во село Ошин многу од Власите се уапсени...

Ставот на КПГ по прашањето на македонските партизански групи во ништо не е изменет. Во многу места партиските организации остро ги напаѓаат, ја осудуваат нивната вооружена борба и пропагираат да не им се укажува никаква помош. Овие напади во некои места зедоа толкави размери што произлегува дека Партијата пожестоко го напаѓа движењето на македонските партизани отколку реакцијата. Оние Македонци - членови на Партијата, за кои Партијата дознава дека се во врска со македонското движење, се исклучуваат.

Соопштено ни е дека во јуни Захаријадис дал инструкции да не се дозволува апсење на членовите на Партијата и дека таму каде што ќе се направи обид за тоа, да се собере народот и да го спречи тоа..., но да не и се предадат во рацете на реакцијата.

ТЕРОРОТ

Според добиените податоци теророт на монархофашистичките банди дојде особено до израз во Ениџе-Вардар и околината, во Сабатско и во целата Мегленска околија. Во гонењето на нашите жители учествуваат вооружени реакционери, национал-стражари, а особено се истакнуваат проскопите. Многу Македонци во Ениџе-Вардар се затворени и врз нив се врши притисок да потпишат декларации дека се Грци, дека стоката им е дадена од ЕЛАС, а потоа им се одзема, се граби и се пљачка нивниот имот и покуќнината. Многу народ побегна во шумите. По селата е невозможно слободно движење, бидејќи шпионската мрежа е добро ор-ганизирана, добро платена...

На 11 јули, ноќта во село Ошин пристигнале 30 национал-стражари заедно со Англичани. Го блокирале селото и извршиле претрес... Еден човек бил натепан, а другите се заплашени, особено жените...

Во Гуменџе има 30 национал-стражари и 30 жандарми... Се вршат големи насилства. Некој си Андон од нив е многу натепан и потоа однесен во драма. На 12 јули во Андроника, ноќта натепале една жена, поради тоа што нејзиниот маж избегал во планина. Две девојки се тепани затоа што пееле партизански песни. Во село Куфалово е убиен некој Сократис... Двајцата браќа на убиениот избегале во планина. На 12 јули ноќта блокирано е селото Купа... Фатиле еден Македонец по име Ламбро... Го одвеле во непознат правец...

На 14 и 15 јули во цело Мегленско извршено е апсење на младинци и младинки. Така во цело Драгоманци фатиле 50 младинци на ЕПОН, во Саботско 5, а во Костурјани 4, како и во други села.

Жандармите, национал-стражарите и тегмастосфалитите презедоа акција за чистење на планината Пајак. Ги малтретирале селаните кои работеле по полето. На планината Пајак нема еласовски партизани, а доколку има вооружени партизански групи, тие се македонски групи.

...На 19 јули уапсена е една жена по име Виргинија... Била затворена во почетокот на јуни и обвинета заради тоа што знаела да чита и пишува кирилица, дека соработувала со Бугарите...

Истиот ден преку ноќта во село Аканџели уапсени се уште 5 Македонци и 2 Маџири... Тие се натоварени во еден камион и однесени во непознат правец. За нивната судбина ништо не се знае.

Од национал-стражарите уапсен е и другарот Костас Теохаридис, секретар на општината Аканџели... Обвинет е дека организирал театарски претстави и вечерни веселби, затоа што редовно ги повикувал Титовите војници на веселба, па дури и нивната музика.

...Во с. Ќулаќа теророт на национал-стражарите е многу голем. На селаните им го земаат млекото, сирењето, добитокот. Истото се случува и во околните села...

Во с. Василика, близу до Солун... На 2 јули стигна полицијата и почна да пука... Потоа голема маса навали на жандармите и ги разоружа. На 18 јули полицијата повторно нападна и по тој повод рани едно 18-годишно момче....

Во Нигрита се уапсени сите одговорни другари на Комунистичката партија. Воопшто и тука се вршат големи насилства.

Во Мегленско продолжува големиопт терор. Се блокираат селата, се апсат селаните и се водат во Воден... Околу 20 јули од околните села се уапсени повеќе од 20 луѓе.

Во селото Крива шпиониот... Крсто Пинцо предал 2 еласовци... Во Гуменџе еден еласовец е осакатен од тепање. Во село Обор се вооружени повеќе од 100 лица, вклучувајќи ги и околните села. Тие ги гонат македонските жители. Исто така во с. Пласничево има вооружени реакционерни групи, кои ги обиколуваат околните села, го терори-зираат македонскиот народ и го присилуваат да бега. Селаните од с. Нова карјотиса, кои речиси сите се реакционерно настроени, отишле во с. Стара Карјотиса вооружени со пушки и натепале многу селани, велејќи им: “Да си одите оттука, подли Бугари”. Ја силувале Е.Г., а исто така и две други девојки.

Од Ениџе-Вардар многу луѓе избегаа. Теророт е голем. Се затворени многу луѓе. Им ги земаат коњите, им бараат пари. На девојките им ги стрижат косите. Многумина се однесени во логорот “Павлос Мелас”, близу до Солун...

На 16 јули е блокирано селото Схина, двајца селани се тепани до смрт...

 

КОСТУРСКО И ЛЕРИНСКО

...теророт врз македонското население одново се засили....

...На 18 јули Англичаните и национал-стражарите почнаа потера во Воденска и Леринска околија и големи акции за чистење на планините Пајак, Скра и Кајмакчалан.

Целта е да се исчисти теренот од македонските партизански групи и да се обезбеди границата. Потерите продолжуваат.

Помеѓу 16 и 18 јули, на патот меѓу селата Горничево и Острово е нападнат еден англиски камион што одел од Лерин за Солун, од непозната група. Еден англиски офицер е убиен, а девојката тешко ранета. Камионот успеал да избега и да стигне до Воден каде офицерот бил закопан, а девојката однесена во болница. Кога ја испрашале, таа изјавила дека напаѓачите биле бурантади, дека добро ги познава и дека на капите носеле кралски значки. И таа подлегнала на раните. Бурантадите им објасниле на Англичаните дека нападот бил извршен од македонски партизански групи. Ист став зазела и грчката Комунистичка партија во Воден.

На 20 јули 40-50 бурантади го блокирале селото Владово, Воденска околија, и се  обиделе да ги натепаат селаните на сила да потпишат дека се Грци и дека го сакаат кралот. Во селото се наоѓале голем број селани, речиси сите избегале во планина...

Селото Кожушани е вооружено од реакцијата со 25 пушки, селото Драгоманци со 30 пушки, с. Полјани со 60 пушки. Вооружените реакционери секогаш им помагаат на бурантадите при блокирањето на некои села или при потерите.

Во Лерин сега има околу 350 затвореници, а други 120 се наоѓаат во политичкиот затвор. Меѓу последните е Танос, окружен секретар на КПГ, Згромадис, началник на Народна одбрана, Коста Цоцо, заменик началник и други, сите одговорни членови на Партијата. Не им дозволуваат никаква посета, сместени се во самици, во влажни визби и нивната ситуација е многу тешка.

...И покрај тоа апсењата во градот и селата продолжуваат. Се апсат и оние кои по улиците пеат партизански песни. Бројот на национал-стражарите од ден на ден расте.

Ситуацијата во Костурска околија е многу тешка. На 23, 24 и 25 јули околијата ја зафати нов бран на терор. Национал-стражарите вршат насилства и пљачкосуваат. Од село Рупуишта до денсека се уапсени 113 лица, од с. Маврово 45 лица, од с. Личишта 53 лица и воопшто од сите околни села има многу уапсени.

Затворот во Костур е преполн со затвореници и нивниот живот е неснослив. Мобилизирани се неколку приватни куќи за затвори, како и некои училиштра е направен концентрационен логор на местото наречено Хасан Каби... Насилствата на бурантадите, како и на другите профашистички елементи ги надминуваат насилствата на есесовците. Вооружувањето на реакционерните елементи продолжува.

 

ПОСЛЕДНИ ПОДАТОЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Последните настани, а особено резултатите од изборите во Англија, предизвикаа одредена колебливост кај еден дел од реакцијата, особено кај неопросветениот дел од масите, кој досега и помагаше на реакцијата... Што доаѓа и во новите пароли што последниве денови се фрлени во Грција, односно во Егејска Македонија. Се повикува народот да се обедини околу општите грчки идеали. Најновата парола е: Ние треба над се да бидеме Грци, а потоа комунисти или монархисти. Во друга средина се говори: Ние не треба да бидеме ниту комунисти, ниту монархисти, туку само Грци демократи, кои треба да работиме на остварување на нашите национални идеали. Повикот за обединувањето на народните маси доаѓа од демократската и реакционерната средина. Основа за обединувањето на народните маси и кај едните и кај другите е идејата за  остварување на националните интереси на Грција. Разликата е само во тоа што паролите на “демократските” кругови се поумерени и освен тоа имаат и карактер на одбрана на сегашната грчка територијална целост. Така, говорат: Да се сплотиме сите за да ја спасиме Грција од оваа моментална опасност, да се плотиме за да ја зачуваме грчка Македонија. Паролите од крајната реакција се сплотувањето на народните сили за остварувањето на идеалите за голема Грција и за нејзиниото проширување кон север.

Во исто време се исфррлаат и пароли за политичко смирување на народот. Се повикуваат сите оние кои избегале во планина да се вратат и дека  нема ништо лошо да им се случи. Во село Шљопинци национал-стражарите лепеле некакви објави во кои пишувало дека ќе им биде дадена амнестија на сите оние што избегале, со исклучок на престапниците. Се говори: Да ги оставиме комунистите и кражбата, и да создадеме една демократска Грција, за да ја спасиме Македонија. Кој сака нека биде комунист, но пред се да им служи на грчките национални идеали...

Регрутната комисија при еден преглед ги собрала младинците во училиштето и им соопштила дека од својата средина ги истерала шпионите на Сидеропулос. Меѓу наклеветените  се наоѓале  и многу борци од Мала Азија и Албанскиот фронт и  повеќето од нив биле ранети во тие војни. Сега се зборува: “Тие  не дојдоа од Софија, па да ги тераме во Бугарија, тоа се Македонци и ова е нивна татковина во која и натаму ќе живеат”. Изгледа дека оваа комисија врши слична пропагнда и во други села... Така, во с. Алчак еден офицер, на зборовите на селскиот шпион Баникас: Да бегаат Бугарите и кому-нистите од Грција, одговорил: “Слушај Баникас, не биди ниту комунист, ниту монархист, туку демократ”. Истата комисија ги собрала во училиштето реакционерните елементи и им говорела: “Така како што работевте досега, вие не направивте ништо друго, освен што придоинесовте да го загубиме и она место што го имаме”.

Во исто време нападите против соседните држави: Југославија, Бугарија и Албанија, не престануваат. Особено се напаѓа Тито. Го напаѓаат заради тоа што вовел нов фашистички режим во Југославија и заради тоа што соработува со Бугарите и Албанците, затоа што сака да ја земе грчка Македонија. Се говори дека Тито е најголемиот фашист, диктатор, дека не му дава слобода на народот, како што тоа се случу-ва во Грција, каде што излегуваат секакви весници: комунистички, демократски, монархистички и каде слободно работат сите политички партии. Албанија се напаѓа заради тоа што кај неа нема слобода, а особено заради тоа што се малтретира грчкото население во Северен Епир. Се напаѓаат Бугарите и автономистите. За Тито се вели дека не сака мир на Балканот и дека повторно ќе донесе војна”.

 

ДАРМ,Збирка: “Егејска Македонија во НОБ 1945-1949”, ае: 266;

Архив на Македонија, Егејска Македонија во НОБ 1945, т. ИИ, Скопје  1973 год., стр. 210 - 221;
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.