Среда, 09 Април 2014   
Гаврил Константинович (1881-1918)

 

gavril-konstantinovic

Ние,
ма­ке­дон­ски­те ре­во­лу­ци­о­не­ри,
не­ма­ме ни­што со не­бо­то…
ами со зем­ја­та, со на­ро­дот

На па­тот што во­ди од Ле­рин за Ко­стур, во пла­нин­ска­та об­ласт Ко­ре­шта­та, не­ка­де на по­ло­ви­на пат се скрш­ну­ва на­дес­но кон грч­ко-ал­бан­ска­та гра­ни­ца, т.е. гра­нич­ни­от премин, ка­де што па­тот по­на­та­му во­ди кон ал­бан­ски­от град Кор­ча. На са­ма­та де­неш­на гра­ни­ца, на грч­ка те­ри­то­ри­ја, се на­о­ѓа се­ло­то Смр­деш. Во ми­на­то­то се­ло­то претставува­ло око­ли­ски цен­тар, кое на по­че­то­кот на 20 век има­ло око­лу 2.000 жи­те­ли. Смр­деш би­ло на­се­ле­но со до­ми­нант­но ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние и оста­на­ло та­кво сè до кра­јот на Гра­ѓан­ска­та вој­на во Гр­ци­ја (1949), ко­га це­ло­куп­но­то на­се­ле­ние би­ло принуде­но за­се­ко­гаш да ги на­пу­шти сво­и­те до­мо­ви. Исто­вре­ме­но би­ле раз­ур­на­ти најголем дел од ку­ќи­те, а од ста­ро­то се­ло де­нес е за­чу­ва­на са­мо ка­те­драл­на­та цр­ква. Сегаш­на­та ме­сто­по­лож­ба на на­сел­ба­та е сто­ти­на ме­три по­на­за­пад, во пра­вец на поранеш­но­то се­ло В’мбел. Во пе­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век се­ло­то по­втор­но било на­се­ле­но, но со вла­шко на­се­ле­ние од Епир. Ка­ко и да е, се­ло­то Смр­деш оста­ви­ло огром­ни тра­ги во на­ци­о­нал­на­та исто­ри­ја на ма­ке­дон­ски­от на­род, пред сè во илинденски­от пер­и­од. До­вол­но е да се по­тсе­ти­ме де­ка ток­му од оваа се­ло по­тек­ну­ва­ат прос­ла­ве­ни­те вој­во­ди на МРО, Ва­сил Ча­ка­ла­ров и Пан­до Кља­шев. Но, ток­му од Смрдеш по­тек­ну­ва и истак­на­ти­от ма­ке­до­нист, след­бе­ник на Кр­сте Пе­тков Ми­сир­ков и Ди­ми­три­ја Чу­пов­ски – Га­врил Кон­стан­ти­но­вич.

selo-smrdes

Га­врил Кон­стан­ти­но­вич е ро­ден во 1881 го­ди­на, ос­нов­но­то и дел од гим­на­зи­ско­то образо­ва­ние го здо­бил на гр­чи ја­зик. Во 1897 го­ди­на до­бил сти­пен­ди­ја и за­ми­нал за Бел­град, ка­де што го за­вр­шил гим­на­зи­ско­то обра­зо­ва­ние. Ве­ќе на­ред­на­та го­ди­на (1898), под­нел ба­ра­ње за при­ем во во­е­на­та ака­де­ми­ја, но по до­би­е­ни­те ин­фор­ма­ции од срп­ски­от кон­зул од Би­то­ла, не­го­ва­та мол­ба би­ла од­би­е­на. Ме­ѓу­тоа, Кон­стан­ти­но­вич тука не за­ста­нал во сво­е­то ин­те­ле­кту­ал­но на­до­гра­ду­ва­ње. Во 1900 го­ди­на за­вр­шил класич­на гим­на­зи­ја во Бел­град, по што се за­пи­шал ка­ко ре­до­вен сту­дент на Филозофски­от фа­кул­тет. Во Бел­град, очиг­лед­но, не бил за­до­во­лен и по за­вр­шу­ва­ње­то на пр­ва­та сту­дент­ска го­ди­на, во 1901 го­ди­на за­ми­ну­ва за Пе­тро­град (Ру­си­ја), ка­де што го про­дол­жил обра­зо­ва­ни­е­то на Во­е­но-ме­ди­цин­ска­та ака­де­ми­ја.

Во Пе­тро­град се слу­чи­ла пре­сврт­ни­ца во жи­во­тот на Кон­стан­ти­но­вич. Та­му ста­нал член на Ма­ке­дон­ско­то на­уч­но-ли­те­ра­тур­но друш­тво
„Св Кли­мент“, а на 29 де­кем­ври 1902 го­ди­на бил из­бран за пот­пре­тсе­да­тел на исто­то друш­тво. Бил бли­зок со Кр­сте Пе­тков Ми­сир­ков, Ди­ми­три­ја Чу­пов­ски, Сте­фан Де­дов и Ди­ја­ман­ди Ми­шај­ков. Ма­ке­дон­ско­то на­уч­но-ли­те­ра­тур­но дру­гарс­тво (МНЛД) во Петро­град офи­ци­јал­но би­ло кон­сти­ту­и­ра­но на 28 октомври 1902 го­ди­на со 19 потписни­ци. На 12 но­ем­ври 1902 го­ди­на до ру­ска­та вла­да и до Со­ве­тот на петроградско­то сло­вен­ско бла­го­твор­но брат­ство, МНЛД ис­пра­ти­ло ме­мо­ран­дум, што, всуш­ност, прет­ста­ву­ва­ла пр­ва на­ци­о­нал­на про­гра­ма, во ко­ја се ба­ра­ло приз­на­ва­ње на Ма­ке­дон­ци­те ка­ко по­себ­на на­ци­ја, со по­се­бен ма­ке­дон­ски ја­зик и кул­ту­ра, со сво­ја црква, во гра­ни­ци­те на Ос­ман­ли­ска­та Им­пе­ри­ја. И по­крај про­ти­ве­ње­то на дру­ги­те балкан­ски друш­тва во Ру­си­ја, се­пак, Со­ве­тот на пе­тро­град­ско­то сло­вен­ско бла­го­твор­но брат­ство го приз­на­ло Ма­ке­дон­ско­то на­уч­но-ли­те­ра­тур­но друш­тво ка­ко рам­но­пра­вен член на Со­ве­тот. При ос­но­ва­ње­то го но­си име­то на па­тро­на­тот свети Климент Охридски, а од 1903 го­ди­на (со „Уста­вот”) на све­ти­те Кирил и Методиј. Кон кра­јот на 1905 го­ди­на МНЛД би­ло не­у­тра­ли­зи­ра­но, а од 1912 го­ди­на се по­ја­ву­ва под но­ви имиња, но не ус­пе­ва да до­бие офи­ци­јал­но приз­на­ние од ру­ски­те над­леж­ни вла­сти. Него­ва­та деј­ност за­вр­шу­ва во 1917 го­ди­на со Октомвриската револуција во Русија.

Га­врил Кон­стан­ти­но­вич ка­ко са­ни­тет­ско ли­це учес­тву­вал во Ру­ско-ја­пон­ска­та вој­на (1904-1905), за што до­бил во­ен ме­дал и ме­дал на Цр­ве­ни­от крст. По за­вр­шу­ва­ње­то на Во­е­но-ме­ди­цин­ска­та ака­де­ми­ја во 1907 го­ди­на, во пер­и­о­дот од 1908 до 1910 го­ди­на рабо­ти ка­ко ле­кар на сред­но­а­зи­ска­та же­лез­ни­ца. Учес­тву­вал во иско­ре­ну­ва­ње­то на чума­та што се по­ја­ви­ла во Хар­бин, Ман­џу­ри­ја во 1910/11 го­ди­на. Ка­ко ру­ски по­да­ник, со уште не­кол­ку свои ко­ле­ги во 1912 го­ди­на за­ми­нал за Цр­на Го­ра ка­де што ра­бо­ти како упра­ви­тел на ру­ска­та во­е­на бол­ни­ца. За сво­е­то учес­тво и зас­лу­ги за вре­ме на Прва­та бал­кан­ска вој­на, Цр­на Го­ра го од­ли­ку­ва со Да­ни­лов крст од III сте­пен. За вре­ме на Вто­ра­та ме­ѓу­со­јуз­нич­ка бал­кан­ска вој­на, Кон­стан­ти­но­вич бил пов­ле­чен во Ру­си­ја. Пред суд­бо­нос­ни­от Бу­ку­ре­шки до­го­вор, бил еден од пот­пис­ни­ци­те на ме­мо­ран­ду­мот до кон­фе­рен­ци­ја­та на го­ле­ми­те си­ли во Лон­дон на ма­ке­дон­ска­та еми­гра­ци­ја во Петроград со кој се ба­ра­ло фор­ми­ра­ње не­за­вис­на ма­ке­дон­ска др­жа­ва. По за­вр­шу­ва­ње­то на кон­фе­рен­ци­ја­та, на 20 ју­ли 1913 го­ди­на, до вла­ди­те на бал­кан­ски­те др­жа­ви бил испра­тен и втор ме­мо­ран­дум во кој се ба­ра­ло авто­но­ми­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Ма­ке­дон­ско­то на­уч­но-ли­те­ра­тур­но дру­гарс­тво ба­ра­ло Ма­ке­до­ни­ја во сво­и­те ет­но­граф­ски, ге­о­граф­ски, исто­ри­ски и кул­тур­но-про­свет­ни гра­ни­ци да би­де офор­ме­на ка­ко са­мо­стој­на др­жа­ва, рам­но­прав­на со сво­и­те бал­кан­ски со­се­ди и, се­ка­ко, об­но­ву­ва­ње на Охрид­ска­та архиепи­ско­пи­ја.

Из­був­ну­ва­ње­то на Пр­ва­та Свет­ска Вој­на до­не­ла но­ви жи­вот­ни иску­ше­ни­ја за Константи­но­вич. Пр­во бил ис­пра­тен ка­ко во­ен ле­кар во Пру­си­ја, за во 1915 го­ди­на да би­де пре­фр­лен во Ср­би­ја. Во бор­би­те кај Ле­ско­вац со бу­гар­ска­та вој­ска, иа­ко бил ранет, не ја на­пу­штил срп­ска­та вој­ска, ту­ку со неа пре­ку Ал­ба­ни­ја се пре­фр­ла на островот Крф. По­доц­на, Ср­би­ја за не­го­ви­те зас­лу­ги го од­ли­ку­ва­ла со ор­де­нот на Све­ти Са­ва од III сте­пен. По заз­дра­ву­ва­ње­то во Пе­тро­град се прик­лу­чил на Пр­ва­та срп­ска добро­во­леч­ка ди­ви­зи­ја во Ру­си­ја и учес­тву­вал во бор­би­те во До­бру­џа. По­ра­ди су­дир со ра­ко­водс­тво­то на ди­ви­зи­ја­та, се пов­ле­ку­ва од ди­ви­зи­ја­та и на 15 фе­вру­а­ри 1917 го­ди­на бил ис­пра­тен во Ели­са­ве­тград за да ги ле­ку­ва срп­ски­те бе­гал­ци и до­бро­вол­ци. Големиот на­пор, ис­цр­пе­но­ста, по­вре­ди­те и бо­ле­ста се при­чи­на­та што се вра­ќа во Петро­град.

Ме­ѓу­тоа, во­е­ни­те па­те­шес­тви­ја на Кон­стан­ти­но­вич не за­вр­ши­ле, тој, за­ед­но со многуми­на ма­ке­дон­ски ре­во­лу­ци­о­не­ри, учес­тву­вал во Октом­ври­ска­та ре­во­лу­ци­ја (1917). Не­кои од нив со­се­ма и` се по­све­ти­ле на Ре­во­лу­ци­ја­та и актив­но учес­тву­ва­ле во од­бра­на­та на при­до­би­вки­те. Едeн од нај­и­стак­на­ти­те, кој имал вид­на уло­га во револуција­та, бил и Га­врил Кон­стан­ти­но­вич. По­ра­ди на­пор­на ра­бо­та, тој се раз­бо­лу­ва и се вра­ќа на ле­ку­ва­ње во Пе­тро­град, кој во тоа вре­ме бил жа­ри­ште на октом­ври­ска­та рево­лу­ци­ја. Кон­стан­ти­но­вич им се прик­лу­чил на бол­ше­ви­ци­те и за нив из­вр­шу­вал пове­ќе долж­но­сти. На 10 ју­ли 1917 го­ди­на на­пи­шал отво­ре­но пис­мо од јуж­нос­ло­вен­ски ре­во­лу­ци­о­нер до пре­дав­ни­ци­те на Ру­си­ја и на сло­венс­тво­то, на­со­че­но про­тив меншевици­те и есе­ри­те. Отка­ко му се по­до­бри­ла здрав­стве­на­та со­стој­ба, за­ми­ну­ва во гра­дот Кем, ка­де што од по­че­то­кот на август ра­бо­тел ка­ко ле­кар во со­ста­вот на персона­лот при ди­рек­ци­ја­та за из­град­ба на Мурн­ман­ска­та же­лез­ни­ца. Во Кем, Константи­но­вич се прик­лу­чил на но­ва­та ре­во­лу­ци­о­нер­на власт по из­був­ну­ва­ње­то на октом­ври­ска­та ре­во­лу­ци­ја. Во ју­ни 1918 го­ди­на пр­во бил из­бран за ко­ме­сар по на­род­но здрав­је во Кем, а по­тоа и за член на Из­врш­ни­от ко­ми­тет при кем­ски­от око­ли­ски со­вет. Бил за­чу­ван во ра­ко­пис еден не­гов го­вор, кој го одр­жал во ју­ни или ју­ли 1918 го­ди­на, пред по­ве­ќе од 1.000 ра­бот­ни­ци, при отво­ра­ње­то на на­род­ни­от со­бор во Кем. Та­му се дек­ла­ри­рал и ка­ко „Ју­жен слав­ја­нин и ка­ко ма­ке­дон­ски ре­во­лу­ци­о­нер“.

По поч­ну­ва­ње­то на Ру­ска­та гра­ѓан­ска вој­на ин­тер­ве­на­ци­о­ни­стич­ки­те си­ли на Антантата ги за­зе­ле Кем и окол­ни­те ме­ста, при што во ју­ли 1918 го­ди­на бил уап­сен и Кон­стан­ти­но­вич. Кон­стан­ти­но­вич, кој не са­кал да се из­јас­ни ка­ко Ср­бин, бил ста­вен под истра­га на Пр­ва­та срп­ска до­бро­во­леч­ка ди­ви­зи­ја. Бил об­ви­ну­ван де­ка не се признавал за Ср­бин, ту­ку ка­жу­вал де­ка е „Слав­јан – Ма­ке­до­нец“. На ба­ра­ње на англиска­та вој­ска, Кон­стан­ти­но­вич бил ис­пра­тен во Мур­манск, во при­друж­ба на двај­ца срп­ски вој­ни­ци. На пат за Мур­манск, на 1 сеп­тем­ври бил уби­ен, на­вод­но, при обид за бег­ство.

За да би­де иро­ни­ја­та по­го­ле­ма, Кон­стан­ти­но­вич, ле­кар и ху­ма­нист, чо­век што се залагал за панс­ло­ве­ни­зам, за јуж­нос­ло­вен­ска фе­де­ра­ци­ја, но кој по ни­ко­ја це­на не са­кал да си го про­ме­ни иден­ти­те­тот, за­ги­нал од ра­це­те на си­но­ви­те на на­ро­дот на кои им пома­гал и кои го од­ли­ку­ва­ле!

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 81. број на неделникот „Република“, 21.03.2014)
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.