Почнува со историски осврт на ослободувањето од Бугарија и сонот по тоа за –“Голема Бугарија” од која ете “неправедно” отпаднала Македонија. А таму “Македонските Бугари”, воделе борба со Турците за – целокупна Бугарија.
- Борбата во Македонија се разжестува за што авторот дава податоци од Англиската сина книга на почетокот на 1904 година за Македонијa и според која во просек месечно се убивани по 100 луѓе. - Не можејќи да ги скрие автентичните македонски интереси искажани од дејци на македонскиот народ низ печатот, а така спротивни на бугарските долевани од Софија, Милјуков плетка се` и сешто (повеќето биле“млади луѓе“ и како такви, така се однесувале заради некој вид “космополитски идеализам“). Цитат: “Меѓутоа секогаш постоеја разлики меѓу гледиштата на официјална Бугарија, која сакаше да го користи движењето како инструмент во својата надворешна политика и оние на самите револуционери, повеќето од нив млади луѓе вљубени во независноста и исполнети со еден вид космополитски идеализам“. - Но разликите се огледуваат и во следните редови: “Секако постоеше Централен комитет“ во Софија, чиј претседател обично беше некој кој ја уживаше довербата на кнезот“. - И пак не можејќи да ја крие автентичната сила на македонскиот народ констатира: - “ВИСТИНСКАТА револуционерна организација, БЕСКОМПРОМИСНА и ЉУБОМОРНА НА СВОЈАТА НЕЗАВИСНОСТ, СЕ НАОЃАШЕ ВО МАКЕДОНИЈА“. - Низ краток историски развој на ВМРО, Илинден и последиците и Младотурската револуција, Милјуков сега ги бои работите и меша поими (со термини-“Македонски Бугари”, “Бугари” но и “Бугарски Македонци”). - Правдајќи ја индиректно Бугарија со иницирањето Балкански војни за Македонија, Милјуков Младотурската влада ја прави полоша од предходните режими. - Иако вели дека Македонците масовно купуваат земја од Турците (особено Македонци повратници од САД), Милјуков исфрла проблем - Турците ги бркале од купените ниви и ги делеле на Муслимани од Босна. - Ова според него е мотив што четите се пак по планините (всушност Врховистичките –з.н). Милјуков во пристрасноста, крие дека тоа е масло на Бугарија на која не и` одговара демократизацијата на Турција, а со тоа и зголемената свест на македонскиот народ за своја национална држава. - Затоа и преќутува што тоа не е случај со најбројните чети на македонскиот народ (илјадниците под команда на Сандански кој дури им помага на Младотурците во повеќе борби против султановите поддржувачи). Затоа го преќутува и жестокиот одговор на Сандански и ликвидациите на Бугарските Врховистички чети (во кои има голем број офицери и војници од Бугарската армија). Затоа и преќутува за Македонската политичка елита која на демократски начин во Турскиот Парламент издејствува низа Закони, кои се` повеќе водеа кон автономност и сувереност на Македонија и македонскиот народ што и ги тера Бугарија, Србија и Грција на договор тоа да престане. - На крајот од овој дел за автономијата, Милјуков го завршува дека 1910 година е веќе крај за секаква идеја Македонија да биде автономна и независна (што е неточно зашто тоа е 1912 година кога сосетките увидоа дека се поизвесната независност, може само со војна да се спречи). |