Среда, 16 Април 2014   
Борбата за Македонија е воружен конфликт од 1895 до 1908 година во Отоманската Империја за Македонија

sloboda-ili-smrtБорбата за Македонија е воружен конфликт од 1895 до 1908 година во Отоманската Империја за Македонија помеѓу врховистичките, грчките, српските чети и четите на Македонската Револуционерна Организација.

Овој конфликт е само кулминацијата од дејствувањето на трите поголеми пропаганди во Македонија, кои работеле за остварување на националистичките планови на нивните држави, а од другата страна била Македонската Револуционерна Организација, таа се залагала за самостојно работење и борба за извојување на човекови права и слобода преку едно внатрешно востание. Врховистичките, грчките и српските чети ја имале подршката на Бугарија, Грција и Србија, а грчките чети, поради отворениот турцизам, ја имаале наклонетоста и на самата империјата, но андартите често се откажувале од помошта на османлиската војска и се здружувале со четите на Српското четничко движење. На територијата на Македонија грчките чети се судрувале и со власите кај кои била силна романската пропагнада како и со дејците на албанското националноослободително движење. Во текот на Младотурската револуција во Македонија, според турските извори, имало околу 110 чети на Македонската Револуционерна Организација, 80 андартски чети, 20 српски и 8 влашки чети.

Берлинскиот конгрес оставил голем број на отворени прашања кои останале потенцијални жаришта за нови конфликити и кризи. Меѓу многуте прашања бил и членот 23 кој останал нереализиран, а кој вешто бил изманипулиран од страна на Отоманската Империја со т.н Нов закон за европските вилаети, а тоа оставило простор за калкулации помеѓу државите на Балкански Полуостров чии интереси се судрувале во Македонија.

Најголеми претензии врз Македонија имало новото бугарско кнежество, македонското прашање го заземало централното прашање во надворешната политика на Бугарија, секоја бугарска влада се залагала за присоединување на Македонија кон Бугарија и реализирање на санстефанскиот идеал. Главната официјална цел на Софија по обединувањето на кнежеството Бугарија и Источна Румелија, е Македонија да добие автономија, а потоа да биде присоединета кон бугарската држава, оттука Бугарија претендирала на целата територија на Македонија.

Освен Бугарија претензии кон Македонија имале Грција и Србија, а Македонија била од второстепено значење за Романија и Црна Гора. Затоа Бугарија, Грција и Србија ги засилиле своите пропагнади во Македонија со цел да се стекнат со што подобри позиции. Нивната цел била да се:

...обезбеди повеќе грчки, бугарски и српски национални приврзаници во Македонија. Тие во погоден момент требало да послужат како внатрешни национални сојузници и оправдувачки фактор за нивните територијални претензии во Македонија.

Овие три балкански држави започнале пропагандна војна во Македонија, но нивните планови со текот на времето биле попречени од страна на Македонската Револуционерна Организација.

Таа организација имала за цел, да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста и извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области.

За полесно постигање на таа цел Организацијата се борела да ги премавне шовинистичките пропаганди и национални расправии, кои го цепеле и ослабувале македонското и одринското население во неговата борба против општиот непријател или како што Иван Хаџи Николов истакнал:

Лозинката треба да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех. Да се постигне Автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турција, туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на Автономна Македонија, Србите и Грците веќе не ќе можат да бараат делови од неа, ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија , Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Наша задача треба да биде да ја споиме Македонија цела, а тоа може да биде преку една Автономна Македонија.

Оваа Организација во текот на неколку години успеала да го обедини и предводи населението во Македонија да создаде своја паралелна власт во Отоманската империја, која е позната како Подземна република и преку своите институции да контролира поголем дел од територијата на Македонија, а притоа секогаш се залагала за идеалот Македонија на Македонците.

Со таквата дејност Организацијата била пречка за оставрување на замислените планови на балканските држави, оттука нивната пропагнада започнала да поприма и друг карактер односно тие почнале да формираат чети и да ги уфрлуваат со што започале борба со Македонската Револуционерна Организација за контрола на територијата на Македонија.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.