Среда, 07 Мај 2014   
Византискиот континуитет на античките Македонци

vizantiski-kontinuitet1

Античките Македонци имале исклучително силно влијание врз процесот на групната самоидентификација и креирањето на идентитетот на населените Словени во Македонија. Во контекст на религиската ориентација на Македонците во 4 век, мошне илустративно е сведоштвото на Созомен. Тој пишува дека императорот Теодосиј, при пристигнувањето во Македонија, летото 379 година, бил мошне задоволен откако дознал дека „црквите дур до Македонците се единствени“ во почитувањето на никејската религиска определба. Идентификацијата на Македонците, во етнички и религиски контекст, во делото на Созомен е сосема јасно евидентирано. Ваквата констатација мошне конкретно е одразена) во недвосмисленото сведоштво на Теодорит Кирски за припадноста на градот Солун „на македонскиот народ“. Дека кај Теодорит постои јасно поимање за етничката констелација во Македонија во периодот од 4 до 5 век говори и фактот дека тој во својата црковна историја паралелно го користи терминот Македонци и при идентификувањето на приврзаниците на еретичкото движење на константинополскиот епископ Македониј, кое било мошне активно во втората половина од 4 век. Фактот што Теодорит не чувствувал за потребно да употреби различни термини за Македонците во етничка смисла и за Македонците приврзаници на учењето на Македонија само по себе говори за неговото јасно поимање за Македонците како доминантно население во Македонија во овој период. Ваквото поимање содржано кај Теодорит воедно ја одразува и генералната перцепција која во тоа време постоела кај црковните кругови. Тоа најилустративно е евидентирано во писмата на миланскиот епископ Амброзиј од крајот на 4 век, како и во опширната папска кореспонденција од рановизантискиот период, каде се наведуваат Македонците во религиско-етничка конотација. Најтипичен пример кој го одразува континуитетот и посведочената егзистенција на Македонците во рановизантискиот период, несомнено е сведоштвото на солунскиот архиепископ, Јован. Тој во првата збирка на Чудата на Св. Димитрија, недвосмислено ги портретира Македонците и Св. Димитрија како единствено заслужни за успехот во одбраната на градот од словенско-аварскиот напад во 586 година. Јован образложува дека одбивањето на опсадата од огромната словенско-аварска паганска војска, се должела на пресудната улога на Св. Димитрија, кој ја поттикнал храброста кај Македонците во Солун. Ваквото сведоштво на солунскиот архиепископ, претставува неоспорна потврда за егзистенцијата на Македонците во 6 век како доминантни жители во Солун, како и впрочем во Македонија, компарирано и со другите извори. Тоа добива посебно на значење, ако се земе предвид дека Јован како сведок на настаните и активен учесник во организирањето на одбраната на градот, не само што го пренесува своето лично поимање за етничката структура на Солун, туку директно ја одразува и тогашната перцепција кај Солунците. Фактот што Чудата на Св. Димитрија претставуваат и своевидни хомилии наменети за Солунците, ја илустрира и тенденцијата на Јован за креирање на претставата за Димитрија како светец, заштитник и победник против Словените - пагани. Ако кон тоа се додаде и занемареното сведоштво на Симеон Метафраст од 10 век, каде сосема јасно се констатира етничката поврзаност на Димитрија со „родот на античките Македонци“, станува сосема јасна и популарноста која ја стекнал култот на Св. Димитрија во Солун. Тоа е разбирливо, ако се земе предвид дека при самото креирање на култот на Св. Димитрија во средината на 5 век, всушност, биле вградени македонските традиции на популарното паганско божество Кабири. Супституцијата на богот Кабири со новиот христијански херој - Св. Димитрија, била сосема прифатлива за Македонците во Солун во периодот на глобалната религиска транзиција, како начин за продолжување на изразувањето на религиските традиции и идентитет. Евидентираното продирање на култот на Св. Димитрија меѓу Словените во околината на Солун во 30-те години на 7 век, истовремено ја илустрира и улогата на Св. Димитрија во првобитната фаза од процесот на христијанизација на македонските Словени. Процесот на интеракција и комуникација помеѓу Солунците и Словените од околината на Солун бил овозможен и од панаѓурот кој се одржувал традиционално во чест на Св. Димитрија. Директната поврзаност на Македонците со култот на Св. Димитрија продолжила и во наредните векови, што сосема јасно е евидентирано во византиската сатира „Гимарион“, составена во 12 век, каде се наведува дека „денот на Св. Димитрија во Солун е величествен фестивал како Панатинеи во Атина или Напионии во Милет; тоа е голема македонска прослава, каде не само што се собира македонскиот народ, туку и народи од сите видови и од сите правци: Грци од различни региони на Хелада, мизиски племиња кои ги населуваат областа околу Истар (Дунав), регионите на Скитите, Кампанианите, Италијците, Иберијците, Лузитанците и Келтите зад Алпите“. Како заклучок се наметнува констатацијата дека во перцепцијата на мнозинството автори од рановизантискиот период (4 - 6 век), Македонците се идентификуваат како доминантен етнички елемент во Македонија. Ваквата перцепција е проследена со конкретното и прецизно етничко, политичко-територијално и религиско издвојување на Македонците од соседните области на Македонија. Посведочениот континуитет на античките Македонци како доминантно население во Македонија, несомнено имал суштинска рефлексија врз процесот на пренесувањето на античките македонски традиции на населените Словени на македонска територија од 7 век. Тоа го потврдуваат најновите историско-археолошки студии за населувањето на Словените на Балканот, кои покажуваат дека словенското населување не претставувало класична миграција, проследено со масовна колонизација. Оттаму, населувањето на Словените немало капацитет директно и целосно да ја промени етничката констелација во регионот, иако неоспорно било силното влијание на словенскиот етнос. Станува збор за етапен процес, кој ја овозможил заемната симбиоза помеѓу античките Македонци и населените Словени во Македонија. Новата сложена етничка конфигурација која се формирала на територијата на Македонија во текот на 7 век, преку евидентираното присуство на античките Македонци и на населените Словени, ги навело византиските автори во своите сведоштва од 8 век да започнат да ги идентификуваат населените Словени на македонска територија, со единственото име - Македонски Склавинии. Поаѓајќи од тоа, може да се констатира дека античките Македонци имале исклучително силно влијание врз процесот на групната самоидентификација и креирањето на идентитетот на населените Словени во Македонија.

ТВ Сонце
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.