|
|
Филателијата во Македонија за време на Илинденското востание |
Во 1903 година за време на Илинденското востание е подготвена серија од седум марки кои воедно се сметаат и за први македонски поштенски марки. На нив е прикажан исправен лав со круна и натписот "Македония" (Македонија). Номиналните вредности на марките се: 10 пари, 20 пари, 1 грош, 5 гроша, 10 гроша, 15 гроша и 25 гроша. Брзото задушување на Илинденското востание е причината поради која марките не влегуваат во оптег, а поради малиот тираж овие марки денес се исклучително ретки и не се влезени во каталозите. Влатко Билески |