|
|
Карпош се прогласува за крал на Куманово, со калпак добиен од австрискиот цар Леополд I (1689 год.) |
„Неговата екселенција високославниот хан, сераскер Махмуд паша и везирите и ајаните (првенците) на државата присутни во царската ордија, одржаа советување (близу Софија) и бидејќи се согласија дека сега е потребно со достојно единство да се крене против бедните неверници кои го запо-седнале Скопје и тамошните предели, да се противстават на непријателските напади од овие места. Следниот ден гореспоме-натиот сераскер и сите монотеистички борци (едноверци) кренале од Софиското Поле, пристигнале до влезот на Паланката Егри Дере (денес Крива Паланка, н.б.), проклетникот по име Карпош - којшто пред извесно време ставил калпак добиен од германскиот цар (австрискиот цар Леополд I, н.б.) и идниот старешина над ајдучките невернички разбојници стекнал слава под името крал на Куманово, со многу илјади безверни непријатели од редовите на неверничката раја, ја беше зазел паланката Егри Дере, за да му биде упориште”. Д. Бојаниќ-Лукач, Карпошев покрет и извори за његово изучавање. Филозофски факултет-Скопје, докторска дисертација во ракопис. Скопје 1961, стр.207( Прилози); Документи...,т.I, док.106, стр.155-156; Д-р Иван Алексов |