|
|
Заробувањето и маченичкото убиство на водачот на востанието- Карпош (1689 год.) |
Од Дефтердаровата историја „(Карпош) известен дека монотеистичката војска е близу до споменатото место (се однесува на Крива Паланка, н.б.), ја запалил со оган споменатата паланка и со проклетниците што се ставиле под неговото злосреќно знаме безобзирно избегал; би-дејќи се запрел во паланката којашто отпорано ја подигнал кај Куманово, следниот ден и исламската војска со среќен крај се кренала од тоа место и слегла во местото наречено Куманово. А овој безверен проклетник, поради преголемата пркосна гордост ги дочекал исламските борци, и откако извесно време меѓу двете страни се водела борба и битка (во битката на 15 ноември 1689 г. Карпошевите востаници доживеале силен пораз, н.б.), ос-танатата победоносна војска јуришала од сите страни на бедните проклетници со добросејачките огнофрлачки сабји, бидејќи од главите на бедните непријатели, кои биле мали залаци за острите сабји на предобрите јунаци, поприштето на борбата станало слично на градина од лалиња...и нивното бегство станало очигледно. Откако, благодарејќи на севишниот Алах проклетникот по име Карпош, поразениот старешина, со многубројните пагани бил фатен и окован во пранги, војската навиката на војна за вера и јунаци на газискиот сој јуришале со јуначки напади врз споменатата паланка... Потоа постојано приоритетната војска ги свртила дизгините спрема Скопје. И бидејќи ајдутските проклетници, кои во споменатата касаба се утврдиле, ја примиле веста, избегале, а пак газиите кои се добрале до победата влегле во Скопје. На скопскиот мост го набиле на кол проклетникот Карпош, кој бил фатен во паланката Куманово...” Д. Бојаниќ-Лукач, Карпошев покрет и извори за његово изучавање. ..., стр.202-204( Прилози); Документи...,т.И, док.106, стр.156-157; Д-р Иван Алексов |