Среда, 04 Јуни 2014   
Нема поголем доказ за Македонците од античките монети од Хераклеја

moneti

Монетите со ликови на античките владетели од македонскиот период пронајдени на нашите археолошки локалитети се доказ од прва категорија дека на овие простори се протегале делови од Македонија и дека живееле антички Македонци. Ова за „Дневник“ го изјави Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство на изложбата на монети пронајдени на Хераклеја Линкестис, која викендов беше отворена во Заводот и музеј во Битола. Тој вели дека овие артефакти ќе послужат како доказ за правото на нашиот народ врз името Македонија. Затоа, вели, е потребно да се направи ново картирање на сите монети откриени на територијата на нашата земја.

- Ако козата лаже, рогот не лаже, вели народот. Со картирање ќе ја покажеме концентрацијата на монети што ги имаме. Таа концентрација ни покажува дека на оваа почва живееле луѓе што користеле монети со македонските кралеви. Што биле тие? Македонци. Тоа е еден доказ од прва категорија. Поголем доказ не може да има. Kој било граѓанин или политичар ако ги прелиста тие карти, би можел само да констатира дека овие луѓе имаат право, тоа е Македонија или северните краеви на кралството Македонија - изјави Лилчиќ-Адамс.

Нaјмногу антички моменти во јужна Македонија

Едно од првите картирања на монети во Македонија било направено во 1994 година. Тие се објавени во книгата „Kралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија“ која Лилчиќ-Адамс ја објави заедно со нумизматичарот Никола Шелдров.

- Но, дојде време по 20 години да се направи ново картирање, бидејќи во меѓувреме се извршија многу археолошки истражувања. Особено со владините капитални проекти имаше истражувања на многу локалитети што датираат од времето на раната антика кога живееле античките Македонци на ова наше подрачје - додава Лилчиќ-Адамс.

Најмногу антички монети кај нас се откривани во јужните делови од земјата, во Битолско, Валандовско, Гевгелиско. При последните археолошки ископувања во Хераклеја беа откопани антички монети на кои најверојатно преставени се ликовите на владетелите Александар Трети Македонски и Филип Петти.

- Пронајдовме монети од Александар, не го потенцирам ниту Филип Втори, ниту Филип Петти зашто монетите с` уште не се прочитани. Допрва треба да се дообработат. За овој материјал правиме каталози, научно ги обработивме и ќе ги презентираме. Монетите се претежно од бронза, но има и сребрени - изјави археологот Аница Ѓоргиевска, кустос- советник во битолскиот Завод и музеј.

Многу монети се изнесени од земјава

Според Лилчиќ-Адамс, на едната монета најверојатно ликот на Александар Трети Македонски се изедначува со оној на митскиот предок Херакле, па затоа на главата има лавовска кожа. На другите ковани пари можно е да се ликовите на јунакот Персеј, богот Зевс или на Филип Петти Македонски.

За жал, дел од вредните артефакти останати од минатото нашата земја ги изгубила неповратно, преку дивите копачи што го изнеле надвор.

- Во Македонија како истражувач посетив најмалку околу 1.000 стари градови и тврдини, можам да речам дека нема локалитет, стар град или тврдина каде што не видов дупки, помали и поголеми. Помали дупки каде што се трагало најверојатно со детектор, а поголемите ги направиле понеуки луѓе кои барајќи злато уништувале културни хоризонти и објекти. Претпоставувам дека од тие дупки биле вадени монети. Замислете тоа богатство да се најдеше во музеите - додава Лилчиќ-Адамс.

Жанета Здравковска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.