Среда, 04 Јуни 2014   
Писмо од капетанот Вилијам Мартин Лик до лордот Малгрејв

Д-р Иван Алексов

William_Martin_LeakeСТРАНСКИТЕ  ПАТЕПИСЦИ  ЗА  МАКЕДОНИЈА

ЏОН МОРИЕР ДО ЏЕЈМС ФОКС: ТУРСКАТА ВЛАДА ГИ ГЛЕДА НЕПРИЈАТЕЛСТВАТА МЕЃУ СВОИТЕ ПОДАНИЦИ, САМО И САМО ДА ЈА ПОВРАТИ ВЛАСТА ЗА КОЈА НЕМА ДОВОЛНО СИЛИ ОТВОРЕНО ДА ИМ ЈА НАЛОЖИ

(Јанина, 4 јуни 1806 год.)

Господине,

Молам да ми дозволите да Ви поднесам извештај за моето патување во Берат, потоа во Солун, Цариград и назад во ова место...

Целиот предел меѓу Берат и Јанина, пространство од околу 60 англиски милји, се состои од раштркани планини...

Најпрометен пат од Берат и Јанина е оној кој води од Аргиро Кастро и Тепелини. ...

....на патот за Солун се преминува преку три реки едно по друго. Инџе Кара, тоа е онаа истата кај Селфиџе и одговара на Астреус од Д’анвил; Карасмеак изгледа дека е Лудијас и Вардар-Аксиус кај старите народи. Реките зиме во голема мера ја поплавуваат рамнината и на сличен начин ги уништуваат каналите. Вардар е пловен до извесно место за мали чунови.

Албанското влијание во оваа област се шири толку брзо што постои опасност за кратко време да ја ограничи власта на солунскиот паша дури до ѕидовите на неговата резиденција.

Силата на Али -паша отворено се признава дури до планините што ја опашуваат Вардарската Рамнина, кој секојдневните присвојувања на имоти ги спроведува со таква политика што успева да го оствари задоволувањето на својата амбиција со полн изглед на потчинетост, па дури и верност кон султанот.

Неговите сфаќања ги забрзуваат безредијата во земјата која непрекинато ја пустошат бандити чиј изглед не може да се опише. Нив вештиот везир (се однесува на Али-паша од Јанина, н.б.) не заборава потајно да ги охрабрува, така што угнетеното население е принудено да бара заштита од него зашто такво нешто не може да добие од далечната ослабена влада.

Последната победа на Али-паша над Негуши, во прилична мера ги разоткри тајните намери за проширување на влијанието над соседните градови Кара Вериа (Караферија, односно Бер, н.б.), Воден и Ениџе, кои припаѓаат кон солунскиот санџак; со тоа се даде уште еден пример за необичниот систем на турската влада, која ги гледа непријателствата меѓу своите сопствени поданици, само и само да ја поврати власта за која нема доволно сили отворено да им ја наложи.

Али- паша го освои ова мало место (Јанина, н.б.) насила, а кое е вакаф, и покрај спротивставеното влијание на Кислир-ага, под чиј надзор се наоѓаше тоа. Иако неговото однесување кон овој случај иж беше претставено на Поротата како нелојал-но, тој успеа со своите интриги и подмитувања да ја заташка работата, така што има веројатност дека ќе добие ферман да му се даде власта што насилно ја присвоил.

Местоположбата на Негуши е важна поради доминантноста што ја има над градовите од рамнината, како и над преминот од планината покрај Кара Вериа, древната Бероеа. Ова место се наоѓа на падината од планината Бермиус, оддалечено од Солун шеснаесет часа.

Жителите на рамнината се христијански Бугари (се однесува на македонското население, н.б.). Ништо пожалосно не може да биде од нивниот живот, тие постојано се изложени на немилост на солунските Турци, како и на многубројни банди од арамии, кои непречено ги пљачкаат и во случај да се спротивстават им ги палат селата. А нив ги одведуваат како робови.

Власта на Исмаил-бег од Серес, што се протега на исток од Солун кон реката Струма, претставува суштествена спротивност од онаа  во соседните области. Тој прави сеж да ги засили земјоделството и индустријата и истовремено да ја заштити својата раја, бидејќи другите владетели изгледа дека го попречуваат тоа, уништувајќи ги. Тој е најмоќниот од главешините во Македонија, и велат дека е во состојба да доведе 15.000 до 20.000 души на бојно поле со сопствено плаќање, и сега е ангажиран со наредби од Поротата да ги уништи бандитите што пустошат низ земјата дури и пред тврдините на столицата.

Поради соседството на двајцата моќни главешини, како што се Исмаил-паша и Али-паша, Солунскиот пашалак е многу намален, неговата единствена војничка сила ја сочинуваат јаничарите, кои живеат во неговите тврдини, чиј број кога би се рекло дека изнесува 10.000 веројатно многу би се претерало.

Најзначајниот објект на мојот пат за Јанина при враќањето од Солун преку Лариса беше преминот на долината Темпе, кој со долга мочурлива рамнина при влезот сместен во подножјето на планината Олимп и морето претставува воена база од значителна важност за одбрана во случај непријателот да се обиде да се пробие од Тесалија на север....

Иако не може да се претпостави дека Турција би била прва нападната преку овие провинции, нивната заштита бара сериозно внимание во друга смисла, имено поради производството на најголемиот дел жито што тие го даваат; под претпоставка непријателот да го заземе Цариград, но без да господари со Црно Море, па според тоа да остане без средства да набавува жита од таму, нивниот единствен извор би бил од производите на овие области особено од Солунската и Тесалиската рамнина, чие отцепување би го лишил непријателот од единствениот извор за набавака на средства за живот. Дури и при сегашната сос-тојба на запуштеност овие рамнини ја произведуваат количината  што се наведува во извештајот.

Исто така приклучувам и една скица за патот од Солун за Цариград кој иако во целата своја должина ги дава сите можности за превоз на топови и пешадија, на места е многу тешко совладлив, на пример, може да се споменат Кавала каде што минува реката Хебрус и патото во подножјето на Родопите близу Родосто, но во исто време тие се и најпогодни за одбрана. Особено Кавала претставува место од голема важност, бидејќи тоа е главниот премин од Македонија за во Тракија и центар во дејствувањето и силата на Исмаел-бег. Токму тука се соединуваат патиштата од Серез и Солун, извесно време се доближуваат до морскиот брег, потоа влегуваат во една тесна клисура што се шири пред рамнините кои оттука се протегаат сеж до Родосто.

Планините што ги заградуваат тие рамнини се населени со оние Турци одметници што ги викаат Хаитас, кои под различни водачи во изминатите години ја отцепија цела Румелија, и не само еднаш дошле дури до столицата.

Се смета дека силата на Исмаил-бег, за што Портата придонесе многу поверувајќи му ја јурисдикцијата над целиот тој дел дури до Родосто, ќе ја сузбие бунтовноста на овие луѓе од кои единствено главешината Кадри од Бургас неодамна му ја изрази својата послушност на Исмаил-бег.

Имам чест да бидам...

X.P.Morier...

Public Record Office-Foreign Office 78/53,

Britanski dokumenti..., t.I, dok.26, str 32- 37;
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.