|
|
Битола станува седиште на реумелискиот Валија и румелиската војска |
ФЕРМАН СО КОЈ СЕ ИЗВЕСТУВА ДЕКА ГРАДОТ БИТОЛА СТАНУВА СЕДИШТЕ НА РЕУМЕЛИСКИОТ ВАЛИЈАИ РУМЕЛИСКАТА ВОЈСКА
(18 април 1820 год.) „До благодетелниот господин кадијата на град Битола...и до нашиот кајмакам царскиот силархшор Рустем-беј...и до царскиот капуџибашија благородниот Абдул-Керим беј, војвода на град Битола...и до ајанот, видните граѓани и градски службеници...се соопштува:
Бидејќи град Битола е главно управно седиште на румелиските валии и високите везири, по царска наредба и надевајќи се на бога... решивме во овие среќни денови да ја напуштиме Софија и за неколку дена тргнавме за Битола. Поради тоа, вие споменатите, до кои се упатува овој ферман, пред се потребно е да ја осигурите храната на војската под наша команда која има преку 30.000 војници... потоа на брза рака да извршите некои потребни поправки на сарајот, определен за високи везири и да го уредите мебелот...тогаш да уредите некој конак кој донекаде одговара на сарај. Исто така да подготвите по еден конак за внатрешното и надворешното одделение на нашата канцеларија, за делиите, за пушкарите, за сејмените и за бе-говите и агите ајани на Румелија, што се наоѓаат во нашата придружба. Потоа да извршите попис на сите конаци и анови во град Битола колку што ги има, а можат да се употребат за живеење... Да работите и да постапувате по повелбава и да се чувате од спротивности”. Турски документи замакедонската историја, Државен архив на НРМ, Скопје, 1957, стр. 47-48; |