|
|
Повелба на румелискиот Валија |
ПОВЕЛБА НА РУМЕЛИСКИОТ ВАЛИЈА ЗА ПОПРАВКА НА ПАТИШТАТА ЗА ПРЕМИН НА 30.000 ВОЈНИЦИ НА ПАТОТ КОН БИТОЛА (14 април 1820 год.) До истакнатите во Шеријатот кадиите и наибите од казите што се наоѓаат на патот од Софија кон Битола...благодетните агивојводи и до видните месни граѓани и градски службеници се соопштува: „Бидејќи Битола е главно управно седиште на Н.В. Н.Е. високите везири, валиите на Румелија, надевајќи се во Бога, со поткрепата на духот на светиот божји пратеник, по царска наредба во ова среќно време ја напуштаме Софија и за неколку дена тргнуваме за Битола. Според тоа, вие спомнатите...да се погрижитепатиштатакаде што ќе мине голематавојска под наша командаодпреку 30.000 војници со колите (запренос) натоповите, аваните, муницијата и останатиот прибор, да се прегледаати да се прошират коначиштатата да се испразнат и исчистат, мостовите да се поправат...и така да се постигнат условите , за да може лесно да се мине. Во таа смисла од страна на Румелискиот диван се издава оваа повелба и се испраќа по татарот Ариф... Да работите и постапувате по повелбата и крајно да се чувате од дозволување спротивно на повелбата....”
Турски документи за македонската историја..., стр 47-48; Љ. Лапе, Одбрани текстови..., ИИ,стр 19-20; |