|
|
Грција по падот на Хунтата |
Владата на Караманлис ги ослободува политичките затвореници, го расформира концентрациониот логор Ѓурос, го враќа Уставот од 1952 год., ја легализира КПГ, врши смени во армијата и ги апси лидерите на Хунтата. - 16.VIII.1974 год. се враќа Андреас Папандреу од егзил а на 22.VIII.1974 год. и лидерот на КПГ Харилаос Флоракис. Регистрирана е и ЕДА на чело со Илијас Илиу. - 03.IX.1974 год. – формирана е “ПАСОК” ( Сегрчко Социјалистичко движење ) на чело со А. Папандреу. Кон ПАСОК на 06.X.1974 год. се приклучува и партијата “Национален отпор”. - 28.IX.1974 год. – Караманлис ја формира – “Нова демократија”. - 08.X.1974 год. - Формирана е коалицијата – Обединета левица составена од двете КПГ ( КПГ(вн) и КПГ(н) ) како и ЕДА.Се обединува и крајната десница во коалиција на чело со П.Гардуфилјас. - 09.X.1974 год. – Формирана службена влада со Караманлис, која за 17.XI.1974 год. закажа избори. ПАСОК и КПГ критикуваат за нефер однос и услови со остатоци од Хунтата во администрацијата. - ПАСОК во кампањата бара целосно напуштање на НАТО од Грција и особено Американските воени бази, се залага за социјална сигурност. Резултатите од изборите од 1974 год. , беа: ( конеч.) - На изборите излегоа 4.963.568 граѓани а апстинираа 20,46 %. - Караманлис формира еднопартиска влада со која е 7 години (1974 – 1981 год.), а презема повеќе мерки на надворешен и меѓународен план. - 08.XII.1974 год. – Оддржан плебисцит , сите опозициони партии се против монархијата, Нова демократија е неутрална. - На плебисцитот и мнозинството од народот е против враќањето на монархијата (против монархијата – 3.245 111 или 69,18 % ). - 18.XII.1974 год. – Парламентот го избира М.Стасинопулос од Нова демократија за привремен Претседател на Републиката. - 28.V.1975 год. – Караманлис договора влегување на Грција во Европската Унија. Изгласан и новиот Устав на Грција нешто подоцна. - 1977 год. – Парламентарни избори на кои ПАСОК ги зајакна позициите но недоволно во однос на Нова демократија, КПГ остана со – 10 %. - ПАСОК го зголеми рејтингот оти Нова демократија и натаму практикува форми на управа од Хунтата а ја користи и Кипарската трагедија; ги води и демократските сили против десницата а за зачленувањето во ЕУ (тогаш ЕЕЗ) ветува реферндум. Тврдеше дека ќе се отстранат нуклеарните и воени бази на САД и НАТО од Грција и сл. - 20.X.1980 год. – Караманлис ја враќа Грција и во воениот дел на НАТО. - 18.X.1981 год. – Парламентарни избори, трети по ред по падот на Хунтата, на кои ПАСОК е победникот. - Резултатите од изборите од 1974 год., беа : - ПАСОК ја демократизира Грција но нееднакво за сите граѓани. - Македонскиот народ во Грција и натаму е во немилост и политиката кон него не се разликува од онаа на другите партии. - 08.IX.1983 год. – Владата на ПАСОК и покрај ветувањата потпиша договор со кој се продолжува користењето на воените бази од НАТО за уште 5 години. Ако нема писмено известување од Грција пред истекот на договорот, ќе се користат и следните 5 години. Со овој договор, Грција го продолжи членството во НАТО и ЕЕЗ. - Владата на ПАСОК донесе и Закон за национално помирување на грчкиот народ. Со овој Закон се донесе Закон за општа амнестија, со кој се амнестирани сите кривични дела од Граѓанската војна. Легализирана е левицата, донесен е Закон за грчко државјанство, за денационализација на имотите и се признава Движењето на отпорот. - Но сите овие мерки се националистички - важат само за “ГРЦИ ПО РОД”, додека за македонскиот народ од Грција – НЕ. - Во однос македонскиот народ Грција е доследна, покрај Законот од 1982 год. според кој имотите можат да им се вратат само на – “ГРЦИ ПО РОД“ во 1985 год. носи нов “попрецизен ” Закон со кој имотите можат да им се вратат само на – “ГРЦИ ПО ГЕН“(?!).
По десетиците илјади жртви и осакатени и толкуте илјади бегалци, тешките материјални штети и др., македонскиот народ од Егејска Македонија е пред целосно ликвидирање по Граѓанската војна. - Егејска Македонија требаше да се де-Македонизира, а истовремено да се Грцизира, стратегиски се тргна во општ терор со политички, административни, правни, верски, културно-просветни и други мерки. - Активирана е целата Грчка административна клима, сиот полициско-воен, просветено-културен и верски потенцијал, медиумите, парамилитинарните формации и др. - 30.VIII.1949 г., заврши Граѓанската војна во Грција според Декларацијата од 15.X.1949 г. на Привремената влада на Грција, НО Грчките влади подоцна имаа потреба од друг датум па така...
Грчката власт против Македонците ги презема следните мерки: - Сето ова ги тера Македонците на миграции кон поголемите грчки градови (вон “зоната“), што е и целта на Грците – оттргнување од родните огништа и полесна асимилација во Грчките средини. - Друг дел заради теророт заминува во Европските и прекуокеанските земји, што е пак Грчката нацистичка цел – трајно снемување на Македонците од лицето на земјата – Грција. - М/48 и Н/48 Декрети и др. Закони со кои се конфискуваа околу 2 милиони обработливо земјиште, шуми, пасишта и сл., а за грцизирање на Македонците од Егејска Македонија. - Конфискувано и експромирано земјиште на Македонци учесници во Граѓанската војна како и членови на Македонски национални организации НОФ, НОМС, и АФЖ, на кои им е одземено државјанството според Декретот ПЗ од декември 1947 год. - Законските акти – 944/50, 263/59, 866/51, 828/52 и др. се за конфискации на имотите од Македонците. Овие имоти веднаш се делени на Грци – населувани во Егејска Македонија, со што се врши Грчка колонизација таму. - ПЗ 23536/ 53 “Во врска со повторното населување на пограничните подрачја и помош на населението“– Закон кој според својата реакционерност и антимакедонска насоченост и тендециозност, ги надмина сите претходни. - 23.II.1953 год., во Солун е оддржано советување на Грчки воени и административни власти во Егејска Македонија. Решено е да се предложи на Владата и Парламентот Закон за раселување на т.н. “чувсвителни “ погранични подрачја во Егејска Македонија, со цел конечно да се смени националниот состав во Грчка корист. - Законот бр. 2536/53 е резултат на прифатените барања од Солунското советување и претходната интензивна пропагандна активност за подготовка на јавното мислење за потребата од овој Закон. - Целосната Грчка фанатизираност ја распалуваа медиумите 24.II.1953 год., весникот “Вима“ пишува:
22. XII.1907 год. – во с. Драгош влегла Врховистичка чета на бугарската пропаганда и за да ги заплаши селаните повеќето Петријаршисти (под Грчката црква), а само некои куќи биле Егзархисти (под Бугарската црква) убиле 2 видни патријаршисти наредниот ден. Убиени се сите луѓе од тие куќи и тоа: 10 деца, 8 жени и 7 мажи. Три жени кои се обиделе да избегаат биле фатени, заклани и пак фрлени во пожарот (“Австриски документи” т. I, Крсте Битоски, стр. 226 ) Загоричани – I македонска Герника - 04.VII. 1905 год. - Во дополнителен Извешатај за злосторството во с. Загоричани, Прохаска кажува дека меѓу четниците имало и 16 души “ејаси “ припадници на Кралството и Критјани. Тие носеле со себе 4 канти газија (петролеј) за да го запалат селото. Водач на четата бил Грчкиот поручник Георгиос Вардос Цонтос Критјанин.
02-27. IV.1944 год. На планината Каракамен голема офанзива од фашистичките окупатори обемнопо могнати од Грчките банди на Пулоси ПАО со цел да ги ликвидираат антифашистичките единици кои најголема поткрепа имаа токму во краевите со македонски народ. - Селото Крмско по вторпат го горат и ги стрелаат сите преостанати 150 жители главно жени и деца, бидејќи мажите биле стрелани уште во октомври 1941 год. Катраница – III македонска Герника - Но до која обезличеност и обезчовечност може да втаса човекот, доживеа Катраница, при овој налет на грчките фашистички банди од април 1944 год. Очевидецот Димитар Шопов вака го опишува пеколот во Катраница: Во една плевна биле затворени повеќе луѓе, била запалена и изгорена. Само купишта коски, собрани пред вратата во обид да излезат, но тука изгореле. Германците и бандата на Пулос откако сите девојки ги обесчестиле, ја запалиле плевната. Во тој пламен изгорела и учителката откако над неа ги задоволиле животинските страсти над 20 бандити... Влеговме во еден двор. До самиот праг еден легнат старец со столчена глава со камен. До старецот седнато едно 5-годишно дете. По се` изгледа дека детето кога ги забележало оружените лица си ги затворило со раката очите од страв. Детските кревки гради беа пронижени со безброј куршуми и тоа останало така смрзнато, залепено за ѕидот, а до него стоеше недокастрено стапче и нож“. - За истото дивеење во Катраница, се бележи и во еден Извештај од 21. X. 1944 год. од Потполковник Дионисис Каранџис – Мелас, Командант на единица на ЕЛАС, кој меѓу друготo пишува: “...од беглиот опис што го давам за страдањето на градчето Катраница, колежот извршен од Германците и нивните домашни соработници ПАО и Пулус, ќе можете да ги сфатите размерите на злосторставата... Градчето Катраница од 1 000 куќи, откако целосно беше разурнато, откако ги изгуби покуќнините, 12 000 грла овци и кози, 1 500 глави крупен добиток, плати и данок во крв од 640 жени и деца масакрирани на најсвиреп начин... Како историчарот ќе го крсти случајот на смртта на онаа бремена жена од Катраница, која е фатена во пештерата во моментот на породувањето и откако е оставена наполно сама да ги поднесе болките од породувањето е убиена веднаш по породувањето заедно со својата рожба“. |