Среда, 09 Јули 2014   
Ферман до кадиите и наибите на Дебар (Цариград, 2 септември 1826 год.)

ФЕРМАН ДО КАДИЈАТА НА  ДЕБАР, СО КОЈ ИМ СЕ НАРЕДУВА НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ДА НЕ СЕ МЕШААТ  ВО ЦРКОВНИТЕ РАБОТИ НА ПРАВОСЛАВНОТО НАСЕЛЕНИЕ  И СЕ ОПРЕДЕЛУВААТ  ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА МИТРОПОЛИТИТЕ

fermanПатријархот на цариградската Грчка патријаршија и собирот на митрополи-тите... испратиле претставка и го известиле царскиот диван дека митропо-литот на Дебар, Кичево и околните места, монахот по име Григориј се обратил и барал постапувајќи според одредените прописи во неговиот берат да му биде озозможено извршување на верските обреди кај рајата од овој крај, непречено да ги врши сите верски работи, а посебно прибирањето на годишните мириски приходи и вообичаени такси... По доставувањето на ваквата претставка биле проверени дефтерите на епископската муката, а водворското книговодство и било установено дека во бератот на молителот било одредено... да биде примен, како митрополит, во однос на нивните христијански обреди споменатиот да биде почитуван... нивното именување и разрешување да биде извршувано исклучиво преку митрополитот, да не се мешаат други лица, никому во територијата на таа митрополија, без царска наредба да не му биде одземена некоја црква или манастир, никому отстрана при реновирањето на некоја црква или манастир да не му биде дозволено ме-шање и спротивставување, никому од припадниците на воените формации, до-дека не пристигне царска наредба да не му биде дозволено проверувањето на црквите и манастирите, никој да не биде нападнат и обвинет, при вен-чавањето на некого од зимиите или при поништувањето на бракот, никој освен митрополитот или неговите овластени лица да не се меша и да не интервенира, секакви завети на починатите зимии или монасите извршени според нивните обреди да бидат уважени, на митрополитот да му биде овозможено казнување на сите епископи, монаси, свештеници и калуѓери во неговата митрополија... по разрешување на некој од свештениците да не му биде дозволено на новоименуваниот свештеник некој да му пречи, никому да не му биде дозволено да посредува за унапредување на некого од поп во чин на епископ или за разрешување на некого од некоја црква и за предавање на истата на друг свештеник...

...Поради ова, испратените претставки, кои биле оверени со печат на советот на митрополитите и на монаштвото би требало да бидат сметани како веродостојни. Потоа, секакви молби што се однесуваат на нивните обреди би требале да бидат задоволени, да не се спречува читањето на Евангелието во куќите на митрополитите и на свештениците... никому од мирмираните и припадниците на воените формации да не им биде дозволено да земаат пари и да малтретираат, сите овие услови да бидат внесени во нив-ните берати и ферманот да биде регистриран во кадиските сиџили... и на ни-кому да не му биде дозволено да го принудат некој христијанин да ја прими муслиманската вера... и никој да не се противи и да не се меша во владеењето и во начинот на располагањето со црквите, манастирите, овекафените лозја, бавчи, чифлици, ниви... воденици, манастири, куќи, дуќани, покретнини, нешта, пари и добитоци и со прибраните пари од такси од ајазмите и панаѓурите. Во случај да бидат поднесени жалби против мит-рополитот и неговите епископи да се побара неговото интернирање, а па-шите, кадиите и наибите да дадат претставки за неговите и нивните нечесни дела. Сите такви полаки, барања и претставки да бидат отфрлени и тоа се додека не се утврди апсолутната вистина...

...од предвидените приходи на црквите и од другите мали и големи приходи и даноци и при собирањето на сето ова да биде заштитен од зулумите и угнетувањата на припадниците на секаква воена формација и никому не му е дозволено да се меша, да го напаѓа и да му се спротивставува... Ако преку овластените лица на митрополитот биде склучен некој брак, ако бидат разведени двајца сопружници, или бидат средени односите на двајца скарани зимии, и ако заинтересираните бидат повикани да се заколнат, иако биде решено нивното казнување, од страна на кадиите и наибите да не биде сп-речено и интервенирано. Без дозвола на митрополитот поповите во неговата митрополија да не ги венчаваат зимиите, за кои според нивните обреди тоа не е дозволено; на зимиите, според нивните обреди, да не им биде дозво-лено склучувањето на повеќе од три бракови и да не им биде дозволено напшуштање на брачната жена, како и венчавањето со две жени... Епископите и поповите, кои не ги плаќале мириските даноци и се инаетеле да бидат казнети со истрижување. Кога ќе се разрешуваат таквите попови и ако нивните места се доделат на други лица, никој од страна да не се меша и спротивставува... Секакви завети на зимиите околу овакафувањето на една третина од нивните оставнини, кои биле наменети за црквите, мнастирите, патријарсите, митрополитите и епископите да бидат уважени... Никој да не зема и употребува јавачки коњи и маски, како од митрополитот, така и од неговите придружници. На никому од припадниците на воените тајфи не му е дозволено да бара конак во куќата на митрополитот, да се почитува неговиот митрополитски стап и никому од мирмираните, санџак беговите, мутеселимите, мутевелиите, назирите... мајсторите, субашите и селските забити не им е дозволено да му се замеруваат, да го спречуваат и да му се спротивставуваат. Туку, на митрополитот да му биде овозможено сло-бодно и несметано да располага со митрополијата и со митрополитските ра-боти. Барајќи, митрополитот да располага со митрополијата, според условите дадени во неговиот берат, да ги врши сите верски обреди на православната раја, во неговата митрополија и преку своите овластени лица да ги прибира мириските даноци и другите вообичаени давачки, се наредува, кога ќе стигне... во овој поглед, да се постапи според оваа царска наредба. Бидејќи митрополијата била доделена врз основа на берат, каде биле означени сите услови, се бара митрополитот да ги врши сите обреди на христијанското население по селата и градовите во неговата митрополија и преку своите овластени лица да ги прибира сите мириски приходи и другите вообичаени даноци и да биде штитен од секакви неправди и угнетувања. Така да се знае и на славниотзнак да се потпрете.

Се напиша на ден 28 мухарем 1242 (2 септември 1826) година.

Во од бога заштитениот Константинопол

 Александар Матковски, Кануни и Фермани за Македонија, 

Мисла, Скопје 1990, ферман бр. 11, стр. 414-419;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.