Среда, 09 Јули 2014   
Ферман на Султанот Мухамед II (Август 1838 год.)

ЗА ПРИСИЛНАТА ИСЛАМИЗАЦИЈА И ЗУЛУМИТЕ НАД РАЈАТАВО РУМЕЛИСКИОТ ЕЈАЛЕТ       

sultan-muhamed-2„До мојот везир Ахмед Зекирја-паша и до славните меѓи кадиите и судиите... војводи, ајани, видни граѓани и сите службеници кога ќе стигне високиот царски знак нека се знае:

...денес видните граѓани и ајаните од поголемиот дел на местата во Румелискиот ејалет, не придржувајќи се до овој пожелен ред, рајата на тие места ја третираат како свои купени робови и ги употребуваат со сила и бесплатно за работа во своите чифлици и во други работи; ако некои од овие (од рајата, н.б.) сака да си оди од чифлигот каде што работи и сака да оди на друг чифлиг или на друга работа не го пуштаат; се мешаат бесправно во работите на женење, венчавање и во нивните верски обреди и други слични зулуми и неправди на кои се осмелувале, што сега е установено од страна на Моето величество. Јасно е дека во времето на моето блескаво владеење такви спротивни на божјата волја постапки било спрема некој од муслиманите или спрема некој од рајата, по никаков начин не можат да се толерираат, особено пак од пред малку време издадениот... и објавен царски кривичен законик, ако се чуе дека некој се осмелил на вакви, спротивни и несогласни со одредбите на спомнатиот закон, таквиот, бидејќи со тоа самиот си го повикал применувањето на неговите од-редби,  спрема него без одлагање ќе се изврши заслужената казна и, во таа смисла, советот на Високата Порта и советот на правосудството одобриле да се дадат строги наредби кому што треба. И освен ова, во некои места  се прикажува дека се случувало од девојките на рајата, тие што ќе им се бендисале, со лажен изговор „станува муслиманка” ги венчале со сила со кого сакале од муслиманите. Всушност со исклучок на што вистинската вера во бога се засолнуваат и влегуваат во блескавиот круг на исламизмот, венчавањето со сила со овој или со оној на тие што според законот не се убедиле и не се изјасниле за исламизмот, е нешто кое е спротивно на мојата царска волја. Поради тоа, како по овој однос, така и по прашањето за забранување на другите изложени зулуми, следувал мој царски указ и врз основа  на... издадениот хати-хумајун..., издадени се до сите високи маршали, уважени генерали и до другите каде што е потребно во Румелија, мои одделни свети заповеди што ги содржат изложените перпораки и за да не се товарат населението и сиромаштијата  со  трошоци околу мубаширските награди... И луѓето што ќе ги испраќаат (ферманите, н.б) маршалот, генералите, валиите и другите за да ја објавуваат од каза до каза, мојава света заповед, трошоците сами да ги поднесуваат и да се грижат по овој повод од народот и рајата ни аспра, ниту зрно да не се зема...

...Според тоа, кога високославниов мој ферман ќе стигне во местата што се наоѓаат под твоја управа да го објавиш и нашироко да им го објасниш на сите видни граѓани, на офицерите и на другите... за да вложат отсега натаму грижи за доверените ми од великиот бог бессилни и рајата, од никого да не се прават неправди и зулуми, а пак споменатата раја, ценејќи ги милоста и љубовта на Моето Величество што се изливаат кон неа, да се занимава чесно со своите работи и пе-чалби и да не пројавува положби што не одговараат на состојбата на рајата и со тоа, под сенката на Моето Владетелско величество да се осигураат условите за заштита и чување (на рајата) и за нејзиниот мир и спокојство. И вие, спомнати кадии, наиби и другите..., ра-ботејќи и постапувајќи по потребата (на ферманот, н.б.), сите сложно  да вложите совршено внимание и грижи што отсега натаму, ако се дознае, како што е горе изложено, за некакви насилства и зулуми извршени од страна на вакви видни граѓани и други спрема мирната и чесна раја, тие што ќе се осмелат на вакви непријатности, кои и да се, не само што ќе им се извршат итно строгите казни според кривичниот закон, туку таквите, нема сомневање, и на оној свет ќе паднат на одговорност и ќе бидат казнети...”

Турски  документи  за  македонската историја..., т.IV, стр. 114-115;

Д-р Иван Алексов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.