|
|
Ферман до наибот на Битола (7 март 1836 год.) |
ФЕРМАН ДО БИТОЛСКИОТ КАДИЈА, СО КОЈ СЕ НАРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАПЛАТУВААТ ТАКСИ ЗА ПОГРЕБ НА ХРИСТИЈАНИТЕ ...монахот по име Григориј испратил оверена претставка и го известил царскиот двор дека според доставеното писмо од рајата на градот Битола секогаш по смртта на некој христијанин наибот на оваа каза барал да бидат исплатени сите вообичаени давачки и такси и не дозволувал починатиот да биде закопан и така секогаш биле вознемирувани и оштетувани и затоа се обратиле да биде издаден ферман... По тој повод биле проверени прописите и регистрираните акти и податоци во дефтерите на царскиот диван и било установено дека порано така се практикувало и меѓу жителите на Софиската каза... Според стариот закон на судиите не им било допуштено да наплатуваат никаква такса за наплатување и затоа често пристигнувале поплаки и жалби. Бидејќи во повеќе румелиски кази било вообичаено барање на дозвола за погреби по тој повод се наплатувале високи такси, уште порано до судиите нарумелискиот ејалет биле испратени фермани и било наредено понатаму никому и заникого да не се наплатуваат такси за погреби никој на таков на-чин да не биде вознемируван и угнетуван. Бидејќи во истите книги било установено дека во оваа година бил издаден ферман за забрану-вање на споменатото, било решено да се постапи според изложеното... А. Матковски, Кануни и Фермани, за Македонија..., бр. 43, стр. 453; Д-р Иван Алексов |