Среда, 23 Јули 2014   
Големиот син на македонскиот народ, Методија Андоновски Ченто

ilinden903

Списание „Илинден 1903“, Гетеборг, Шведска 1976 година.

Најсаканиот водач и револуционер во Народноослободителната војна на македонскиот народ во Вардарска Македонија беше Ченто.Тој беше и остана во срцата на сите македонски патриоти.

Во нашиов прилог сакаме на нашите читатели, накусо  да им ја претставиме вистината за Ченто бидејќи денес, скопските слуги на секој  начин  се обидуваат  да  ја прикријат  вистината и да го претстават во   сосема поинаква  слика.                      

Најнапред ќе напоменеме дека по завршувањето на втората  светска војна, Ченто  стана претседател  на АСНОМ и  првиот  претседател на Македонската република која се роди во крвавата антифашистичка војна.

Целиот  свој  живот  тој  го посвети во борбата за правата на македонскиот народ. Тој   се  бореше  и   страдаше  заедно   со народот   и  како  таков, често  беше прогонуван и затворан уште во времето на бившата големосрпска Југославија.

Ченто беше  еден од организаторите на МАНАПО /Македонско  национално движење.

Под бугарска...окупација тој со пушка во раце излезе во  планина  да се бори  против новите национални поробувачи  на македонскиот  народ-Бугарите. 

И кога на Илинден ,1944 година во манастирот  "Св. Прохор Пчињски“ се одржа Првото заседание на АСНОМ, немаше по популарен и поавторитетен човек од него во  целата Вардарска Македонија,затоа на историското  Собрание  еднодушно го избраа  за претседател,  наспроти протестите  што ги  даваше против неговиот избор делегатот на Тито во Македонија, Светозар Вукмановиќ-Темпо.

Ченто  беше  избран  за претседател  на македонската национална држава која  се роди во крвавата антифашистичка војна. Македонскиот народ избра еден искрен патриот и чесен човек. Раѓањето на македонската национална државност е нераздвојно сврзано со неговата личност.

Тогаш цела Македонија знаеше  за својот  Ченто,во  неговото   лице македонскиот  народ гледаше нов Гоце Делчев, од друга  страна, во  цела Македонија тогаш немаше пајтон луѓе кои знаеја кој е србоманскиот слуга, Лазар Колишевски. Но не мина долго време  и  Ченто по   желбата на Белград и на Тито падна во  затвор а на негово место  на чело на Македонската република беше доведен  про србски ориентираниот Лазар Колишевски. 

Во  1945  година Ченто беше  затворен и осуден на 12 години затвор. Садистички измачуван  во Титовата зандана, Идризово, од тешката физичка работа во  затворот, тој  се  разболе и требеше  да умре во  затворот ,но неговите  џелати  се плашеа  да го остават  да умре во   затворот, бидејќи знаеја дека македонскиот народ  гледа борец   и  маченик во него и во неговите страдања за македонските правдини.

По  осумгодишно  робување го пуштија да умре на "слобода"  во  родниот  град Прилеп.

На денот  на неговиот  закоп, во Прилеп, беа доведени  неколку  стотини  удбаши,кои  го  сопреа народот  да дојде на гробиштата, за да се  опростат од својот сакан голем син и водач.    

 Во затворот,  Идризово на робија умреа и други  македонски  револуционери,  за кои  џелатите не се  осудуваа да ги пуштат надвор  да умрат ,како Павел Шатев и братот на Никола Карев, Георги Карев.  Павел Шатев беше единствениот  жив останат учесник во Солунските  атентати  од 1903  година, а во првата влада на Македонската република  беше  министер. Но и тој како и Ченто ја согледа вистината дека Македонија е измамена, дека македонската револуција е измамена од Тито и од Белград.

На Тито тогаш му требаа послушни луѓе, од типот  на Колишевски, Љупчо  Арсов, Михајло  Апостолски, Страхил  Гигов, Видое Смилевски  и  други, а не македонски политичари кои чесно служат на својот македонски  народ. Затоа чесни патриоти како Ченто, Павел Шатев,Георги Карев и  други  беа, физички, ликвидирани.

Ќе кажеме  дека овие патриоти  беа малкумина, но  доволно многу да им покажат на врховистите како  се бори  за слобода на Македонија

.... Ликот на Методија Андонов-Ченто  и  понатаму живее во  широките народни  маси, Македонија никогаш нема да му  заборави  и  покрај, тоа што  денес во СРМ режимот  го  брише неговото   име  од историјата на народноослободителната војна. Но  историјата може само да  се заташка за еден момент, но таа не ги заборава нејзините  големи  творци.

Ченто беше голем творец на македонската национална историја и  таа нема него да го заборави.

Во чест  на овој   голем револуционер на Македонија, Комитетот на ДООМ за Шведска го носи  неговото светло  име,  а истовремено Комитетот со тоа, својата борба  ја сврзува како продолжение на Народноослободителната војна, на чие чело стоеше бесмртниот Ченто,

Нека му "биде вечна слава на големиот македонски револуционер Медодија Андоновски  - Ченто.

Списание „Илинден 1903“, Гетеборг, Шведска 1976 година.

(од архивот на Томе Вељановски-Гетеборг)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.