Среда, 30 Јули 2014   
Битката кај „Слива“ е уште еден пример од борбите за време на Илинденското востание

Bitka kaj SlivaБитката кај „Слива“ е уште еден пример од борбите за време на Илинденското востание која восхитува со пожртвуваноста на македонските востаници. Оваа битка е дел од Илинденската епопеја за одбрана на Крушевската Република. Тоа е битка во која востаниците до последен човек ги бранат позициите за да му овозможат на населението да се извлече од градот. Тоа е пример за жртвите кои ги поднел македонскиот народ во борбата за создавање на самостојна и национална држава.

На 12 август 1903 година, 3.000-на османлиска војска настапувала од правец на Кичево – Пуста Река за напад на Крушево. Напредувањето на турската војска по секоја цена морало да биде запрено, се додека населението и другите востанички одреди од Крушево не се повлечеле безбедно во гората. Востаничкиот штаб сметал дека најпогодно место каде можело да се даде отпор подолго време е проодот „Слива“.

Најтешката задача ја имал одредот на војводите Ѓорги Стојанов и Диме Смугрев. Тие ја добиле задачата да ги бранат позициите на проодот „Слива", каде што се штитело повлекувањето на населението кон гората. Тие позиции се сметале за најважни за одбраната на Крушево. Тој одред имал задача да ја задржи турската војска се додека населението и останатите одреди не се повлечат од градот кон гората.

Позициите кај „Слива“ биле уредени со длабоко ископани ровови, но голем дел од востаниците биле голобради момчиња, кои никогаш претходно не ја искусиле борбата ниту пак држеле оружје во рака. Тие со неполни 16 – 17 години се приклучиле на доброволниот востанички одред со кој командувал Тодор Христов, а подоцна влегле во состав на одредот на Ѓорѓи Стојанов.  За да не го остави својот свршеник сам, на одредот им се приклучила и девојката Злата, облечена во брсјачка народна носија.

Стојанов и Смугрев биле свесни за положбата во која се наоѓаат и дека практично се жртвувани. Сепак, тие ја прифатиле наредбата и додека триилјадната војска ги напагала позициите на „Слива" во повеќе бранови, тие ги куражеле борците иако при секој напад се проредувале. Со песна и оган, со пцовка и клетва јунаците со часови ги задржувале Турците. За тоа време населението веќе се повлекло.

Иван Алабакот бил последен со одредот и тој го повикал Стојанов да го повлече својот одред. Една десетина од одредот се повлекла, меѓутоа, османската војска веќе била на самите позиции. Горги Стојанов со 40 востаници, меѓу кои и девојка во брсјачка народна носија, биле решени да ги бранат позициите до последниот куршум.

По пробивот на војската во рововите, преостанатите девет востаници, меѓу кои била и девојката Злата, се самоубиле. Турските офицери биле изненадени од херојската смрт на востаниците. Откако турската војска ги зазела позициите, командантот во знак на почит кон загинарите востаници наредил почесна стрелба.

Значењето на битката кај „Слива е огромно. Благодарение на жртвите на востаниците дадени кај месноста „Слива“, со што се успорило напредувањето на турската војска, од Крушево се повлекло населението и главнината на востаничките сили.  Битката кај „Слива“, според извршената задача и саможртвата на востаниците може да се спореди со битката кај „Мечкин Камен“

Во битката кај „Слива“ било заробено и едно од црешовите топчиња што денес се наоѓа во музејот во Истанбул.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.