Среда, 06 Август 2014   
Мирцштегски реформи

Илинденското востание и положбата што по него настанала во Македонија ја предизвикале реакцијата на големите сили особено на Австро-Унгарија и Русија како најзаинтересирани за балканските земји. Тргнувајќи од своите сопствени интереси да се запази целоста на Османската империја, а според тоа и развојот на ситуацијата во последнава да се стави под нивна контрола, двете сили, уште додека траеле востаничките акции во Македонија, пристапиле кон меѓусебно договарање за преземањето на заеднички иницијативи за подобрување на положбата во Македонија.

Во почетокот на септември Виена беше посетена од англискиот крал и од германскиот кајзер. На 17 септември 1903 година таму пристига и рускиот император, придружуван од својот министер за надворешни работи грофот Ламсдорф.

Започнати во Виена, советувањата меѓу двата императори и нивните министри продолжија во штаерското гратче Мирцштег, кадешто Франц Јозеф поседуваше ловечки дворец. Како резултат на разговорите меѓу владетелите на двете земји, цар Никола II и императорот Франц Јозеф, завршени во почетокот на октомври 1903 година, биле изработени во историјата познатите „Мирцштегски реформи“.

franc-josif-i-nikolaj

Суштината на овие реформи, базирани врз предлогот на англиската влада за реформи од 21.09.1903 година, била: при главниот инспектор Хилми-паша се поставуваат двајца цивилни агенти – еден од Австро-Унгарија и еден од Русија – надлежни за примена на реформата во македонските вилаети од страна на турската администрација. Покрај нив, за реорганизација на турската жандармерија во Македонија се именува еден странски генерал, под чија команда се аташираат определен број европски офицери. Исто така се предвидувало реформирање на администрацијата, судството, развивање на месната самоуправа итн.

По подолги одолговлекувања и саботажи, најпосле турската влада се согласила со предложените реформи, но однапред решена да го спречи нивното воведување. За командант на жандармеријата бил именуван италијанскиот генерал Де Џорџис. Од своја страна Македонија била поделена на пет сектори, во кои биле распоредени странски офицери. Скопскиот санџак им бил доделен на австриски офицери, Битолскиот вилает на италијански, Солунскиот на руски, Серскиот санџак на француски, Драмскиот на англиски.

Мирцштегските реформи не навлегле во суштината на ситуацијата во Македонија, затоа и не можеле да ги задоволат интересите на македонскиот народ. Поради тоа тие биле комплектно осудени од Внатрешната организација.

Меѓутоа, иако Организацијата оправдано ги осудувала овие реформи, сепак тие имале определени позитивни страни. Во прв ред овозможиле да се афирмира далеку поцелосно борбата на македонскиот народ за слобода во Европа и светот. Натаму, самото спроведување на Мирцштегските реформи барало ширење на нивната база и врз други области на животот. Така, тие го повлекле воведувањето на финансиски реформи при крајот на 1905 година. На нив натаму се опирале и други проекти за реформа во Македонија. Во тој поглед особено заслужува внимание проектот настанат како резултат на средбата меѓу англискиот и рускиот суверен во јуни 1908 година во Равел, познат како „Равелска средба“. Според проектите од „Равелската средба“, се предвидувало во Македонија да се воведе автономија. Но, Младотурската револуција го попречила воведувањето на овој проект во живот. При крајот на 1909 година престанала и целата реформна активност на европските сили во Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.