Среда, 13 Август 2014   
Беласичка битка

До 1014 година, византискиот император Василиј II секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото царство и напаѓал. Самоил сфатил дека не може со него да влезе во директен и отворен судир, посебно што веќе бил притиснат од сите страни, решил да му го спречи влегувањето со прецизно изградени ровови. Знаејќи дека византискиот владетел влегува низ клисурите Кимба Лонга и Клидион, тој ги обградил и ги затворил со кули.

Кога царот Василиј стигнал до тие клисури, војниците на Самоил храбро нападнале. При тоа Самоил решил да стави сè на коцка, и го испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун, со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците. Но, тука веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј, Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица, Самоиловиот војсководец. Вотанијат всушност, гонејќи ги Самоиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината Беласица, и ги изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб.

Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени. Самиот Самоил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот Гавраил Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во Прилепската тврдина.

Исходот бил погубен за македонските војски и за Самоиловото царство: голем број војници биле убиени, а останатите ослепени, со што била целосно поништена воената моќ на царството.

Самоил по овој пораз не можел да се опорави, и умрел истата година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.