Среда, 13 Август 2014   
Односот на големите империјални сили кон Илинденското востание

ilindensko-vostanie

Една од основните цели на Македонската револуционерна организација била преку вооружена борба да се дојде до ослободување на македонскиот народ. За таа цел Внатрешната организација низ долготраен процес го подготвувала македонскиот народ. Тоа бил процес во кој Организацијата преку подигање на идејната и политичката свест го подготвувала народот да биде подготвен за вооружено востание.Само со масовно сенародно учество на населението, Организацијата гледала фактор за успех на востанието. Само така, востанието можело да биде самостојно и независно од надворешните мешања, но истовремено тоа бил единствен начин да го привлече вниманието и симпатиите на меѓународното мислење во полза на македонскиот народ.

Ваквите цели на Организацијата не им одговарале на балканските држави кои имале посебни апетити кон Македонија. Тие повеќе сакале да остане истата состојба, отколку таа да се измени во полза на македонскиот народ. Затоа Бугарија се трудела со сите сили да предизвика предвремено востание, во кое неподготвениот народ не би имал никакви шанси за успех. Слична е состојбата и со големите империјални сили, кои се залагаат да остане непроменета состојбата на Балканот. 

Иако недоволно подготвено Илинденското востание во 1903 година со својата жестина ќе ги изненади сите. Тоа претставувало непријатно изненадување не само за Османлиската власт, туку за сите мали и големи држави кои имале свои интереси во Македонија и на Балканот. Востанието на Македонците кое се заканувало да го наруши воспоставениот баланс на Балканот, покрај Бугарите, Србите и Грците, посебно предизвикало загриженост кај Австро-Унгарија и Русија. Не помала загриженост покажале и други заинтересирани страни, како Англија, Франција, Германија и Италија, но тие се држеле на страна, очекувајќи ја иницијативата за смирување на состојбата во Македонија да потекне од двете најзаинтересирани големи сили, Русија и Австро-Унгарија.

Германија со цел да ги заштити своите интереси во Отоманската империја, внимателно ја следи реакцијата на двете големи империјални сили, како најзаинтересирани за балканските земји. Двете земји, тргнувајќи од сопствените интереси за да се запази целовитоста на турската држава и целосно да се врати состојбата под нејзина контрола, додека траеле востаничките акции во Македонија, пристапиле кон меѓусебни договарања за преземање на заеднички иницијативи за подобрување на положбата на населението во Македонија.  

Од белешки на германскиот државен канцелар Бернгард Фон Билов, од 20 септември 1903 година, кои се однесуваат на посетата на германскиот кајзер на Виена на 18 и 19 септември 1903 година и неговите средби со австро-унгарскиот цар Франц Јозеф, а исто така и на разговорите со грофот Голуховски, австро-унгарскиот министер за надворешни работи, можат да се видат кои биле ставовите по прашањето на Македонија. Во овие белешки на грофот фон Билов направени во Виена стои:

„За време на посетата на Неговото Величество Царот на Виенанајдов можност повторно и подробно да поразговарам за внатрешната и надворешната состојба во Хабзбуршката монархија со Неговото Величество царот Франц Јозеф, царскиот и кралски министер за надворешни работи (гроф Голуховски н.з.), и со двајцата премиери. За ситуацијата на Балканот грофот Голуховски ми рече дека би морале да се разликуваат термините „пожелно“ и „достапно“. Најпожелно би било да им се остави на Турците да владеат во Македонија онака како што сакаат. Потчинувањето на овој систем би довело до такви состојби во Македонија што ќе предизвикаат возбуда на јавното мислење во Русија и ќе ја принудат петроградската влада да дејствува заштитнички над населението. Се` додека руската политика е мирна, Австрија ќе мора така да ја организира својата политика за да може да учествува и руската влада. Тој, грофот Голуховски, се држи цврсто за две точки:

1. Да се направи се`што е можно за да се спречи избувнувањето на судирот помеѓу Бугарија и Турција;

2. Во случај на избувнувањето на судирот тој да се локализира.

Покрај другото, забележа Министерот дека нема да се впушта за автономијата на Македонија, тој веќе сигурно му рекол на грофот Ламсдорф (министер за надворешни работи на царска Русија н.з.), кога тој минатата зима престојувал во Виена. Наспроти тоа, финансиските и административните реформи во Македонија во рамките на австро-руските предлози се неопходни. За други реформи, што ги предлага Англија, моментот за спроведување би дошол подоцна.

Со голема решителност грофот се изјасни дека нема да се впушта во поделбата на Балканскиот Полуостров помеѓу Австро-Унгарија и Русија. Една ваква поделба од самиот почеток за Австро-Унгарија би била загуба, а освен тоа, таквата поделба без сомневање би значела почеток на австро-руска војна. Тој никогаш не би дозволил формирање на голема Србија или голема Црна Гора, како што не доаѓа предвид Цариград да и` припадне на Русија или кога помеѓу Јадран и Дунав би се формирала голема словенска држава, Австрија не ќе може повеќе да биде владеана. Центрифугалните словенски елементи би ја разделиле Австрија. Пред Австрија да дозволи една од овие евентуалности, таа побрзо ќе се реши да употреби меч. Прашањето на Дарданелите е европско прашање, тоа може да се реши само со заземање на сите сили. Грофот Голуховски постојано се враќаше на тоа дека ќе се труди колку што е можно да го задржи статус-квото, а источното прашање може подоцна да го реши на етапи. Неговиот иден идеал е очигледно турското владеење да го замени со автономна држава, и по можност голема Грција, голема Романија, голема Бугарија, слаба Србија, мала Црна Гора и на крајот да формира самостојна Албанија. Но, пред се` тој сака на секој начин што еможно подолго одржување на постојното. Не се изјаснува што би сторила Австро-Унгарија во случај Русија да ја нападне Турција. Но се изјасни дека нема да стори грешка и заедно со Русија да навлезе во Македонија, како на времето Австрија во Шлезвиг-Холштајн во 1864 година, како што нема да се впушта во ниеден кондоминиум.

Царот Франц Јозеф се изјасни за состојбата на Балканот и односите на Австрија со Русија и Италија на сличен начин како и неговиот министер, само со голема воздржаност...“ (Документи за борбата на македонскиот народ за самостојна и независна држава, том I, стр,415-416, док. 286; Die Grossr Politik., Вапd 118, Ѕ. 360 - 362.)

Како резултат на разговорите меѓу владетелите на Русија и Австро-Унгарија, цар Никола II и императорот Франц Јозеф, завршени во почетокот на октомври 1903 година во малото штаерско место Мирцштег, биле изработени во историјата познатите „Мирцштегски реформи“.

Со овие реформи, кои се темелеле врз предлогот на англиската влада, се предвидувало: при главниот инспектор Хилми-паша да се постават двајца цивилни агенти од кои еден од Австро-Унгарија и еден од Русија, а требало да бидат надлежни за примена на реформата во македонските вилаети од страна на турската администрација. Потоа реорганизација на турската жандармерија во Македонија, при што требало да се именува еден странски генерал, под чија команда ќе се аташирале определен број европски офицери. Исто така се предвидувало реформирање на администрацијата, судството, развивање на месната самоуправа итн. Иако турската влада се согласила на предложените реформи, таа однапред била решена да го саботира нивното воведување.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.