Среда, 13 Август 2014   
Поп Ставрева афера

pop-stavreva-afera

Битолската провала (позната и како Поп-Ставрева афера) од 1900 година е една од поголемите афери со кои се соочила Македонската револуционерна организација, а последиците од неа биле значителни, голем дел од истакнатите раководители биле уапсени и затворени, а тоа влијаело врз организациската дејност. Оваа провала била резултат на предавството на поп Ставре, кој одбивајќи да ги вложи во касата на Организацијата бараните 30 лири прилог, случајот го пријавил во полицијата. Ваквиот чин на предавство бил осуден од Организацијата, а поп Ставре набрзо бил погубен од Битолскиот комитет.

Поп Ставре бил Пелагониски егзархиски архиерејски заменик и спаѓал во групата егзархиски великодостојници кои имале непријателски став кон целите и дејствувањето на Македонската револуционерна организација.

Затоа можеби била грешка што во акцијата за собирање материјални прилози за Организацијата од побогатите битолски граѓани, била побарана парична сума и од овој егзархиски свештеник.

Непријателски настроен кон целите на ТМОРО и навреден од уценувачката постапка на Комитетот, поп Ставре лично ја известил вилаетската власт за комитската уцена. Се смета дека на тој гест бил осоколен од неговиот сват, Влавот Таки Чона, познат османски шпион, кој веројатно му ги понудил своите услуги за незабележано известување на власта.
Известувајќи ги властите за денот кога човекот од Окружниот комитет ќе дојде да му ја достави расписката за бараните пари, поп Ставре се скрил, како сомнението за предавството не би паднало врз него.

Со полициската операција раководел познатиот битолски главен полицаец Саид Ефенди со помош на Таки Чона. Во договореното време емисарот на Окружниот комитет, Трифун Иванов, пристигнал во куќата на Ставрета, но, како што наведовме, свештеникот бил некаде скриен.
Откако ја напуштил поп-Ставревата куќа, Трифун Иванов бил следен од агентите и полицијата.

Во текот на гонењето тој успеал да се ослободи од расписката, така што кога бил фатен кај него пронашле само кама. Дознавајќи за предавството, Окружниот комитет свикал вонредна седница на која поп Ставре бил осуден на смрт.

За извршување на пресудата биле определени: Трајко Петрев, Глигор Димев и Петар Георгиев. Во утринските часови, на 17 август 1900 година со револверски истрел, пред тремот на црквата Св. Богородица во Битола, бил убиен поп Ставре.

Всушност, на самиот чин на атентатот, поп Ставре бил само тешко ранет, а нешто подоцна подлегнал на раните. Чувствувајќи дека ослободувањето на Македонија не е негово, туку туѓо дело, зашто се косело со бугарската пропаганда во Македонија, поп Ставре како морални убијци ги посочил Даме Груев и Тодор Луканов (Михаил Герџиков).
Убиството на овој егзархиски свештеник повлекло серија апсења на припадници на ТМОРО. Така, веднаш по извршениот атентат започнале и апсења на сомнителни лица. До 21 август (стар стил) 1900 година во долапите на истражниот затвор се нашле околу 42 лица.

Меѓу првите бил уапсен Нале Павлев, анџија во Битола, по потекло од с. Смилево, братучед на Даме Груев. Во анот на Павлев нелегално престојувал цели 40 дена уапсениот Трифун Иванов.

На 18 август во Смилево бил уапсен Груев и доведен во Битолскиот истражен затвор. Во домот на уапсениот Пенџерков, властите пронашле 4 берданки. Меѓу уапсените се нашол и учителот Христо Иванов кој примал плата и од Егзархијата и од Српскиот конзулат во Битола. Плашејќи се од поголеми реакции, во тие пресудни денови, власта го ангажирала аскерот, да ги контролира битолските маала - Јени и Баир.

По извесно време, над половина од уапсените биле ослободени. Во февруари 1901 година пред Битолскиот суд биле изведени:

1. Трајко од Баир дека го убил во содејство на Глигор Димев, Перо Димев и Петар Георгиев, главниот свештеник на бугарската црква, попот Ставре, кој откажал да даде пари на Комитетот, откако за тоа и` јавил на власта;2.    Ристе Талев, Боше Нечов, Ристе Талев-анџија, Лазар Јовчев, Никола Стојков, Спиро Костов, браќата Петар и Ѓорѓи Попеви, Михаил Наумов, Ѓорѓи Најдов, учителите - Васил Димитров, Стефан Илиев и Дамјан Груев, - Трифун Иванов, Нале Павлев, Јанаки Штерјов, Ефрем Ризов и избеганиот Тодор Луканов (Герџиков), кои сочинувале еден револуционерен комитет кој имал за цел да го подигне населението во државата кон бунт и дека го казнувал со смрт секој оној што се спротивставувал. Како што наведува д-р Димитар Димески, споменатото обвинение било базирано на признанието на Гице (Глигор) Димев. Покрај тоа, од Серското командантство бил доставен фатен комитски устав и лист во кој бил споменат Даме Груев како член на Комитетот, кое го потврдил и Г. Димев во истражната постапка.

Панорама на Битола од КркардашСудскиот процес на обвинетите во врска со Попставревата провала се одржал во текот на месец март 1901 година во Битола. Во текот на судењето обвинетите се држеле достоинствено, ништо не признале и ги негирале сите признанија од истражната постапка. Дури и Трајко Петков кој пукал во поп Ставре и кој бил идентификуван од ранетиот, одрекувал било каква поврзаност со тој чин.

Од вкупно 22 обвинети, 12 биле осудени, од кои двајца во отсуство, а 10 лица биле ослободени од обвинението. Трајко Петрев бил осуден на смрт, а на доживотна робија Глигор Димев и Петар Димев, пет лица добиле казна робија на 10 години, двајца на 3 годишен и двајца на двегодишен затвор.
Она што посебно ги импресионирало сведоците на судењето и посебно на чинот на изрекувањето на пресудата, на кој присуствувале и австроунгарскиот и романскиот конзул, било достоинственото држење и високиот морал на осудените. Помеѓу осудените на десетгодишна робија бил и Даме Груев кој својот престој во битолскиот затвор, пред очите на корумпираните чувари, го искористил во засилена револуционерна дејност.

Тука, тој двапати се сретнал и со Гоце Делчев, кога овој одејќи за Костурско, минувал низ Битолско. Од затворот Груев ги држел сите конци на ТМОРО во Округот, а за тоа придонесла извонредната координација со Ѓорѓи Поп Христов, неговиот близок соработник и приврзаник кој без поговор ги извршувал поставените задачи. Така било до мај 1902 година, кога од затворот во Битола, Груев бил преместен во Подрум Кале.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.