Среда, 20 Август 2014   
Конгресите на ВМРО

I Конгрес

vmoro27 август 1894 година е датумот кога се одржува првиот конгрес на партијата во Ресен. Со работата на овојКонгресраководел претседателотна Централниот комитетд-р Христо Татарчев.

На конгресот присаствувале видни претставници на ВМРО меѓу кои: Даме Груев - секретар на Централниот комитет, Пере Тошев, Атанас Лозанчев, Ѓорѓи Пешков, Григор Попев, Александар Чукаров, Александар Хаџи Панов, Тодор Станков, Атанас Мурџев, Трајко Доровски, Никола Наумов и др.

На конгресот биле разгледани неколку прашања меѓу кои и прашањето за ширењето на Организацијата по реоните и задачите кои им претстојат и се веќе во тек, а исто така се донесени и неколку важни решенија.

Едно од решенијата што било денесено е поставување на учителски кадар од свои луѓе во општинските и егзархиските училишта како и преземање на управните одбори општински и училишни во свои раце со свои луѓе. Исто така се донело решение за зајакнување на месните комитети, како и снабдување со оружје. На самиот почеток Организацијата се финансирала само од членските влогови.

Друго многу важно решение на овој конгрес е решението за организациска поделба на три револуционерни окрузи во Македонија и тоа на Солунски, Битолски и Серски, како и формирање на нивно раководство. Солунскиот округ би требало да биде под главно раководство на централниот комитет. Со Битолскиот би требало да претседателува Пере Тошев. Во оваа година за Скопскиот револуционерен комитет бил избран окружен комитет со седиште во Штип, бидејќи окружната организација таму била најсилна. Таму, во учебната 1894-1895 дејствувале: Гоце Делчев, Дамјан Груев, Туше Делииванов, Петар Поп Арсов, Мише Развигоров, Христо Коцев, Емануел Чучков и др.

Покрај овие решенија на конгресот било донесено и решение за издавање на први револуционерни весници и тоа: „На оружје“, „Бунтовник“ и др.

Мрежата на Организацијата продолжила да се проширува во сите краеви на Македонија.

По конгресот Централниот комитет изработил и еден внатрешен правилник, според кој ќе се раководат месните револуционерни комитети. Задачата да го состави тој правилник му беше поставена на Хаџи Николов.

II Конгрес

Летото 1896 во Солун, се одржува вториот конгрес на Организација под раководство на Христо Татарчев.

Конгресот бил свикан за да се разрешат некои проблеми кои се јавиле во самата Организација.

За прв пат на овој конгрес учество зеле сите видни дејци на Организацијата: од Битола бил Пере Тошев, од Воден бил Кирил Прличев, од Одрин бил Христо Поп Коцев, а од Солун биле Даме Груев, д-р Христо Татарчев, Ѓорче Петров, Иван Хаџи Николов, д-р Антон Димитров, Гоце Делчев и Петар Поп Арсов.

На овој конгрес е донесена одлука за промена на името на организацијата во Тајна-Македонско Одринска Револуционерна Организација ( ТМОРО ). Со самото ова проширување на револуционерната дејност се случила и нова организациона поделба. Со решение биле формирани седум револуционерни окрузи: Солунски, Битолски, Штипски, Скопски, Струмички, Охридски и Серски. Прилепскиот и Цариградскиот комитет имале право директно да комуницираат со Централниот комитет.

Исто така, едно од поважните решенија е прекинување на контактите со проегзархистичката група и таа е известена дека во Организацијата може да се влугува само индивидуално и дека таа е отворена за сите што сакаат да влезат во неа, под услов да ги почитуваат и да ги прифатат нејзините правни акти и програмски цели. Врховниот комитет формиран во Софија во 1895 година дејствувал надвор од територијата на Македонија и било неизбежно преземање на репресивни мерки против него. На овој конгрес Гоце Делчев е определен за задграничен претставник на организацијата, а Ѓорче Петров за втор задграничен претставник со седиште во Софија.

Свој печат со грб и знаме имал Централниот комитет и тој им бил познат само на окружните и околински комитети. Другите требале да доставуваат месечни извештаи до Централниот комитет. Секој комитет имал тајна полиција за следење на активностите на непријателите.

Постојано почнале да се создаваат тајни вооружени сили.

Околинските комитети имале вооружени чети чии задачи биле определени со посебен правилник. Постоеле и казнени одредби кои се извршувале со одобрение на Централниот комитет.

Овие и други одредби биле внесени во правилникот на новиот Устав на Организацијата кој бил изработен во 1896 година од Гоце Делчев и Ѓорче Петров.

На овој конгрес отпочнува една нова фаза на развојот Организацијата во една масовна организација со организирана структура за цела територија на Македонија.

III Конгрес

Од 2-4 јануари ( стар сил ) 1903 во Солун се одржал третиот, солунски конгрес на ВМРО т.н. јануарски конгрес и со него претседателствувал Иван Гарванов.. На него присаствувале 17 делегати, а не биле пристигнати само претставниците од Штипскиот револуционерен округ и Тиквешката револуционерна околија. Иван Гарванов и секретарот на конгресот Димитар Мирчев биле први луѓе на поранешното спогодбено згаснато тајно бугарско револуционерно братство.На овој конгрес е потпишан Протокол за извршената работа и преземените решенија. Најважно прашање на овој конгрес било прашањето за кревање на востание. Против востание решително се изјаснил Серскиот делегате Л. Димитров, но на крајот и тој се присоединил кон заедничкото мнение. Скопскиот делегат Ганчев бил испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието, но сепак и тој на крајот потпишал затоа што сите други потпишале. На конгресот не присаствуваат творците на Организацијата. Даме Груев е во заточеништво, Христо Матов, д-р Татарчев и Пере Тошев се амнестирани и екстернирани во Бугарија, а во тоа време во Софија е и Гоце Делчев. Како најважен аргумент против кревање на востанието е користен недостигот на оружје, што било деменатирано од уверувањата на Гарванов дека наскоро ќе има прилив на оружје и дека при општо востание четите од Бугарија ќе префрлат доволно оружје.

После донесената одлука за кревање на востание на овој конгрес, окружните комитети биле задолжени да ги преземат основните мерки за забрзување на подготовките околу кревањето на востане.

Жаклина Петровска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.